Гласај: Бојкот на Охридскиот туризам: Сложно, да "неидаме"!

Чисто да се преброиме, колку луѓе се подготвени да го бојкотираат.


  • Вкупно гласачи
    247
Статус
Затворена за нови мислења.

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Во врска со паркинг местата кои се плаќаат, еве и нешто друго ... ако платиш за еден час, а останеш час и пет минути, ти бараат да доплатиш уште како за еден час. Ако паркираш и платиш за еден час, а се вратиш за пет минути, не ти враќа кусур, а и арогантно ти се понашаат кога ќе прашаш зошто е тоа така. Тоа златен Боби е идиотизам на кило. И тебе да ти се случува тоа исто ќе реагираш, многу јасно.
на рампине чаршија си земаш жетонче и имаш 15 минути да завршиш работа и да си излезиш со то шо ќе го вратиш жетончето а немат да платиш или пак да си се паркираш и на излегвење да си платиш
то е то... јас мислам дека е фер...:toe:
 
А

Ајсшутер

Гостин
Државава нема никогаш да отиде напред,едни со други се јадеме од еден до друг град,поради такви групи пропаѓа МАкедонија
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
на рампине чаршија си земаш жетонче и имаш 15 минути да завршиш работа и да си излезиш со то шо ќе го вратиш жетончето а немат да платиш или пак да си се паркираш и на излегвење да си платиш
то е то... јас мислам дека е фер...:toe:
А што ако јас немам време да си играм курташак со паркингот? Ако ми се брза, треба цела вечер на тоа да ја поминам? Треба да затворат рампа ако нема место.
А да, и кај тој првиот паркинг што е, кај чинарот, кога веќе се плаќа, треба да има цела вечер човек што ќе ги надгледува колите. Нели е тоа целта на плаќањето? А не после 12 се` е отворено и никој не ти одговара за ништо. Добро разбирам, помешани се сите поими, така и овој.
 

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
ДеКо, нека идат у тие шо им напишав поефтините, исти се како Пинк Пантер. не мора в центар да се пикате. Ај заедно да излезиме па да видиме дали ќе чекаш 20мин, освен ако не си во некоја редица.. Иначе има везе дека скопјани држат, фактички и нив ги вреѓате, и сите шо идат тука од други градови шо работат преку лето. И Охрид туристички центар е, нормално е цените да се толкави. И заклучете ја темава на неколку дена оти ќе се претепаме преку монитори уште малку :icon_bigg
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Ама ти беше со екипата на Exclusive, затоа имаше ексклузивен третман :icon_lol:
Снаџи се па живи. :icon_lol:

Mи се погодило топ услуга. Ајде сега убиј ме дека не се согласувам со тебе и твојот бојкот. Буаа, плач, плач. :icon_lol:
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.179
Поени од реакции
34.376
Снаџи се па живи. :icon_lol:
Истото го викаат и Васиќ и Вукичевиќ :icon_lol:

Фино што ти се погодило. Мене и на еден куп други туристи не ни се, затоа не идеме. Simple as :)
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Истото го викаат и Васиќ и Вукичевиќ :icon_lol:

Фино што ти се погодило. Мене и на еден куп други туристи не ни се, затоа не идеме. Simple as :)
Тачно. Ама не мора да бидеш „ексклузивец“ за да ти се бендиса, доволно е да имаш среќа (и способност) да најдеш добра услуга.:)
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
А што ако јас немам време да си играм курташак со паркингот? Ако ми се брза, треба цела вечер на тоа да ја поминам? Треба да затворат рампа ако нема место.
А да, и кај тој првиот паркинг што е, кај чинарот, кога веќе се плаќа, треба да има цела вечер човек што ќе ги надгледува колите. Нели е тоа целта на плаќањето? А не после 12 се` е отворено и никој не ти одговара за ништо. Добро разбирам, помешани се сите поими, така и овој.
неможе да затворат зш имат луѓе шо не паркирет туку поминвет тука кај шо се паркинзите...
за надгледвењето во право си али...
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.179
Поени од реакции
34.376
Тачно. Ама не мора да бидеш „ексклузивец“ за да ти се бендиса, доволно е да имаш среќа (и способност) да најдеш добра услуга.:)
Тоа е и поентата Скуфче.

Ебати туристичкото место за кое ти треба среќа (и способност) да најдеш добра услуга.
Али мило ми е што ти повторно си изнудила нешто со твоите специјални способности :)
 
V

Viktoranius

Гостин
Охриѓани јас идам, оддамна не сум бил во Охрид некои 7-8 години па сакам да видам што стана со бисерот на Македонија. :helou:
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Тоа е и поентата Скуфче.

Ебати туристичкото место за кое ти треба среќа (и способност) да најдеш добра услуга.
Али мило ми е што ти повторно си изнудила нешто со твоите специјални способности :)
Ми се посреќило многу пати, пошто сум фина и сwаткичка. Финоќа као главен адут, и оп-сегде те третираат супер.

Не патам од тоа дека сегде морам да добијам кралски третман само затоа што сум турист. Не е ништо страшно да почекам малку за јадење, зошто ми се случило, и ми се извиниле за чекањето. И така.:)
 

-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301

Ја си идам у автокамп Љубаништа више 4 год. по ред. Најдобрата плажа на охридско езеро, и не се замараш ич со Охриѓани. Мераци :)
 
Член од
16 октомври 2007
Мислења
59
Поени од реакции
9
Ваквите како тебе се една од причините за гневот на туристите кон вашиот град. Само не секој може објективно да гледа и да го сфати тоа.


Мартин, ако не сакаш кока кола од 70, хамбургер од 100 и посрана палачинка од 150, зошто и ти не сфаќаш што е поентата тука? Или мора да се држиш до твоето, без оглед какво е?

Иначе Боби ... ќе биде многу подобро кога нели и ти нема да си земаш лично се` што тука се кажува за Охрид. Никој тебе не ти се фрла и не ти замерува. А кога го браниш тоа што не е во ред, навистина не си фер.

Јас на пример, барем откако си на факс, повеќе време поминувам во Охрид од тебе. Затоа мислам дека повеќе ги знам работите и појасно можам да ги согледам.
Од што да ти почнам ... еве вака ...
Одам Охрид кога не е сезона и секаде сум послужена и примена најкултурно и најфино. Неможе човек бакшиш да не остави на тоа од што е добро. Кога доаѓа лето, на истите места, истите луѓе се однесуваат многу поладно, многу поидиотски, како прв пат да влегувам кај нив. Да не коментирам за сметките ... на 1 Јуни за истите работи на истото место плаќаш дупло повече од претходниот ден, што е преглупаво.
И да се навратам ... предност имаат сите други што не зборуваат македонски и околу кои келерите трчаат како муви без глава. Зошто е тоа така? Зошто тука нема патриотизам? Затоа што повеќе по некое непишано правило мора да се испоштоваат странците, отколку јас која сум тука цела година? Тие оставаат пара на лето, ама од мене живеат кога не се тие тука. Не е во ред тоа, нели?
Друго ... ете вчера конкретно, одиме за Охрид, требаше да се најдеме со друштво. До таму стигнавме за 8 минути (брзавме), а таму веќе заглавивме дваесеттина минути за да најдеме паркинг. И тоа не некој што не се плаќа ... влеговме таму после рампата, имаше жетони, а паркинг никаде! Во ред е и тоа жити се`? Ако е се` преполно и се дави во гужва, барем нека не пуштаат повеќе, нека имаат малку осет одговорните.
Во врска со паркинг местата кои се плаќаат, еве и нешто друго ... ако платиш за еден час, а останеш час и пет минути, ти бараат да доплатиш уште како за еден час. Ако паркираш и платиш за еден час, а се вратиш за пет минути, не ти враќа кусур, а и арогантно ти се понашаат кога ќе прашаш зошто е тоа така. Тоа златен Боби е идиотизам на кило. И тебе да ти се случува тоа исто ќе реагираш, многу јасно.
Да не општам и други детали, еве да си погледнам во мојот двор. Јас никогаш не сум кажала дека Струга е посредена од Охрид. Нема што да се правам слепа и да тврдам нешто што не е така. Факт е дека ако некој озбилно се фати за работа и ја среди, (првенствено плажите) ќе биде милион пати поубава од што е сега. Мене тоа ме нервира и нема да го негирам ако некој ми го плесне во фаца. Но, ќе ме изнервира ако некој каже дека тука услугата е лоша или цените астрономски, дека тоа нема да е точно.
А да, ме нервира и кога ќе прочитам дека некој не доаѓа затоа што не знае што ќе прави со "Албанците", но што да им правам на таквите ... нема да им кажам дека нема Албанци тука, но можам да им кажам дека градов и со тој факт е мирен и добар и дека многу подобра услуга ќе добијат токму во албанските угостителски објекти.

И за крај, мислам дека ќе ме прашаш што мајка барам во Охрид, кога толку работи не ми чинат, па да ти одговорам.
Преку зима одам затоа што имам свои причини, меѓу кои и таа главната дека тогаш луѓето навистина се поинакви. Преку лето одам затоа што доаѓаат многу луѓе со кои сакам да сум, а нејќам да им се мешам во изборот каде ќе се сместат или да не ги видам само затоа што дошле во Охрид, а не во Струга.
Значи јас неможам да не одам, но можам да си го ставам потписот на Мистичен, па за тие што се двоумат, да им го препорачам и мојот град, во кој би поминале покулирачки одмор со ете, дупло помалку пари.
Па нормално да имаат предност странски туристи, секаде е така :nesvest:, оди и ти во грција и ти ке имаш предност како странски туриста и ке ти стават еден келнер само за тебе хихихи :tapp:, ,, браво за бојкотов,, наместо да правите за Грциве Вие самите удирате против сопствениот народ алал да ви е,
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.179
Поени од реакции
34.376
Ни пуштаат буви ова скопјанчиштава... :nesum:

МОРЕ... БОЈКОТ!

Корун, браво за видеото. Ги доловува актуелните квази-туристички прилики во Охрид.


 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Па нормално да имаат предност странски туристи, секаде е така :nesvest:, оди и ти во грција и ти ке имаш предност како странски туриста и ке ти стават еден келнер само за тебе хихихи :tapp:, ,, браво за бојкотов,, наместо да правите за Грциве Вие самите удирате против сопствениот народ алал да ви е,
Опрај се прво, а после читај и не се фрлај каде што не треба. И да, јас Грција не сум била и не одам. За тебе незнам ... ама ваљда таму одиш кога веќе знаеш како се однесуваат грците со туристи. Доста ја користите Грција како штит, кога никој друг не ја спомнува. :tapp::tapp::tapp:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom