- Член од
- 16 јули 2021
- Мислења
- 2.549
- Поени од реакции
- 4.649
Драга,
Некој пие од тага, друг од радост, ја од сабајле.
Некој пие од тага, друг од радост, ја од сабајле.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Кајгано,Сакам само да се надоврзам на постот на @Just Do It во врска со близначињата, повеќето луѓе немаат ни претстава колку е тешко и захтевно да растеш 2 бебиња паралелно. Ова го кажувам бидејќи луѓето често, а што ме боли најмногу, тоа се тие најблиските, имаат замерки зошто ме нема и немам време ни едно пиво да испијам со нив.
Првин, двете имаат различен биоритам и потреби, а тоа значи дека во текот на денот двете јадат на различен размак и спијат во различно време и тоа значи дека добар дел од денот ќе ти пројде во заспивање на бебиња и припрема на млеко и нивно хранење. Кога едниот ќе заспие, другиот ќе се расплаче и ќе го разбуди првиот па после имаш нервозно бебе кое остатокот од денот ќе биде плачливо и со ништо не можеш да го смириш. Потоа, треба да ги играш, па едното сакало на стомак, другото не сакало туку само сака во раце да го држиш, а ти од работа искривен и со доволно болки во вратот и грбот, ова дополнително те оптоварува. А жена ми како и е сама кога е? Секое излегување и шетање со нив е налик спасувачка мисија на Мартин Шин во Апокалипса сега во Виетнам, дури и кога ќе ги истемпираш со јадење и пелени тука се плачењата на двајцата, па дур ги стаиш во транспортери, па количката која тежи дупло од обична треба најмалку 3 пати да ја склопиш и расклопиш. Навечер успивањата се вистинска борба, те регресии, те скокови, по 5 пати се будат само што си ги ставил на креветот, буквално по саат ипол до два во денот одат за нивно успивање и тоа кога си најуморен и едвај чекаш да си легнеш. Некаков план е направен да ги делиме за спиење бидејќи ако спијат заедно нема ни саат сон да истераме навечер, жена ми спие со едното јас со другото, колку толку добро функционира ова. Некогаш од премор не можеш ни да се истушираш па ќе си легнеш мрсен и умирисан а некогаш и таков ќе отидеш на работа. Вчера се вратив од цел ден на работа и не памтам кога последно сум заспал во 8 ипол. Ручек заборави нешто убаво спремено, манџа или готвено, најчесто јади пици, јајца пржени, полуготови пастрмајлии или некој хамбургер или тост од надвор, ептен викенд ко ќе дојде можеби некое месо ќе имаш време да го спремиш. Илјадници обврски на дилеј ставени кои само се трупаат зашто цело време ги одложуваш и те прават напнат уште повеќе, се осеќаш како да тапкаш во место. Минатата недела од втора смена како што влегов дома одма го земав едниот за успивање а жена ми плачеше од фрустрација бидејќи саат ипол ги успивала и само се буделе. Успевам да се шишам еднаш на три недели а некогаш и еднаш месечно и не можам да се гледам бидејќи не сум навикнат на себе таков. Облеката од жица директ се облакаш и глеаш да носиш работи кои не се гужваат многу во машина.
Што и да направиш и како и да се организираш, не можеш многу да си олесниш, туку тоа ти е, животот ти е тој а ти и твоите потреби се ставени на страна и лажно се надеваш дека ќе дојде полесно а вистината е дека потешко ќе дојде. До одредена возраст, мое мислење е до кај 6 години мамата ќе ти се ебе и ќе остариш за 12 години во тие 6. И тука неминовно е да се каже, колку и да е клише ова, само да сме живи и здрави, и бебињата и мама и тато, другото се ќе помине. Една болест - непланирана ситуација, а сведоци сме колку луѓе се помлади имаат сериозни здравствени проблеми, другиот ќе треба сам да се бори со се ова.