Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.297
Поени од реакции
78.968
фани е, затоа се насмејани скоро сите на сликана

Иначе свака му част на Боки, али на овие треба да им се земе детено
 
B

Blade Torch

Гостин
Олку слободен не сум бил од летото пред прва факс :ROFLMAO:
Убаво ми е!

Сега сакам дедо мраз да ми го донесе првиот снег предновогодишно и да си го репризирам The Fountain традиционално како и на секој прв снег секоја година. И додека снежи да го исслушам во шетња OST на филмот. Однапред фала
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Тоа е кога на некој ќе му дадеш прст и после ќе ти бара цела рака.

Боки се декларираше како кум и како таков си зема одговорност. Сеедно е дали од желба да се себепромовира или да испадне херој и тој си направи проблем. Го замаскира и проблемот со Лука и треба да си сноси одговорност. Оние малкумина кои ги познаваат реагираа, дека родителите не се тоа што се претставуваат пред медиумите и дека платените сметки и обезбеден топол дом на одреден период не е решението, а тој и многу други употребуваа навредливи зборови кон сите што сакаа да им ги отворат очите и да ја дознаат вистината за овие родители.

Не е решение финансиски да помогнеш на некој на кој му е потребна стручна помош. ;) Каква лоша проценка...
Сега Боки си споделува статуси за Мелита, детето болно од една болница во друга, а останатите кои прво ги сожалуваа и не сакаа да го мешаат минатото и состојбата на мајката и таткото, сега ги напаѓаат и бараат помош од надлежни.
Сериозно треба да се испита минатото на оние мајки кои претходно имаат малтретирано и напуштено дете и бараат помош за второто.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Живеам во маало каде што двајца од моја генерација се имаат испукано во глава, а трет се фрли од трет спрт во двор. Така да тоа што сеуште сум жив е статистички многу добро. Затоа го славам животот bitch am the man, Малку тажно не многу :icon_lol:.

 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Драга Кајгана,
Што е ова што сите ја колнат и бркаат 2016-та година?:confused: За мене 2016-та година можеби беше и најдобрата година во мојот живот. Се што имав замислено се ми се оствари:love:
 
D

Daedalus

Гостин
Аман со тоа, „леле не 2016, кобна година, со солзи во очите чекам да си замине, те молам 2016-та, не одземај ми ги најдрагите!“
Реално, повеќето тука, кур ве болел за Боуви, Мајкл, Леми или кој и да е. Замислете, во 2016-ата кобна проклета година, во просек, секоја секунда умираат двајца-тројца. Ама не само 2016-та, туку секоја година. Е сеа, некои од тие коишто умираат, успеале да се прослават со некој талент ко пеење, глума или што и да е. Не знам дали стварно искрено сакате да си иде 2016-та и се надевате дека 2017-та и понатаму, никој нема да умира од познативе, или го пишувате тоа пошто е тренди сите да го тупите со „клетата 2016-та“. И во двата случаја, поривите ви се мизерни.

Прво, 2016-та, не е поклета од другите години. Да се вратиме една година назад...
Познати личности кои умреле 2015-та: Спок, Б.Б. Кинг, Омар Шариф, Кристофер Ли, Бен Е. Кинг, Тери Пречет и ред други...
И ако идете уште поназад, ќе видите некој константен статистички тренд на пропорција од познати луѓе кои умираат секоја година наспроти непознати, што е нормално.
Ајде што оваа година не отскокнува во бројот на познати луѓе кои умираат, ова ќе е клише, али дали искрено ја сметате 2016-та за проклета година пошто умреле неколку познати ѕвезди што цел живот живееле у мед и млеко, а умираат луѓе поради секакви причини од кои некои умираат многу гадно, во многу лоши услови поради сосема нефер причини?
Ок е некој да си испоштува познат лик којшто умрел и му значел, неам ништо против тоа и да постира песни од него, ама не го дрвете со клетата 2016 година, нема ништо клето у 2016 година.
Ќе почнам и ја со тоа, „гладните деца у Африка“, ама така е. Има пун курац војни, експлоатација, убивање и мачење на луѓе насекаде у светот, не ми е јасно како некој може да се фокусира на клетоста на 2016 само поради тоа што умреле неколку познати ѕвезди...
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Драга,

Секој ден умираме, нели, и ништо ново. И преживуваме, и тоа не е ништо ново. Слушам Колдплеј на работа, онака најскроз емпатично. И симпатично. Си купив парфем и по четири прскања, сфатив дека е преблаг. Проблеми. Не ми се слави никаде Нова Година. Ниту пак мислам дека 2016 треба драматично да ја испраќам. Да, ми беше една од потешките години во животов, но ќе си чекам и уште подобри и не толку добри. Си заминувам од работава од петок, јануари нови предизвици и нови тегоби.
Тој добил на подарок Нутрибулет. Уште да имаме бебе и се’ ќе е топтан. Вечер договорив таљатели со лосос и лук, филм и тишина. Го нахранив маалскиот пес, а тој за возврат ми ги искина хулахопките. Се’ е магично и неправедно, нели?

Мислев да се тетовирам, ама ај ќе оставам за во 2017. Се’ повеќе гледам луѓе со дијагнози и удобност во лудилото кое си го создаваат. Ги интересира нормално, се’ што лесно се вари и плука. Жалам, но во екстремни случаеви имам размислувано на монаштво и целосно предавање на себеси во аскетизам. Освен плантажа со лимони, лаванда и бадеми, може да размислуваме и за напуштање на некрополисот и љубење со природата. Ама кого заебавам, кога без тротоари не можам да живеам. И статусквото е како точаче за возење.
Фактот е дека живеам во меѓупросторие, во меѓуформа, дека никогаш не сум најдобра, а никогаш не сум ни најлоша, дека сум и дете и возрасен, дека сум медиум. Медеа-ум.

Меѓу Виена и Истанбул, си стојам и размислувам. Еднава кочан ладна и фригидна, овој лажлив, топол, неспокоен. Како разгледници низ животот ќе си ги носам патувањава и сите прекрасности поминати за тие денови. Декември за мене беше пресврт на многу нивоа. Важно ми е да имам свој расадник и култура што ќе си ја одгледувам.
Индиецот ми вика - не треба да имаш копнежи, имај само соништа и верба. Првпат да сретнам човек кој нема поим од спиритуализам нит го занимаат чакри, божества и чампи. Туку, си пишува за животот, носи златен ланец, најсмешен на свет е и патувал со коза.

Прекраен е овој свет. Во кој плачеме за смрттна на остарените идоли, а деца умираат во урнатини.

М.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.736
Поени од реакции
24.388
Овие двајца над мене ми ги прочитале мислите од синоќа и ги претвориле во постови. <3
 

Kajgana Shop

На врв Bottom