Која банка е најдобра? (ваши искуства со банки)

  • Креатор на темата Креатор на темата cYb3rc0re
  • Време на започнување Време на започнување
превзеде управувањето со алта,значи постои/постоел проблем,ништо не е наивно со случајов
Глаголот е ,,зема", а не ,,взема". Значи ,,презеде", а не ,,превзеде". А Народна банка го презеде управувањето не зашто постои или постоел проблем, туку ако ги повлечат средствата сите наеднаш од банката, дефинитивно ќе постои проблем. За да спречат такво нешто, преземаат иницијатива.
 
За ова оставка се бара од гувернерот ама вие си знаете.
Не можи рандом човек да знаел за овие срања а Трајко да не знаел.
А не, вмровците се алергични на тој збор. Само градоначалникот на Кочани си даде оставка, и тоа беше лоша политичка одлука според форумските вмровци затоа што сме требале да постапиме ко што постапи Швајцарија.

Рептилот требаше досега да биде во пензија. Инаку, мерката е од превентивна природа, да нема огромен одлив на средства за краток временски период, ама со оглед на последниве вести и препораки, не ќе да е така ко што се зборуваше изминатите неколку денови. Сепак е втори, треба да се земаат плати и пензии, да се купуваат лекови, да се плаќаат кирии и сметки. Сметам дека прагот требаше да биде 15.000 денари. Пример, старите не ја повлекуваат цела пензија наеднаш, но на први/втори плаќаат се, купуваат лекови и пазарат т.е. магационираат храна за неколку недели, сем леб кои купуваат на дневно ниво. Не се во оваа банка, ама ги земам за пример. И они се двајца, лесно 20.000 ден, ако некој е сам, тоа се 10.000 ден. за сите наведени товари. Плус тука е внатрешната несигурност, дали парите ќе ги има или не. Се согласувам дека треба да си даде оставка и да си оди во пензија. Заедно со кокошката Кочоска која сака да го опљачка вториот пензиски фонд. Крајно финансиски неписмен министер.
 
Глаголот е ,,зема", а не ,,взема". Значи ,,презеде", а не ,,превзеде". А Народна банка го презеде управувањето не зашто постои или постоел проблем, туку ако ги повлечат средствата сите наеднаш од банката, дефинитивно ќе постои проблем. За да спречат такво нешто, преземаат иницијатива.
ние од село не знаЈме шо е глагол,ама знаЈме шо е кеш
 
За ова оставка се бара од гувернерот ама вие си знаете.
Не можи рандом човек да знаел за овие срања а Трајко да не знаел.
Алта Банка имаше визија да се прошири и во ЕУ, но освен кај нас и во Русија никаде не им успеа.

Тоа доволно кажува за таа банка како институција, но и за нас како држава во однос на тоа колку се гледаат лични и моментални интереси.

Инаку, не е невообичаено да се воведе ваков лимит, заради тоа што огромни одливи на пари од банката неминовно ќе ја нарушат нејзината ликвидност. Меѓутоа, од НБРМ ги фатија неспремни, па сега ќе ја продаваат да скрпат нешто.
 
Искрено прв пат слушам дека фирма условува вработен каде да има сметка, ама ништо веќе не ме чуди. Што ако банката од икс причини нејќе да оствари деловен однос со вработениот, го бркаат од работа?
И јас мислев дека нема такво нешто, ама има. Рамстор, на пример, им налага на вработените да мора да имаат сметка на Халк, зашто сите плати ги пуштаат таму. Или барем така беше, сега не знам дали се сменило нешто.
 
Искрено прв пат слушам дека фирма условува вработен каде да има сметка, ама ништо веќе не ме чуди. Што ако банката од икс причини нејќе да оствари деловен однос со вработениот, го бркаат од работа?
кажуваш од која фирма си и тераш понатаму веќе се имаат договорено претходно фирмата и банката
 
За ова оставка се бара од гувернерот ама вие си знаете.
Не можи рандом човек да знаел за овие срања а Трајко да не знаел.

Ќе има остафка за тебе специјално:kafence:
 
Проблемов мораат да го решат што побрзо, колку повеќе влечкаат може полошо да направат.

Комуњариве и остала багра веќе почнуваат да шират дезинформации, колку повеќе време ќе се влечка, толку повеќе овие ќе делуваат.

Ако не го бива тој Славевски или кој и да е, нега го мењаат...
 
Алта Банка требаше да ги купува и на Силк Роуд и ТТК Банка, така да хаосот ќе беше уште поголем, самиот факт што се водени преговори а нашиве абер немале за што ќе се случува во централата во Србија е алармантно.
 
или знаеле ама биле добро подмачкани
 
Во наредните денови ќе важат одредени ограничувања за плаќањата од сметките на клиентите. За физичките лица е определен неделен лимит за одлив на средства во износ од 10.000 денари, кој ќе може да се користи со платежните картички издадени од банката.

Ете што ви реков, дека ке ги ебат луѓето пак, како низ предходниве години...
Баш за време за пензии, а пензионерите во колкав процент користат картичка.
 
Ќе има остафка за тебе специјално:kafence:
Не се секирај за мене , девизите мои се со километри оддалечени туку ми е грев за нашите, шо се мора да искрепи овој народ за интересите на вашите апаши.
Работата не е ни најмалку за мајтап
 
Искрено прв пат слушам дека фирма условува вработен каде да има сметка, ама ништо веќе не ме чуди. Што ако банката од икс причини нејќе да оствари деловен однос со вработениот, го бркаат од работа?
So ogled na toa deka ne sakam niedna banka da omalozuvam, no, eve primer kje ti kazuvam deka ovaa taktika go koristi Halk Banka osobeno so vrabotenite vo Kipper, dodeka znam i firmi koi sorabotuvaat so Halk i tamu gi imaat site svoi vraboteni (obligatory).

Dodeka zakonski mislam deka e deka vrabiteniot sam odlucuva kade kje prima plata.

Po forumi i reddit ako se postavuva nekoe prasanje vo vrska so bankite odma odgovorite se Halk najdobra, Halk toa, Halk ova, ne znam dali plakjaat Halk za da imaat nadvoresen PR!
 
Back
На врв Bottom