Штитна жлезда и проблеми со неа

  • Креатор на темата NeMiRnA
  • Време на започнување
Член од
23 септември 2015
Мислења
723
Поени од реакции
388
Нагло дебелеење (како кај мене на пр.) е поради хипотиреозата, ти штом нагло слабееш сигурно имаш хипертиреоза !
Јас имав TSH >75.0 a FT4 10.0, антителата ATP-O 200 и нешто ... ми рекоа Хашимото Хипотиреоидизам и веќе цела година пијам еутирокс 50 мг на ден !
Колку години имаш?
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Има ли некој пробано,да пие јод?
Читав дека јодот помага за јазлите на тироидната!
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Има ли некој пробано,да пие јод?
Читав дека јодот помага за јазлите на тироидната!
Имам читано и јас. Ама треба да внимаваш на квалитетот, дозирањето, суплементирањето со него ... Не е едноставно за на своја рака.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Имам читано и јас. Ама треба да внимаваш на квалитетот, дозирањето, суплементирањето со него ... Не е едноставно за на своја рака.
Нарачав од Србија.
Вчера го направив тестот што го има на интернет,и покажа дека е во ред.
 
Член од
26 март 2018
Мислења
45
Поени од реакции
5
Ве молам,кажете ми вие што патите од хипотироидизам или било какво заболување на тироидата,бидејќи тироидата бара континуирани крвни анализи,пред се, на која лабораторија верувате,бидејќи моиве резултати ,да не беа трагични ќе беа смешни,поради тоталната различност помеѓу нив, од различни лаборатории.[DOUBLEPOST=1539096775][/DOUBLEPOST]
Jaс цел живот бев коска и кожа пишав и погоре во средно бев 48 кг потоа периодот од 18-30 год. бев 50-60 кг и потоа откако добив Хашимото-Хипотиреоза за само неколку месеци скокнав од 60ина на скоро 80 кг и толку веќе прекинав да се мерам на вага бидејќи ми е страв иако пијам еутирокс скоро година дена имам чувство дека и понатаму се поправам т.е. се дувам уште повеќе и веќе на вага не се качувам !
Ај тоа него воопшто не се чувствувам подобро со еутироксот пак сум утепан уморен и малаксан скоро секој ден исто, се поправам а јадам по една до две кришки леб на ден само, повеќе сум на салатки последно време, месо и такви ствари помалку и поретко јадам од претходно, кафињата ги редуцирав од 5-6 до максимум 2 на ден, цигарите во целост ги отфрлив, алкохол ниту пијам, ниту пак сум пиел, но џабе !
Порано пешачев по неколку километри на ден, исто така и често пати возев точак со километри, сум се искачувал и по висински места ридови и планини, не сум чувствувал скоро никаков замор, сега се уморувам одејќи и до најблиската продавница или автобуска станица, она чувство на брз замор, тешко дишење, брзо чукање на срцето, вртоглавица, заматен вид, брзо потење, тресење на рацете и нозете, гадење и нагон за повраќање и.т.н. и.т.н. докторите викаат ништо не ти е млад си на нервна база е се !
Сегашниве доктори,најлесно им е да речат дека е се на нервна база или пациентот психички попуштил! Матичната не ни забележа,морав јас да и посочам дека во резултатот од крвната слика ми се појавиле антитела АТПО дупло од дозволеното! А претходно сакаше да ме прати на психијатар кога се жалев на сите овие симптоми,замор,опаѓање на косата,цревни пореметувања,потење и тн.
 
Последно уредено:
Член од
29 октомври 2018
Мислења
1
Поени од реакции
0
Дали тироидните суплементи - лекови влијаат на либидото?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.618
Поени од реакции
34.807
Дали тироидните суплементи - лекови влијаат на либидото?
...факт е дека тие што имаат проблем со штитната жлезда (било машко, било женско) имаат проблеми со либидото т.е. сексуалниот нагон кој им е намален и тоа повеќе изразено кај тие со хипотироидизам отколку тие со хипертиреоидизам... е сега ќе се прашаме зошто, затоа што дисбалансот на тиреоидните хормони влијае меѓусебно во дисбаланс и на другите хормони во организмот со што тоа се манифестира со симптом намален сексуален нагон т.е.либидо!

и сега прашањето дали тироидни суплименти- лекови влијаат на либидото, одговорот би било и ДА! и НЕ!
ДА! би било одговор, дека влијае позитивно на враќање на нормално либидо т.е. сексуален нагон кога другите хормони одговорни исто така за таква ситуација се во референтна вредност и тоа кај жените estradiol, progesterone, testosterone, DHEA, FSH, LH, а кај мажите androstenedione, testosterone, dihydrotestosterone, estrone, progesterone, DHEA, FSH, и LH ,
НЕ! би било одговор, дека не влијаат тироидните суплименти врз либидото т.е. сексуалниот нагон додека истите хормони кај мажите и жените што ги спомнав се во дисбаланс односно се во недостаток!
од тука заклучок дека прво треба да се направат хормонско испитување на тие сексуални хормони и доколку се во ред и кај мажот и кај жените со примена на суплименти кои се за подобрување на функцијата на штитната жлезда т.е.средување на тироидни хормони кој во свој состав содржат и селениум, јод, цинк, магнезиум, фолна кис, железо, па дури и пробиотици итн велиме дека ќе ни помогнат позитивно во подобрување на либидото т.е. сексуалниот нагон! од тука и појавата да кај некои (било машко или женско) тие суплименти не ги чувствуваат дека нешто им се подобрува сексуалниот живот, додека кај другите ќе го чувствуваат тој бенефит многу силно! (y)
п.с.
тука не ја спомнав депресијата како еден од симптомите кои се појавуваат кај тие што имаат проблеми со штитната жлезда која и те како делува во негативен смисол на сексуалниот нагон кај жената и проблеми со ерекција кај мажите и тука исто треба да се делува во тој правец!
 
Член од
2 август 2011
Мислења
383
Поени од реакции
653
Правев испитувања и вака е ситуацијата:
TSH 8,22
FT4 12,6
Антитела TPO -1000.
Дијагноза Хашимото, но дали може освен штитната жлезда и други органи да ми нападнат антителата? Повеќе тоа ме загрижува.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.618
Поени од реакции
34.807
Правев испитувања и вака е ситуацијата:
TSH 8,22 FT4 12,6 Антитела TPO -1000.
Дијагноза Хашимото, но дали може освен штитната жлезда и други органи да ми нападнат антителата? Повеќе тоа ме загрижува.
...ниеден ендокринолог ОВДЕ и пошироко нема да каже дека е од друга причина покачена ТПО освен од тироидеата и тоа со само АнтиТПО над 20, 34, 120 IU/ml (во различни лаборатории) ти ја даваат етикетата на Хашимото!
...повисоко ниво на АнтиТПО (антитела на ензимот тироидната жлезда пероксидаза) од< 35 kIU/L... антитела се произведени од страна на Б-лимфоцитите, кога тие погрешно ја перцепираат како туѓи протеини и како резултат на тоа ова антитела почнува да влијаат на тироидните клетки за нивно уништување - бројот на клетките кои произведуваат хормони од штитната жлезда ќе се намали толку многу што тие не се доволни за да се обезбеди целосна функционалност на организмот и доаѓа до хипотироидизам, автоимуна болест на тироидната жлезда е една од најчестите автоимуни болести ,
...НО покачен ТПО укажува на присуство на автоимуни процеси во телото,а не да биде конкретно причината штитната жлезда како што се системски еритематозен лупус, витилиго, ревматоиден артритис, пернициозна анемија системски автоимуни vasculitis, дијабетес мелитус во инсулин-зависен (форма не беше првично поврзани со вклучување на тироидната функција),
...твоите резултати укажува дека си СЕУШТЕ во субклиничка состојба кога хормонот Т4 сеуште е во нормална граница (референтни вредности 11,5 - 22,7 ), а ТСХ е под 10 границата но сепак покачен ( референтни вредности 0,46 - 4,3).....кај пациенти со покачени TPO антитела, а со нормални тестови за функцијата на тироидната жлезда (TСХ и слободен тироксин) не e потребен третман, се додека не дојде до опаѓање на тироидните хормони нема потреба од лекување на болеста... затоа треба да се направи некои промени во исхрана, во внес на Селениум и Јод, но можеби веќе си под терапија со внесување на готов хормон, така да не можеш на своја рака да превземеш нешто!
 
На терапија сум и не чувствувам никокво подобрување на симптомите. Сите што имаат Хашимото, веројатно знаат дека ова е една многу чудна болест. Навидум, ништо посебно, си препишуваш се на карактерот, како нервозата или мрзливоста која е резултат на голем замор. Си мислиш дека едноставно си залежан, само ти треба мотивација и би бил активен но, не е така, телото сакал или не, ти откажува послушност. Единствен препознатлив симптом е испакнатоста во делот на вратот, тоа е веројатно и причината за посета на лекар. Искрено, не знам колку се ефикасни селенот и јодот, а некаде и прочитав дека без ралика на тоа што внесуваш или не внесуваш може да дојде до до повлекување на болеста но само кај околу 25% од болните. Па, секој со среќата.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.618
Поени од реакции
34.807
Искрено, не знам колку се ефикасни селенот и јодот, а некаде и прочитав дека без разлика на тоа што внесуваш или не внесуваш може да дојде до повлекување на болеста, но само кај околу 25% од болните. Па, секој со среќата.
... за да работа штитната жлезда треба да создаде еден хормон наречен Т4 (тетрајодтиронин - тироксин) со присуство во крвта 6 дена,
ај вака, да ја доловам важноста на Јодот и Селениум за работа на штитната жлезда, ќе пишам споредбено, АЈДЕ, да направиме Торта да бидеме среќни - (споредбено да создадеме хормон Т4)
треба да имаме најмалку 4 јајца (споредбено 4 молекули Јод внесено со храна, оти ние во телото не создаваме јод)
брашно (споредбено аминокиселина тирозин)
млеко (ензим пероксидаза)
и сето тоа ќе го измешаме
ќе го ставиме во рерна (споредбено селениум)
ќе вклучиме струја (спредбено ТСХ тиреостимулирачки хормон од хипофиза)
ајде да ја направиме тортата ( читај Т4) без 4 јајца ( читај Јод) ? дали може само од брашно и млеко да се направи торта без јајца и без рерна? - Не може!
за да се направи како треба тортата треба да имаме оптимална температура во рерна (читај ТСХ хормон), ако нема доволно „струја“ ќе ставиме појако...т.е. телото ќе лачи повеќе ТСХ да провоцира формирање на хормон Т4, ако е многу силна рерната за тортата треба да ја намалиме нели? (читај споредбено ТСХ хормон) се лачи помалку ТСХ хормон да не би се формирало повеќе Т4 поради хипер состојба!
значи за да имаме нормална функција на штитна жлезда треба да има оптимално количество на хормон Т4, за да има хормон Т4, треба да имаме 4 молекули јод + аминокиселина+ ензим= Т4,
ако нема Јод??? нема ни хормон Т4... ТСХ ќе се лачи повеќе да дава стимул да се формира Т4, ама ако нема ЈОД ? како ? нема Т4 ...нема Торта! :smirce:
...дали сега го разбра значењето на ЈОД и СЕЛЕНИУМ за да се синтетизира хормонот Т4 и да работи штитна жлезда? :)
 
Вака, не се разбирам многу во оваа работа и како функционира болеста, веројатно како доктор имаш повеќе познавање во оваа проблематика.
Од ова видео го добив податокот за тоа кај колку проценти од луѓето се лекува болеста без оглед на тоа што правиш или не правиш. (од 6 минута) .Исто така докторот, го посочи јодот како штетен суплемент а селениум како добар при ова зболување (ако воопшто може да се влијае некако, што донекаде е и контрадикторно)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom