Вонредна состојба: Поплави во Скопје-Тетово

раднаскела

Wubba lubba dub duuuub
Член од
7 февруари 2011
Мислења
1.678
Поени од реакции
1.990
Ситуацијата во Истибања, Виничко е ептен алармантна, брановите од Брегалница се се' поголеми. Најверојатно до после ќе се евакуираат луѓето кои живеат блиску до реката. Ни баба ми ни дедо ми не паметат нешто слично. ХАОС.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.053
Поени од реакции
6.658
во вкви моменти НЕ СЕ ПЛУКА и ФРЛА клетви,туку се излегува на терен и СЕ ПОМАГА,ако не сме во можност сега,се помага после катастрофата...........нит ќе научиме,нит ќе не биде НАРОД
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
во вкви моменти НЕ СЕ ПЛУКА и ФРЛА клетви,туку се излегува на терен и СЕ ПОМАГА,ако не сме во можност сега,се помага после катастрофата...........нит ќе научиме,нит ќе не биде НАРОД
Да, ама во никој случај не треба да се ќути и да не се критикува што воопшто дошло до катастрофа до која не би се дошло ако се работело како што треба.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Како да не се сере, кога поплавиве се дешаваат зашто општинските власти не ги имаат завршено своите работи? Се надевам дека ќе нема срања големи, зашто како што сме за никаде како држава, тешко да се оправи ситуацијата после.
 
M

Mario Gómez

Гостин
во вкви моменти НЕ СЕ ПЛУКА и ФРЛА клетви,туку се излегува на терен и СЕ ПОМАГА,ако не сме во можност сега,се помага после катастрофата...........нит ќе научиме,нит ќе не биде НАРОД
Нека излезат прво спомениците на терен а не да дремат цел ден на исто место тогаш и ние ќе излеземе. Па ебаго 400.000 администрација има, да се мобилизира може Солун да го освои а не пак вреќи да става, нека прават нешто корисно а не само спонтано да излагаат на протести. Нишај врата, полни вреќи и земај плата. Поубаво звучи.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Но сикирики, се е под контрола



Извештај од ДЗС со многу печатни грешки, адреналин јебига :D
ПОЗС Кочани: – Нивото на реките се зголемени и е поплавено е земјоделско земјиште, а додека дотокот на вода во браната Калиманци е 150м3 а испустот на вода е 50м3 со што е започнато излевање на браната Калиманци.Цело кочанско поле е поплавено, а исто така има можност и излевање на река Брегалница кај село Чифлик. Прекин е патот Облешево - с.Герaнци и е обезбедуван од полиција

ПОЗС Струга:- Поплаки од страна на населението бидејќи имаат проблем со канализационата мрежа. Исто така има свлечиште на две куќи во Октиси во с.Мороиште и с. Мислешево, лок самоуправа реагира но водата потовно се врати.

ПОЗС Делчево:- Зголемено е нивото на реките Брегалница и Габровчица и се имаат излиени на неколку места како и во централното градско подрачје каде се поставени вреќи во и исто и во индустрискиот дел од градот има излевање. Исто така загрозени се и фарма и млекара. Мостот помеѓу Разловци и Тработивиште е поткопан и е забрането движење по мостот. Новиот мост на излезот од градот Делчево во индустрискиот дел е поткопан и исто така е забранет за движење на моторни возила.Ситуацујата се следи и постепено се нормализира.Нивото на река Брегалница незначително се намалува.

ПОЗС Гостивар:- Од 31.01.2015 има прекин на електрична енергија долж реканскиот крај. На ден 01.02.2015г. има излевање на река Вардар во централното градско подрачје. Нова состојба е река Бајешница се излеала во населба Бајешница во моментот се работи со градежна механизација ангажирана од општината, ако не успеат да се справат ќе се поставуваат вреќи.

ПОЗС Битола:- Поплавени се селата Долно Оризари, Логоварди, Кравари, Карамани, Ношпал, Васарејца и во прекин е локалниот пат Тополчани – Ношпал ситуацијата е аларматна во моментот во долните текови на река Драгор почнуваат да се излеваат водите од оваа река. Општина Могила вклучена е и АРМ . Општина Новаци е однесен голем војнички булдожер. Околу 3000ха се поплавени во реонот на општина Новаци. Во моментот котата на река Црна е 485. Од село Топлчани до предградијето на Битола се е поплавено ДЗС реагира со два багери а додека од страна на Општина Битола е активирана целокупната механизација.

ПОЗС Струмица:- Пукнат е насипот на река Струмица и е поплавена помала земјоделска површина. Брана Турија и Брана Водача се зголемени нивото на водата и се отрворени вентилите за испустанје на вода. Со добиените нови информации водата се повлекува нема нови поплавувања освен земјоделско земјиште.

ПОЗС Охрид:- Пумпната станица во Даљан не е во функција од преголемо количество на вода. Поплавени се куќи на ул. Стив Наумов и ул. Железничка а исто така во близина хотел Парк има поплавено ниви.

ПОЗС Пробиштип:- Направениот насип на мостот и поврзаниот пат со село Ратавица и кон селата Драч и Бунеш е во критична состојба а исто така и мостот кои ги поврзува овие села е доста оштетен. Регионалниот пар од село Ратавица до Киселица левата лента не е во функција поради слечиште на земја.

ПОЗС Штип:- Ситуацијата е повторена од прошлиот пат со што е најавена можна мобилизација а исто така побарано е и вклучување на АРМ .Браната Калиманци преку преливникот се излеваат 26,6 м3 вода во секунда а од темелниот испуст и работа на централата 59м3 во сек вкупно 85,6 м3/сек.

ПОЗС Свети Николе:- Вештачката акумулација Мавровица 3 се одржува на критичното ниво. Во моментот се испуштаат 3м3 вода во минута за да се на мали водостојот на вештачката акумулација.

ПОЗС Кичево:- Прекин е елктричната енергија во градот и во реонот бидејќи се паднати далноводите кои носат струја од Битола и од Гостивар.

ПОЗС Македонски Брод:- Во Македонски Брод има електрична енергија а додека во селата нема истата е и ситуацијата во општина Пласница.

ПОЗС Куманово:- Излевање на Крива Река во село Јачинце се извидува теренот. По изводување на теренот ситуацијата еследна 20 куќи поплавени во с. Јачинце и 4 куќи во Довезенце до 15:00 никој не побарал помош.

ПОЗС Ресен:- Излеана е река Сопотница во с. Сопотница, голема Река можност за излевање и половина регион нема електрична енергија од 31.01.2015г. (18:00). Новата состојба е следна поплави во с. ДолнаБела Црква почеток на поплави во Езерени, Царев Двор Дрмени и Покрвеник. Огромна поплавена земјоделска површина. Дефект на електричната енергија каде 80 проценти од селата во Ресен немаат струја.

ПОЗС Кавадарци:- Во с. Глишич излеана е р.Луда Мара и е поплавено земјоделско земјиште.

ПОЗС Крушево:- Може да дојде до проблем во Прилепско преку суво делниците и Крушевска река поради топење на снегот во Крушевско.

ПОЗС Прилеп:- Река Црна во моментот прелива во с Тројксрти и Тополчани и е поплавена обработлива почва а исто така каналот Блато прелива од страна на општината вклучени се 20 луѓе плус 2 од ДЗС.

ПОЗС Виница:- Реките Брегалница и Осојница се излеани и има поплавено земјоделски површини. На две делници од магистралниот пат Виница – Берово има поткоп на асфалт. Мостот на 13 км кај рибникот има оштетување.Се бара макаедонија пат да постави соодветна сигнализација. Во с. Исти бања се поставени вреки со песок за заштита на школото и др. објекти .


Велес


Прилеп


Мислешево, Мороишта и Калишта кај Струга

Охрид и околината
Screenshot_3.png
Драгоро во Битола (via Ziko Bt од темата за Битола)

Брегалница во Делчево

Струмичко Поле

А ќе имаме ЖPray for Macedonia?

Најинтересен е делов:
ПОЗС Прилеп:- Река Црна во моментот прелива во с Тројкрсти и Тополчани и е поплавена обработлива почва а исто така каналот Блато прелива од страна на општината вклучени се 20 луѓе плус 2 од ДЗС.

Па добро бре мајка му стара само 20 души имате во општината????
 
Последно уредено:

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Нека го стават директорот на АЕК жив штит кај браната и нема гајле од излевање.
Нема поплави. Тоа е противдржавна пропаганда од опозицијата за да се направи државен пуч. Македонија нема да биде уценувана од такви небулозни конструкции од опозицијата и времето. Македонија ќе биде прва во Европа и по литар на метар квадратен.

:oeoeoe::oeoeoe:
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.053
Поени од реакции
6.658
Нека излезат прво спомениците на терен а не да дремат цел ден на исто место тогаш и ние ќе излеземе. Па ебаго 400.000 администрација има, да се мобилизира може Солун да го освои а не пак вреќи да става, нека прават нешто корисно а не само спонтано да излагаат на протести. Нишај врата, полни вреќи и земај плата. Поубаво звучи.
баш за вакви мрчатори беше наменет постот.........ова е голема природна непогода,а тука се расправа кој е крив :aplauz: Зајко шо го пукна балонот со вода и ја поплави цела држава :tapp:
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.654
Поени од реакции
9.235
Во Србија уште непочнато нешто посериозно по фб и по форуми позагрижени бевме, кај нас (секако не е толкав интензитет и дај Боже да биде така и да се среди со повреме) се делат некакви политички “лекции“ по темиве. Место да се излезе и да се поможи некаде со нешто. Некои населени места веќе се и под вода вклучувајжи домови, храна, добиток и слично...Али важно сите преј фор србија и итн едно време беа ин по статуси.

(знам дека темава е за Источна Македонија, ако е офтопик нека го избришат модераторите)
Инаку во Струга и струшко поконкретно се поплавени улици, домови, дворови, во руралните населени места има сериозни штети. Пумпите се преоптеретени и немаат капацитет. Во некои региони нема и струја и вода. Само што се вратив баш...своеволно граѓани излегуваат да поможат со редење вреќи, носење вода и храна до некои позагрозени места во околината. Се правеа и планови за дежурство вечерва. Моментално се стабилизира работата, но да се надеваме дека ќе се смири времето во наредниот период. Браната Глобочица за среќа моментално добро работи и спречува било какво одлевање на Црн Дрим.

Во споредба со Истокот е подобра ситуацијата, но како и да е, сите што живеат таму треба да ги имаме на ум и да се превземе се што е потребно за се помали штети.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Нема поплави. Тоа е противдржавна пропаганда од опозицијата за да се направи државен пуч. Македонија нема да биде уценувана од такви небулозни конструкции од опозицијата и времето. Македонија ќе биде прва во Европа и по литар на метар квадратен.

:oeoeoe::oeoeoe:
Дали е објавен податок колку милиметри ( или литри ) дожд паднало на еден метар квадратен?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom