Ваша поезија!

Член од
11 мај 2017
Мислења
56
Поени од реакции
19
ЧОКОЛАДА

Чоколадата е вистинско благо задоволство
кое се јаде без ограничување во било кое време
нема разлика дали е ден или ноќ,
но затоа внимавајте со јадење - не претерувајте
бидејќи можат запчињата да ни се расипат
со тоа здравјето да си го нарушиме,
тогаш самите сакаме – не сакаме
на чоколадата ќе и кажеме – чао до некоја следна прилика,
кога пак ќе се сладиме со неа
и уживаме во нејзините различни вкусови.

И не е најмалку важно дали е млечна или не е,
дали е со ореви,бадеми или лешници,
важно е дека е чоколада која се јаде одсекогаш
пренесувајќи се од генерации на генерации.

Slika za pesna ''Cokolada''.jpg [DOUBLEPOST=1494858366][/DOUBLEPOST]ПРЕГРАТКА

Прегратка е прекрасна ако е вистинска - не лажна,
едноставно ќе се препознае кога се спојат нашите души две
срцето чука најсилно што може,
во која двајцата трепериме - се тресеме од среќа,
очите од радост ни заиграат
‘ко ѕвездите на небо што најсилно светат и светат до крај
ни ги осветлуваат нашите лица додека стоиме во мракот,
кога се прегрнеме стоиме споени прашање е колку време,
не е ни важно,
важно е стоиме ‘ко стрелките на часовникот
споени точно на полноќ,
само ние двајцата сме споени и не мрдаме
за разлика од стрелките на часовникот,
бидејќи прекрасно ни е на нашите срца и души
одлично се чувстувуваме и се грееме од нашата прегратка
‘ко радијатори кога ја постигнат
највисоката точка на вриење
и не би се никогаш разделиле од нашата прегратка
сепак за жал мораме,
кога душата преполна со емоции не може ни збор да каже,
тоа е вистинска прегратка по која секој човек копнее
со нетрпение ја очекува,
на која постојано се надева и ја сака.

Ех,секој човек би копнеал
да има секој ден таква прегратка,
насекаде би ја тражел
само да е од вистински човек и пријател,
бидејќи нема ништо подобро
кога знаеш дека некого чекаш да дојде на твоите порти
за да силно му се фрлиш во неговата прегратка.

Slika za pesna ''Pregratka''.jpg
 
Последно уредено:
Член од
11 мај 2017
Мислења
56
Поени од реакции
19
РИНГИШПИЛ

Рингишпил е за деца и е супер се вртиш по цел ден
кога сакаш и колку сакаш без никаква мака,
никогаш не ти е досадно да се вртиш макар и во круг
тука нема паузи,редови и чекање,
таман кога помислиш да направиш пауза за миг
однекаде се слуша некој глас
како те довикува некој детски крик
– ајде да се вртиме заедно
да видиме кој повеќе ќе издржи и кругови ќе заврти,
така повторно се вртиме во круг дури ноќта не не фати
забораваме на времето и часот,
важно е да се вртиме до бесконечност,
но,кога настанува мракот и повеќе ништо не се види
за жал мора да го напуштиме нашиот рингишпил
да се поздравиме и разделиме,
секој да си тргне по својата патека до својот дом.

А,на него му велиме довидување
му закажуваме блиска средба во блиска иднина,
бидејќи нема да го заборавиме
му даваме чесен збор и ветуваме,
кога повторно на него ќе се вртиме до бесконечност.

Но рингишпил е и нашиот живот
се вртиме напред и назад низ сите препреки,
понекогаш знаеме да застанеме и тупкаме во место,
кога – тогаш се откачиме
и повторно почнеме да се вртиме на лево и десно,
не е важно напред или назад,
важно е сите се вртиме во круг
додека сме живи до бесконечност,
бидејќи му нема крај на тоа вртење
туку се само вртиме и продолжуваме да вртиме,
единствено кога заминеме од овој свет
тогаш нашето вртење престанува
и за жал на вртењето му доаѓа КРАЈ.

Slika za pesna ''Ringispil''.jpg [DOUBLEPOST=1494942612][/DOUBLEPOST]ГРОЗЈЕ

Грозјето е едно гранче со полно зрнца
не е важно дали се големи или мали,
го има во две бои – црно или бело
со семки или без семки
и секој човек по своја желба какво сака грозје
– такво нека јаде,
важно душата да си ја заслади.

Се бере во есен кога децата појдат на училиште,
од него се прави вкусно слатко,сок,но и ракија и вино.

Тогаш секоја куќа гроздобер има,
од рани зори го бере,
во берба човек може се да слушне
се кажуваат разни шеги,
околу пладне сите се враќаат дома
домаќинката ручек да им направи и даде,
потоа се прави кратка пауза за одмор,
приквечер пак се оди на берба
и до доцна во ноќта грозјето се бере.

Ноќта кога дома се вратиме
секој човек го зафаќа својот кревет,
бидејќи е уморен од гроздоберот
и утре повторно рано наутро го чека бербата.

Така се прави со денови и месеци,
се додека не дојде крајот на бербата,
потоа од него по негова желба и избор
кој што сака тоа нека прави.

Важно додека да дојде зима ќе се направи ракија и вино
што со било која салата оди,
но најважно е никогаш во пиење да не се претера,
бидејќи потоа главата може да не заболи.

Slika za pesna ''Grozje''.jpg
 
Последно уредено:
Член од
11 мај 2017
Мислења
56
Поени од реакции
19
ГРЕВ

Што е тоа ГРЕВ?

Грев е збор од 4 букви,
можеби е лесен за кажување и пишување,
но не е лесен кога се прави секој ден
свесно или несвесно врз еден ист млад човек,
не може секојпат тој да е виновен,
секој ден врз него да се вика
тој ни виновен - ни должен
не смее да се буни и крене глас,
кога го нема и никогаш го немал
во својата фамилија своето ЈАС.

Тоа е жално и болно кога трпи и гледа секој ден
дека над него се прават гревови довек,
но се надева еден ден се ќе си дојде на свое место,
бидејќи никој не го прашува
и секогаш за се е виновен тој еден ист млад човек.

Slika za pesna ''Grev''.jpg
[DOUBLEPOST=1495022361][/DOUBLEPOST]ЉУБОВ

Ах,кој ја измислил оваа љубов,
иако се состои од 5 букви и секоја буква е приказна за себе,
заради љубовта се радува и тагува,
фамилиите да си прават поделби
едното дете да го сакаат повеќе од другото,
така е за жал и со пријателите
ти велат во очите дека те сакаат и те лажат,
со тоа тие сами себеси се лажат
бидејќи засекогаш ќе изгубат вистински пријател,
затоа нема потреба од лажење
и не потребно да не се лажеме,
со тек на време секој човек сам ќе процени
кои се вистински,
а кои лажни пријатели?

Бидејќи тогаш се ќе исплива на површина
– вистината ќе се дознае,
тука ќе се види и покаже кој ти мислел добро,
кој само лошо ти правел?

Slika za pesna ''Ljubov''.jpg
 
Последно уредено:
Член од
11 мај 2017
Мислења
56
Поени од реакции
19
ДЕТСТВОТО

Детството е најубав период од животот,
бидејќи тоа безгрижно време не се враќа
каде им нема крај на детските лудории,
се прават смешки на детски начин,
трчаме по полјаните и ливадите
и береме разно цвеќе,
играме секакви игри,
се клацкаме на нашите клацкалици
и луламе на нашите лулашки,
ги боиме нашите боенки и
учиме нашите први букви,
ете затоа е најдобро да бидеш и останеш дете,
бидејќи немаш никакви грижи и
прекрасно се чувствуваш во детската кожа.[DOUBLEPOST=1495122224][/DOUBLEPOST]БУМЕРАНГ

Што е Среќа?

Среќата не се опишува - таа се покажува,
секој ден се докажува
за неа се зборува,кажува и прераскажува,
бидејќи секој човек што е среќен ќе биде и вечен.

Среќата се состои од 5 букви,
секој за себе е вреден и приказна е за себе,
најважно е среќата да те служи и прати
цел живот млад човеку тебе,
тогаш ќе ти бидат отворени сите порти
ќе си речеш во себе –
‘’конечно дошла среќата и кај мене’’,
бидејќи кога си ти среќен се е лесно ‘ко песна
ќе живееш долго и вечно,
во добро и лошо несебично меѓу себе ќе ја споделувате
и на тагата ќе заборавите,
во лошите моменти на среќата ќе помислите
тогаш тагата ќе ја замени среќата,
нема да има повеќе тажни лица
туку само засекогаш среќни и насмеани лица
кои седат до тебe.

И не се купува со никакви пари - ниту пак се продава,
бидејќи таа нема цена,
туку се дава секогаш од срце и љубов
спрема тој млад човек,
а за возврат не се бара ништо,
бидејќи најсреќен човек е секој човек
кој шири среќа насекаде и секој ден усреќува,
и секогаш ќе се среќни луѓето кои се покрај него довек.

Затоа шири и споделувај ја среќата насекаде,
нека таа биде‘ко заразна појава
секаде каде ТИ ќе се појавиш
носи ја секогаш со себе
несебично подарувај ја на сите луѓе околу тебе,
бидејќи кога си ти среќен сите околу тебе ќе бидат среќни
и сите како во бајките ќе живеете засекогаш долго и вечно.
 
Член од
11 мај 2017
Мислења
56
Поени од реакции
19
ЕХ,КОГА БИ БИЛО

Ех,кога би било се лесно ‘ко песна
сите би биле среќни и весели завек,
насекаде слога и мир да царува,
секогаш од срце љубовта се подарува.

Да има само среќни лица
и нема повеќе лица со тага и под маски,
каде секој човек од срце секого ќе сака без никаква мака,
туку љубовта секојдневно и несебично ќе ја дели
и споделува со секој човек
така сите луѓе ќе бидеме среќни довек.

И да нема љубомора
туку секој човек колку може на секого да помага,
ако не може да не отежнува,не го подгазува
и не се потсмева на неговата мака.

Бидејќи утре може и тој човек да го снајде мака
не се знае тогаш каде ќе тропне и на која врата,
таа мака кога дојде на негова или било чија друга врата
не прашува никого дали сака или не сака,
туку едноставно и без прашање влегува,
а тешко или воопшто не излегува.

Ех,кога би било ...

Slika za pesna ''Eh,koga bi bilo''.jpg [DOUBLEPOST=1495196216][/DOUBLEPOST]ЧЕКАЊЕ

Ах,оваа досадно чекање кој го измислил,
додека чекаш да биде со тоа од ден на ден
чекањево ти се зголемува и те убива во поим,
бидејќи за тебе не застанува времето и денот
туку си летаат за час
и така за се во животот каде и да си
треба да чекаш во ред
како кога чекаш да земеш карта во еден правец,
бидејќи исходот на крај никогаш не се знае
ти го немаш тоа време и ти се смачи од чекање,
прашање на време е дали желбата ќе ти се оствари
и тогаш чекањето нема да биде за џабе,
бидејќи сонот ти постанал јаве,
а сепак на крај времето ќе покаже
дали чекањево ќе биде со среќен или тажен крај?

Доколку чекаш и не ти се исполни сонот
тогаш разочарување ќе падне,
бидејќи за џабе ти било чекањево
и узалуд поминати непроспиени денови и ноќи.

Ах,кој го измислил веднаш да можам да го избришам
да нема повеќе во животот за ништо чекање,
на сите луѓе што чекаат за било што во животот
веднаш да им ги исполнам сите желби
со мојот магичен трик од моето магично стапче.

Тука засекогаш да се стави точка
и крај на било какво чекање,
така сите среќни луѓе ќе бидеме до крајот на животот
ќе живееме среќно,како во бајките.

Slika za pesna''Cekanje''.jpg
 
Член од
11 мај 2017
Мислења
56
Поени од реакции
19
БОЛКА

Болката се состои од 5 букви,
можеби е лесно за изговарање,
но секогаш кога ја изговорам кнедла во уста ми застане.

Бидејќи не може секој човек да сфати
дека еден млад човек e болен и ќе биде болен довек,
туку си поигруваат со неговите чувства и маки
нанесувајќи му секојдневно
свесно или несвесно НЕПРАВДИ над него,
но тој се памти кога – тогаш за се ќе им врати и наплати,
затоа ако можеме да помогнеме - да помогнеме,
ако не можеме - да не отежнуваме,
да не го бодеме со коментари каде што најмногу го боли.

Има ли потреба да му нанесуваме болка и рана на срце,
кој и така е повреден и разочаран од животот
потиштен и повлечен во себе,
подобро кажете му некој добар збор,
кој ќе биде мелем за срце и душа,
моментално можеби не засекогаш
ќе му ја за миг затвори неговата рана,
кога ќе прочита прекрасни коментари
напишани од прекрасни луѓе.

Тогаш ќе заборави дека е болен и ќе биде болен довек
барем за миг насмевка на лице ќе му се врати
ќе пушти солза радосница
и со најубави коментари од срце на сите прекрасни луѓе
за нивната несебична поддршка,
ќе им напише благодарница и ќе им се заблагодари.

Slika za pesna''Bolka''.jpg [DOUBLEPOST=1495280647][/DOUBLEPOST]ЅВЕЗДА

Ти си мојата ѕвезда водилка низ животот,
ме водиш насекаде и ми го осветлуваш патот,
секогаш заедно ја одиме нашата патека
на животот до самиот крај,
без разлика колку и да е тешка за нас самите,
која над мене бдее ден и ноќ
свети цела ноќ над мојот прозорец
се додека не изгрее првиот сончев зрак,
не дозволува никој да ме повреди
и е моја светлина во тунелот полн со мрак,
затоа ти си моја ѕвезда,
ќе бидеш засекогаш само моја,
бидејќи Јас ќе те чувам
и не те давам на никој друг.

Slika za pesna ''Zvezda''.jpg
 
Последно уредено:
Член од
11 мај 2017
Мислења
56
Поени од реакции
19
РОДЕНДЕН

Роденден е ден што сите со радост
и нетрпение го очекуваме,
така и јас утре мојот роденден ќе го прославувам
гости по цел ден дочекувам – најубаво да ги пречекам.

Тогаш за момент сите забораваме на тагата
среќни сме и радосни,
со богата трпеза и торта на еден крај,
за здравје ги дуваме на нашата торта свеќичките.

Со најубави желби за сите нас,
да живееме долго,вечно и сите да бидеме среќни
тортата ја сечеме,
пред сечење секој од нас си замислува желба
со надеж дека оваа година ќе ни се оствари,
со искри и жар во очите
за здравје во овој час сите ги дигаме чашите горе
и наздравуваме со чаша вино во еден глас,
за роденденецот да ни биде уште 100 години жив и здрав,
може да падне и по некоја смешка,шега - не е страшно,
бидејќи нема да го наруши
славењето на роденденецот сега
догодина пак на исто место да се видиме и радуваме,
до тогаш да си помагаме во добро и лошо,
да бидеме среќни како на тој ден
и споделуваме насмевки завек,
и така се пее роденденската песна која е многу лесна
од рани зори до доцна навечер,
на роденденецот ушите му ги теглиме.

Slika za pesna''Rodenen''.jpg [DOUBLEPOST=1495365575][/DOUBLEPOST]НЕ САКАМ

Не сакам кога гледам и се нервирам,
како никако не можам да помогнам
на еден млад болен човек,
затоа со сите мои сили ќе се потрудам
ако треба и од петни жили да разговарам со него,
од срце да го прегрнам и бакнам,
да му кажам во добро и лошо ме има мене
секогаш сум тука за него,
т.е.дека има покрај себе засекогаш вистински пријател.

Да нема војни и ратови - многу луѓе настрадани,
убиства и кражби кај и да се,
бидејќи не знам на кого можат да му служат,
зошто потоа некој во затвор да седи до крајот на животот.

Од ништо денес да не се плашиш
и од било кого да имаш СТРАВ,
затоа секогаш гласно и јасно кажи си го својот СТАВ.

Цел живот само над некого да не се прават НЕПРАВДИ,
бидејќи тоа не е во ред врз еден ист човек
да правите гревови довек,
некој човек секогаш се дига во облаци,
а некој човек се спушта на земја
од страна на било кого – и на фамилијата,
бидејќи никогаш не се знае утре кој ќе ти затреба,
затоа не можам да гледам
како своите родители ги делат своите деца
секогаш со понос и гордост го кажуваат пред другите луѓе.

Да нема луѓе кои се цел век служат со ЛАГА,
бидејќи не знам на кого може да му служи,
подобро кажи ја секогаш ВИСТИНАТА
и пријателски рака му подади,
не сакам луѓе под МАСКИ со кои се служат цел век,
но и МАСКИТЕ кога - тогаш ќе паднат
и не можат да ги користат завек,
ниту деца оставени на времето на заборавот
од страна на своите родители,
некои деца дури ги малтретираат
за нивната измачена душа која е приморана цел век
да се моли за парче леб,
да нема насилства врз кого и да се,
бидејќи тој човек е приморан и не смее да каже НЕ.

И било кој човек да не користи
било какви шприцови,игли и дроги,
бидејќи тој сам на себе си прави штета
и тоа до смртт го води.

Едноставно кажано –
Не сакам повеќе да се прават погоре напишани лоши дела,
туку секогаш само добри дела да се прават,
добрина и љубов секогаш од срце на секого да се дава,
бидејќи само по добрите дела –
добриот човек се препознава,
зарем не сум во право?
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.628
Поени од реакции
34.814


ПРИНЦЕЗА КУЧКА

Зашто имаш толку голем нос?
зашто? хм, за да мирисам подобро тоа што ти не го чувствуваш ,

Зашто имаш толку големи уши?
зошто? хм, за да чујам подобро тоа што ти не го гледаш ,

Зошто имаш толку долги нокти?
зошто? хм, за да го ископам тоа што ти ќе го скриеш ,

Зошто имаш толку големи очи?
зошто? хм, за да ми остане подобро круната на глава,

Зошто имаш толку оштри заби?
зошто? хм, за да го изедам подобро твоето срце…

Туууууу , па ти си била многу разгалена принцеза ?
зошто? хм, не би рекла…јас сум само кучка булдог !!!

 
Член од
11 мај 2017
Мислења
56
Поени од реакции
19
ВРЕМЕ

И оваа време се изопачило не знае ни самото какво е
можеби не е ни тоа виновно,
кога ние сме лоши од полоши
така сигурно и тоа постапува,
затоа им прави штети на луѓето
од материјални па до човечки,
бидејќи за жал се случува некогаш
и живот да се изгуби од временските неприлики,
од силно невреме се изливаат реките,
ги плави куќите и нивите тоа што со труд и мака
со години го стекнале и направиле се им уништи,
но такво е времето не прашува никого
наместо во лето да е топло – тоа само врне и грми
дури на моменти е приспивно те тера на спиење,
затоа нема повеќе ниту есен - ниту пролет
туку само лето и зима,
или ќе е ладно или топло трето нема и нема ни да има,
а човечкиот организам не може
толку бргу да се навикне на климатските промени,
затоа се појавуваат грипови,вируси,настинки,
различни алергии и што ли уште не,
тоа е баш поради времето и временските неприлики.

Затоа и јас во такво лудо време ја напишав оваа песна
каде од сите страни грми и се спрема да заврне
се стемнило ‘ко земја и небо да се составиле,
но такво е и ние луѓето не можеме ништо против него.[DOUBLEPOST=1495449768][/DOUBLEPOST]ТАГА

Тагата се состои од 4 букви,
но кој ја сака тагата и да ја гледа вечно
еден млад болен човек
во неговите тажни очи
дека не може да се справи со маката,
за да не биде повеќе тажен – туку засекогаш среќен,
затоа тој млад болен човек нема право на глас
ја нема во своите раце својата моќ и власт,
бидејќи фамилијата диригира со него
и тој за жал се наоѓа во нивните канџи.

Во неговиот тажен поглед кој не може да се сокрие,
колку и да сака тој млад болен човек
тагата ќе го прати довек,
тоа може секој човек да го види и препознае,
дека покрај себе има засекогаш
скршен тажен млад болен човек,
бидејќи тој не може да се преправа
и да сака да изигрува нешто што не е
со било какви маски на неговото лице,
бидејќи за својата тага и мака нема лек.

Никој не може да го сфати и разбере – некој и не сака,
зошто тој млад болен човек е тажен,
не сака да му помогне и излезе во пресрет
на него за неговата тага и мака,
за да никогаш не биде тој тажен,
туку засекогаш да биде ценет,почитуван и сакан,
така барем за миг тој ќе заборави на својата мака,
а се се може
па и на овој млад тажен човек да се помогне,
само ако се има силна волја,
кога се сака и ако се сака.

Slika za pesna ''Taga''.jpg
 
Член од
11 мај 2017
Мислења
56
Поени од реакции
19
СОН

Сон е некој необјаснив феномен,
кога легнеш и кога - тогаш заспиеш во тој чудесен свет
сонуваш како го поминуваш цел свет
на велосипед со саканата личност,
тоа за жал е само сон - може да биде и јаве,
само ако постои цврста желба и надеж.

Да нема војни низ целиот свет
туку само мир,слога,љубов и разбирање,
насекаде насмевки да делиме за да бидеме сите среќни,
на секого да помагаме - да нахраниме сечија уста
за да не биде гладна и талка по парче леб низ улиците,
да не сме љубоморни и едни на други да не си завидуваме.

Сонуваме како еден ден
ќе дојде на белиот коњ нашиот принц
скроен по наша мера ќе тропне на нашата врата
и ќе не праша:
овој час и миг го чекав долго и со години за да те прашам
‘’ме сакаш ли срце мое да бидам твој принц завек’’,
тогаш во тој момент нивните срца две
ќе се прегрнат и бакнат,
во нивна чест ќе чукаат камбаните
набргу ќе се венчаат во општина и црква
едни на други ќе си дадат заклетва
ставајќи ги бурмите на нивните раце
се заколнаа на вечна љубов и дека ќе се сакаат до гроба,
потоа славењето продолжува
во ресторан до раните утрински часови
во името на нивната љубов се родија прекрасни дечиња.

Така занесен си се успал
но за жал мора да станеш и да го прекинеш сонот,
со едно ветување дека навечер кога легнеш
ќе продолжиш со сонот таму каде си застанал,
или ќе почнеш нов сон да сониш
ќе се пуштиш во неговите магии,
како и да е нема да го заборавиш
и вечерва кога си легнеш во твојот кревет
повторно средба му закажуваш
на неговото височество – сонот
нежно перницата ја гушнеш
и ќе пуштиш тој – сонот да те води
низ неговите патешествиа.

Slika za pesna '' Son''.jpg [DOUBLEPOST=1495553134][/DOUBLEPOST]ПАРИ

Ах,пусти да се овие пари кој ги измислил,
без нив човек не може да постои и живее,
што секој ден човекот го мамите
не може да спои крај со крај,
да не зборуваме за месеци и години,
бидејќи кога имаш пари – имаш се
дури со пари можеш да купиш
нечие злобно срце и душа.

Без нив никаде не можеш да појдеш,
за добро и лошо ти велат и бараат – дај само пари,
бидејќи кога се тие во прашање
друго ништо не ги интересира.

Дури и кога е човекот болен
ако има пари како знае и умее ќе се крпи некако со лекови,
но ако нема - тогаш е ептем тешко,
бидејќи нема пари за пристоен живот
за лекови да нема ни збор.

Зошто баш се мора со нив да се купува и плати,
не знам дали има нешто без пари,
но знам сега ми текна,
на секој човек да му подаруваме насмевки
и топла прегратка да не чинат ниту 5 денари,
за неговите маки секогаш да го слушаме,
и со топол пријателски совет да го советуваме,
оваа секогаш и на секој човек да го правиме,
барем единствено оваа ни останува што е без пари,
можеме секогаш на секој човек
од срце и душа да го подаруваме.

Ех,пусти биле и останале Ваше Височество – парите.

Slika za pesna ''Pari''.jpg
 
Член од
11 мај 2017
Мислења
56
Поени од реакции
19
РАДОСТ

Што е тоа радост?

Радост е прекрасно чувство кое не се опишува,
туку се докажува и покажува,
но следнава е работа
– за жал овој млад болен човек
не знае како изгледа радост и да си радосен човек
за него радост е само збор и ништо повеќе,
единствено се радува кога е неговиот роденден
бидејќи тогаш е неговиот ден,
инаку вака цел век е завиен во болка,тага и мака,
гледајќи што прават околу него
и не можејќи сам да си помогне
затоа на тагата и нема крај - за радоста да нема ни збор,
бидејќи овој млад болен човек е тажен
и ќе биде тажен довек.

Slika za pesna '' Radost''.jpg [DOUBLEPOST=1495624593][/DOUBLEPOST]ПЕСНА ЗА ЖЕНА

Жена е како пеперутка со најубави,најшарени крилца
која лета на сите страни да дели само насмевки и радост,
и покрај тоа што нејзиното срце и душа е болно
и скршено од тага,
сепак таа е секогаш борец и се бори до крај
со сите препреки во животот,
и никогаш не се предава,
па колку и да е претежок секој удар,
таа се бори со последни човечки сили и напори,
ако треба и капки крв да паднат,
и секогаш на крај на секоја борба излегува како победник,
само затоа што е жена.

Slika za ''Pesna za Zena''.jpg
 
Член од
11 мај 2017
Мислења
56
Поени од реакции
19
ЛАГА

Лагата се состои од 4 букви,
зборот за изговор е лесен,но тежок ‘ко камен,
ако постојано се лаже еден млад болен човек
од никого - ниту од пријателите
не може да биде толку болно
како од најблиските кои го лажат довек.

Не знам на кого може да му служи лагата,
зошто секогаш кога го гледаме во 4 очи го лажеме
наместо вистината да му ја кажеме,
но тој млад болен човек
не паѓа на такви ефтини финти и лаги,
бидејќи знае кога - тогаш ќе дојде тој суден ден
вистината ќе излезе на виделина и самите ќе ја кажат
било кој пријателите или најблиските не е важно,
до тогаш самите себе си нека се лажат
бидејќи тие се вплеткуваат и заплеткуваат во нивните лаги
‘ко пајак што ја плете својата пајакова мрежа
каде за жал нема и не постои почеток и крај,
утре кога ќе им затреба помош од него,
тогаш тој нема да биде тука за нив за тие што го лажат
и мислат дека им поверувал во нивните лаги
цел век и додека е жив.

Во последно време не знам зошто
тешко е да најдеш човек кој е искрен,
кој никогаш нема да те лаже
и секогаш вистината во очи ќе ти ја каже.

Slika za pesna 'Laga''.jpg [DOUBLEPOST=1495723682][/DOUBLEPOST]ДЕТЕЛИНКА СО 4 ЛИСТА

Ех,каде да ја најдам таа чудесна,волшебна,магична
моја драга и ценета детелинка со 4 листа,
во која полјана да одам да те пронајдам и наберам
да ја поделам за среќа на сите луѓе од целиот свет,
со една и единствена желба:
да имаме секогаш едни спрема други
слога,љубов и разбирање,
секогаш среќа да ги служи и љубов на секој човек да делат
притоа воопшто да не се штедат,
нека ги спремат нивните две раце секого силно да прегрнат
да се спојат и бакнат од срце нивните уста две
и пријателски на секој човек
да му подарат детелинка со 4 листа,
aко на ист начин примат повратна прегратка и бакнеж
тоа е одличен доказ – декa имаат покрај себе
вистински пријател довек,
тука на среќата и нема крај,
тогаш во тој момент сите луѓе од целиот свет
ќе се фатат да заиграат заедничко оро
– кој како знае и умее,
засекогаш ќе си ветат самите на себе
дека одсега ќе се тука еден за друг во добро и лошо,
затоа е доказ детелинката со 4 листа
и повторно да се сретнат да не чекаат
да помине многу време за да се видат,
затоа си закажуваат средба во блиска иднина,
за крај за спомен сите пријатели се сликаат
да имаат слика со која ќе се сеќаваат
и секогаш со восхит
ќе зборуваат до некоја следна средба.

Оваа моја песна за детелинката со 4 листа,
лично ЈАС им ја посветувам на сите досега
– мои драги пријатели и на сите пријатели
кои понатаму во текот на животот ќе ги запознаам,
на сите Вас од срце ЈАС Ви подарувам
една детелинка со 4 листа,
со една и единствена надеж
дека нашето пријателство ќе трае завек,
дури иако се исуши детелинката со 4 листа
таа нема никогаш да изгуби од својот лик
ќе биде пак онаа старата детелинка со 4 листа
кога тогаш и на тој ден од срце Ви ја подарив
на сите Вас – драги мои пријатели.

Slika za pesna ''Detelinka so 4 lista''.jpg
 
Член од
11 мај 2017
Мислења
56
Поени од реакции
19
УБАВИНА

Секој човек си има своја убавина - не е ничија копија
туку лично негова и препознатлива
по која луѓето на улица или било каде го препознаваат
скроен по свој терк и крој,
но според мене најважна е внатрешната убавина,
тоа што внатре се крие
во срцето и мозокот што ти тие кажуваат.

Прекрасно е да имаш човек покрај себе
и секој ден ти вели – те сакам,
силно те земе во неговата прегратка,
секој ден ти го разубавува денот
со неговата појава и неговиот прекрасен глас
па и да е најгрд на светот
тоа не се мери со неговата внатрешна убавина
која отсекогаш те остава без здив и коментар,
кога ќе го погледнеш во неговите очи,
кои се прекрасни ‘ко море
во кое среќни пловиме самите ние
и на се забораваш едноставно погледот кажува се
дека сте створени ‘ко еден за друг.

Тогаш не е никаков проблем - времето нека застане
нека поминуваат денови и ноќи,
ништо нема да се смени
кога засекогаш имаш покрај себе човек
бидејќи тогаш се е лесно ‘ко песна
и не мора да зборуваме - со поглед се разбираме
доволно е еден кон друг да се погледнеме
бидејќи погледот открива се,
затоа насмејте се,
за крај секогаш прегратката е тука
и бакнежот како шлаг на торта.

Slika za pesna''Ubavina''.jpg [DOUBLEPOST=1495800651][/DOUBLEPOST]НЕ ЗНАМ

Не знам што ме чека денес - што утре?

Што е толку важно - дали си здрав или болен,
најважно е да си човек,
на кого му служат и требаат такви поделби
кој од тоа нешто добива,
кога може само засекогаш вистински пријател да загуби.

Зошто се мора да мислиме дека е црно
секогаш да гледаме од негативна страна,
кога може да биде и бело
понекогаш да погледнеме и од позитивна страна.

Се прашувам зошто се тргнало на лошо,
се прават кражби,
гледа кој кого може да превари,
луѓето користат секакви валкани работи,дроги
само за да дојдат макар и на валкан начин до пари,
што мислат дека со тоа ќе постигнат,
нели се свесни дека за тие дела
можат да лежат во затвор до крајот на нивниот живот.

Но,сигурно не се или не размислуваат така во тој момент,
дека утре може да ги снајде голема неволја и мака
за која никој не им е виновен - туку самите се виновни,
што ќе се каат за цел живот се додека се живи.

Затоа од мојот топол дом испраќам порака
– дајте луѓе сите да бидеме сплотени ‘ко едно
додека сме живи да си помагаме едни на други,
оставете ги лошите работи зад Вас и мислете на иднината,
бидејќи не се враќа што е поминато,
гледајте во иднина да не ги повторите
истите грешки од минатото,
извлечете поука дека само по добрите дела
– добриот човек се препознава,
затоа секогаш оставете свој личен печат
дека на некого кога му било најтешко сте му помогнале.

А,тој нема никогаш да заборави на Вашата помош,
затоа секогаш ќе Ви биде благодарен
и од срце ќе Ви се заблагодари.

Slika za pesna''Neznam''.jpg
 
Член од
11 мај 2017
Мислења
56
Поени од реакции
19
ЛЕКОВИ

Aх,кој ги измисли овие лекови,
секогаш кога отидеш на доктор
дали те прегледа – колку те прегледа,
важно е веднаш ти ги препише,
а лекови ‘ко лекови колку се здрави –
толку се и штетни,
наместо да се излечите Вие – драги мои пријатели
уште повеќе ќе се разболите со самото пиење на нив.

Затоа Mој совет до Вас – драги мои пријатели е:
кога ќе се разболите,
најдобро е тоа никогаш во животот да не Ви се случи
немојте никако веднаш да посегнувате по лекови
туку лечете се по природен пат со травки и чаеви
за да не си го нарушите уште повеќе Вашето здравје.

Оваа Ви го кажувам лично ЈАС од мое искуство,
што како паталец во животот
си го нарушив здравјето од земање на нив.

Slika za pesna ''Lekovi''.jpg [DOUBLEPOST=1495880814][/DOUBLEPOST]ЕХ,КОЛКУ Е УБАВО ДА СИ ДЕТЕ

Ех,колку е убаво да си дете
кога немаш никакви проблеми и маки,
туку само безгрижни игри
се дружиш со децата од твоето маало,
се натпреваруваш и трчаш со нив,
играш криенка,жмурка,ластик,
едноставно се забавуваш на тој прекрасен детски начин,
пееш и учиш детски песнички,
и така на детството му нема крај.

Затоа е најдобро и покрај се
без разлика колку години имаме,
да го задржиме детето во нас самите,
бидејќи нема поубаво нешто од детската насмевка
и кога ќе те погледнат тие прекрасни детски очиња.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.628
Поени од реакции
34.814


ЦРВЕНО ИЗГРЕЈСОНЦЕ

Еј , ај да те обојам одбери боја ,
да ти помогнам,
потемните се ладни,
топлите се светли,
одбери која?
Бела?
мислиш крем , млечна ,
хм , баш бела ,
како снег на Северен Пол
како платното која Биљана го белеше ?

Може жолта?
како поле со сончогледи,
како погачава тркалезна,
како мојот календар
денови што брои?
Велиш само бела?
како лицето на Снежето со пет плус две џуџиња,
како фустанот на Пепелашка на минут до дванаесет,
како капата на Калимеро
неправди што брои?

И Би бела боја ,
како кралица на сите бои и нијанси,
како облак околу изгрејсонце,
кој убав ден ветуваше,
среќа и спокој во душа ?
Од никаде створен ,
неочекуван ветар дувна,
спокој во немир се претвори,
облакот бел црвено сонце го стори,
силно светна ден !!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom