Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата vmx
  • Време на започнување

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.551
Поени од реакции
931
Правев споредба и едно истражување и заклучив дека Неотел се поевтини со цените и за нешто подобри од Телеком.Еве ја за цената што плаќам за 50/50 Телеком оптика до дом,кај Неотел можам за 100/100.А и плус оптичкиот интернет им иде преку Телеком а и опремата си останува иста(Рутер,Кабли,итн...)освен Макс ТВ но со неотел добивате Андроид Смарт ТВ Бокс.Прашував и на нивниот сајт преку лајв чет и ми одговорија баш како што си мислев.Нека ми заврши договорот со Телеком за едно 2 години ке се сменам на Неотел.Телеком нешто во последно време забушаваат.Еве гледав на темава во постари постови и се уверив.
 
Член од
3 мај 2009
Мислења
155
Поени од реакции
57
Значи пред 5 месеци се префрлив од ВИП (blizoo порано) на Телеком. Поголемо ср**е немам видено од Телеком.. Сум бил и на Телекабел порано и потоа на близу кои преку коаксиален кабел ја носат целата конекција до модем/рутер и до телевизија и се стварно подобри од Телеком оптиката.. Прво разбирам дека динамичка адреса се менува на одреден период но не очекував да ми ја менуваат на секој пола саат до саат време... Значи на секои 30 мин јас по 1 минута немам интернет конекција (на ВИП еднаш месечно немав по 1 минута - не дека се нешто подобри ама после 10 пати викање да ми опраат конекција и да чепкаат сигнал го оправија и стварно немав проблем година и 10 месеци). Овие Телеком им се јавував во овие 5 месеци едно 100 пати и џабе доаѓаат. Дури и со телевизијата имам проблем - постојано ми сецка сликата ( моја претпоставка дека ИПТВ-то не им работи како што треба и имаат проблем со пристигнување на пакети). Кој се не дојде и се нешто друго е проблем.. Тоа рутерот да не зборувам што ми го дадоа - конекција само за 20 квадрати максимум да имаш.. И да не зборавам - која е таа политика неограничен интернет со фер политика на користење до 1000GB - па нека пишат ограничен до 1000ГБ.. Сеа баш читав дека има можност да го раскинам договорот дека стварно сум премногу разочаран.. И телеком не се тоа што беа.. едноставна катастрофа се.. Па еден ВИП што ги мислев тотални ѓубриња испаднаа 10 класи подобри од овие..
ПС. едино добра работа што имаат враќање на програми и архива што еднаш само го имам искористено...
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570

Ако си приклучен на бакарната телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, и уште бетер - ако живееш во куќа во некое село или приградска населба, тој сигнал не се оправа, биди 100% сигурен. Оддалеченоста од локалната телекомуникациска централа си го прави своето, надворешните услови исто така - влага, суша, студови, горештини - секогаш ќе влијаат на квалитетот на сигналот се` додека каблите се поставени воздушно, односно на бандери, а не подземно.

А ако живееш во станбена зграда, тогаш тие 100 пати во изминативе 5 месеци кога си се пожалил, најверојатно се погодило налогот кој го пуштиле за одржување на твојата телекомуникациска линија да заврши кај некој техничар на кого не си му приоритет, на крајот на краиштата, има и други корисници, или па можеби заглавил кај пријатели кои пријавиле проблеми со сигналот, па откако им ги решил проблемите, седнале да олеснат по некое шише ракија.

Не планирам да ги бранам Вип и Телекабел, но тие немаат ниту вработени со решенија за неограничен работен ангажман, ниту имаат синдикати да ги бранат нивните вработени, за разлика од Македонски Телеком, кој во основа одвнатре и понатаму е` социјалистичка компанија.

Се разбира, останува и можноста техничарот да направил нешто за да го реши проблемот, но применил погрешно решение, поради што проблемот останал нерешен. На пример, можеби ставил капаче на IPTV телевизијата - тоа во превод значи дека го ограничил Интернет сигналот до IPTV рисиверите за да остане Интернет сигналот до компјутерите стабилен, но сепак проблемот да не е во Интернет сигналот до IPTV рисиверите, туку во самиот телекомуникацискиот приклучок. Исто така можно е да има потреба од менување на рутерот, како и повеќе други фактори кои можат да придонесат за слаб квалитет на услугата.

А кога сме кај безжичниот мрежен сигнал од рутерот, слободно заборави дека таквиот безжичен сигнал постои, истото важи и за рутерите од останатите телекомуникациски оператори, безжичниот мрежен сигнал не им е баш некој фактор за квалитет. Решението за безжичниот мрежен сигнал секогаш е` да купиш втор рутер за таа намена.
 
Во населба лисиче живеам. така да претпоставувам тоа што го кажа со сигналот нема да се оправи. Ме чуди што е проблемот дека изгледа само јас имам проблем со Телеком во населбава.. многу луѓе кои прашав што имаат оптика во населбава немаат вакви проблеми.. Претпоставувам дека е до рутерот или до целата инсталација.. Па да за поголем домет си земав друг рутер. Исто што ме нервира е со премногу брзото менување на динамичката ИП адреса.. стварно не е ок..
А за синдикати дали имаат или немаат воопшто не ме засега затоа што сите знаеме колку нашите синдикати ги бранат правата на работниците..
Како и да е ако не ми го отстранат овој проблем во брзо време ќе ги сменам..
 
Член од
2 март 2017
Мислења
1.396
Поени од реакции
441
Jas imam internet na Telekom i sum prezadovolen mnogu e stabilen brzinata e 10mb vo sekunda
Edinstvena maana e sto e so fer koristenje do 1.000GB no sepak ne moze da se potrosat tie 1.000GB taka da e ok
 
Синдикатот на вработените во Македонски Телеком не е ни малку сличен на останатите синдикати, верувај ми.

На вработените со решенија за неограничен работен ангажман ни влакно не ги заболува доколку остават нешто незавршено или доколку некој се пожалил за нив, во најлош случај можат да им скратат од платите - и тоа само привремено - но не можат да ги отпуштат.

Можат да ги укинат нивните работни места, но мораат да ги задржат како вработени и да им плаќаат законски обврзувачка најниска месечна плата од 12.000 денари, но таквите вработени сведени на минимална плата, си имаат свои приватни бизниси надвор од работното место. А истовремено тука се и бенефициите - платен одмор, платено боледување, телефони по значително пониски цени наменети само за вработените, значително поевтини пакети за телекомуникациски услуги за вработените, додаток за школувањето на децата - во основа речиси се` што современата приватна компанија не им го исплаќа на своите вработени.

Како и да е, ако си корисник на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, тогаш проблемот е или во рутерот, или во оптичкиот приклучок, можно е да е оштетен оптичкиот кабел, особено во Лисиче каде што се претежно куќи и каблите одат преку воздушна инсталација, односно преку бандери. А ако си корисник на бакарната телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, ти ги спомнав можните причини за слабиот сигнал погоре во пост #11029.
 
Добро ова не го знаев за нивниот синдикат.. Али како и да е монтерите и тие што ги праќаат за поддршка се од друга приватна фирма која има договор со Телеком за монтирање и одржување на целата инсталација. Па кога ќе се сетам знам дека кога ми ја местеа инсталацијата ми кажа еден од дечките дека кабелот го преспојувал дека случајно го оштетил но дека убаво бил направен и дека ќе сум немал проблеми.. хммм ќе ги викам пак да ми пуштат нова инсталација..
 
Ти се погодило да дојдат од приватна компанија, кај нив пристигнал налогот, инаку има монтери и од Македонски Телеком кои прават инсталација. Но ако си корисник на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, вообичаено за инсталација налозите пристигнуваат кај некоја од приватните компании кои соработуваат со Македонски Телеком, односно со Ериксон, кој е задолжен за проширување и одржување на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.

Кај оптичките инсталации воопшто не се препорачува преспојување кај оптичкиот кабел, вообичаено се врши преспојување само кај приклучокот кај крајниот корисник и кај приклучокот кај ормарот со оптички разделници и кај сандачето со оптички разделник - кое го има само во станбените згради.
 
JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.411
Поени од реакции
2.753
Jas imam internet na Telekom i sum prezadovolen mnogu e stabilen brzinata e 10mb vo sekunda
Edinstvena maana e sto e so fer koristenje do 1.000GB no sepak ne moze da se potrosat tie 1.000GB taka da e ok
Море ако имаш 40-60+ Mbps да видиш и те како лесно се трошат тие 1024 GB. Како алва идат кај некои...
 
Член од
13 мај 2013
Мислења
57
Поени од реакции
0
Ми кажаа дека може да се префрлиш на оптика ако има твојата зграда со истата брзина од 12 мбпс за истата цена како и 3 макс пакетот на кој сум, само треба да го сменат рутерот. Дали е вистина ова и што добивам, дали е побрз интернетот или не, бидејќи сега иако велат дека е 12, никогаш не надминува 8-9 мбпс. Фала
 
Измешале баби и жаби, тоа е VDSL Интернет, а не оптички Интернет.

И да - за VDSL Интернет потребно е само менување на рутерот, така што ако живееш на повеќе од 1 километар од локалната телекомуникациска централа на Македонски Телеком, ќе имаш максимална брзина на симнување од 12 мегабита (1.5 мегабајти) во секунда.

Доколку живееш на помалку од 1 километар од локалната телекомуникациска централа на Македонски Телеком, ќе можеш да го користиш и технички пропишаниот максимум на VDSL Интернетот, а тоа е брзина на симнување од 50 мегабита (6.25 мегабајти) во секунда, но се разбира, за тоа ќе мораш да се префрлиш на поскап 3 Max пакет, односно на поскап Internet & TV пакет.

Во пракса истата брзина е изводлива и со оптичкиот Интернет, но сепак ќе мораат да пуштаат оптичко влакно до твојот дом, а тоа секако дека не им се исплати доколку планираш да продолжиш да користиш евтин пакет кој е достапен и преку бакарната телекомуникациска мрежа.
 
Член од
24 септември 2016
Мислења
503
Поени од реакции
693
Секако дека може, исто како и ADSL - ако под телефон мислиш на фиксна телефонија, се разбира.
Da, taka i mislev, samo fiksna telefonija i internet. No, bi sakal nekoj koj koristi VDSL tehnologija da ni pisuva kakvi vpecatoci ima vo vrska so istata!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom