Boksy - македонска дигитална библиотека за читање и слушање книги - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Киндл имаат ли можност за инсталирање апликации?

И што ќе ти Киндл кога читање книги може и на друг вид таблет.
Немаат.

Преферирам Киндл затоа што не зрачи, и тоа светло што го има и можеш сосема да го изгасиш, се лед сијалички. Од 2018та на Киндл читам, не би го сменила за никаков стандарден таблет.

Праќаш epub на него, чиста работа :)
 
Киндл имаат ли можност за инсталирање апликации?

И што ќе ти Киндл кога читање книги може и на друг вид таблет.
Да споредуваш кндл paperwhite со било кој друг стандард таблет треба да си стварно неук во IT технологијата.
Едното е исклучиво создадено за читање книги затоа што:
- користи e-ink дисплеј што нема допирна точка со стандардниот LED. Не блешти, не го заморува окото додека читаш.
- батеријата трае неколку недели без да го полниш (освен ако користиш аудио книги
- Целосно е интегрирано со Амазон и за релативно пониска цена од принтаниот paperback можеш да набавиш книги за неколку минути.
- Истотака интегриран е со Goodreads (платформа за водење евиденција на прочитани книги + социјална мрежа исклучиво за истите)
- има опции за подвлекување, речник, директно споделување на цели пасуси на книги преку истата платформа.
Обичниот таблет не е баш погоден за читање книги. Испробано на слична големина, окото се заморува после првиот час, батериите не траат до наредниот ден - мораш стално да го држиш некаде закачен, мораш да симињаш разни емулатори и third party програмчиња за да стигнеш до посакуваната книга.
 
После подолго време од една година ја инсталирав апликацијава и гледам многу повеќе се книги на англиски јазик а многу помалку на македонски јазик. Според мене тоа е лошото затоа што тој што сака на англиски јазик да чита книги сигурно нема на Бокси да ги чита книгите.

Кај делот детски книги е сосема друго, таму пак се е на македонски јазик.


Дали за книгите што не се детски не им се исплати на издавачите да ги нудат повеќе дигитално или за тоа треба некој дозволи од автори и така натаму?
 
15371.jpg

Знае некој што точно спремаат? Ги нема веќе ни како апликација.
 
Не знам, ама си продолжиле да ми наплаќаат месечно, а апликацијата е неактивна веќе подолго време.
А стварно си беше добра апликацијата и имаше потенцијал за да се развива подобро.

Ми се допаѓаше што имаше и аудио книги. Единствено што ме тргаше од тоа да користам Boksy е тоа што мал беше бројот на книги на македонски. Штета што и слабо имаме аудио книги на македонски јазик.

Boksy го нудеа и преку А1 и Телеком. На А1 преку Net Sef мислам дека можеше да се активира со размена интернет.

На сајтот стои дека работаат на следно издание. Веројатно нова верзија нешто ама тоа веројатно стои долги месеци. На социјални мрежи им се избришани профилите.
 
Back
На врв Bottom