Која банка е најдобра? (ваши искуства со банки)

  • Креатор на темата Креатор на темата cYb3rc0re
  • Време на започнување Време на започнување
А за тоа колку била "сиромашна", еве ви текст од 2024, пред продажбата:

"Стабилноста и сигурноста на Стопанска банка а.д. Битола е на највисоко ниво, а депозитите на правните лица и населението се сигурни и постојано растат.

Банката има исклучително силна капитална и ликвидносна позиција, што претставува сидро на стабилноста за понатамошните активности.

Стапката на адекватност на капиталот, којашто е мерка за солвентноста на банката тековно изнесува 26,1% (на крајот од вториот квартал на 2024 година беше 24,57%). За споредба, стапката на адекватност на капиталот на крајот на вториот квартал на годината на ниво на банкарски систем изнесуваше 19,04%, а кај групата на мали банки изнесуваше 20,82%. Ова е доказ дека банката има висок износ на капитал и резерви, усогласени и надфрлени од капиталните барања на Народната банка и од оние на ниво на банкарски систем.

Воедно, ликвидноста на банка, којашто е мерка за редовното сервисирање на обврските, е висока.
Учеството на високо ликвидна актива во вкупната актива тековно изнесува 40%, што е двојно повисоко од нивото на банкарскиот систем од 21% (со Кв.1 2024 година). Редовната исплата на сите обврски се одвива непречено. Населението продолжува да штеди и да ги орочува своите заштеди во банката, а кредитирањето кое се одвиваше со намалено темпо, ќе се засили во наредниот период.

Сите финансиските показатели на Стопанска банка а.д. Битола укажуваат на сигурност и стабилност во работењето, а заклучно со 30.6.2024 година Банката оствари позитивен финансиски резултат од 51,01 милион денари што е значајно подобрување во однос на 30.6.2023 година кога Банката оствари загуба од 53,69 милиони денари. Воедно со 30.6.2024 година е остварен позитивен оперативен резултат од 75,92 милиони денари што покажува позитивно оперативно работење на Банката."

Извор: https://denar.mk/311612/biznis/stop...-stabilnosta-i-sigurnosta-e-na-najvisoko-nivo
Стопанска банка во последниве 15-20 години функционираше само да за да финансира фирми блиски до Камчев и други сомнителни ликови. Дишеше на шкрги и речиси постојано постоеше ризик за затворање на банката. На претходните сопственици им беше наложено да ја продадат банката, односно за разлика од Србија со Алта, тука на Стопанска им дадоа шанса да се спасат. Е сега и тие што влегоа беа исто срање како и претходните.
 
Se e pod kontrola A pozarot se siri :shok2:
 
Имаше КМБ шанса да ја купи ама ниска цена понуде па влета Алта Банка. Сега изледа ќе си ја земат на попуст...
 
пред некој да ги обвини оние кои имаат с-ка во алта банка (или било кој друга) треба да знае дека иако по закон секој може да си ја прима платата во која банка сака во пракса не е баш так особено по приватни фирми каде газдата одлучува каде ќе ти ја пушта платата (на вработениот само му се кажува каде да извади сметка),
друго за кредит те уценуваат со префрлање на платата за да ти дадат пола процент пониска камата на кредитот...
генерално лошо за оние што имаат пари таму а мечката лесно може да заигра на било која врата и на многумина да ни дојде на глава маката.
 
Во наредните денови ќе важат одредени ограничувања за плаќањата од сметките на клиентите. За физичките лица е определен неделен лимит за одлив на средства во износ од 10.000 денари, кој ќе може да се користи со платежните картички издадени од банката.

Ете што ви реков, дека ке ги ебат луѓето пак, како низ предходниве години...
 
значи ако ти цркне пр. фрижидерот пиши пропао за купување нов иако имаш пари на с-ка
 
1793556471260.png
не ја гледав емисијата, 10.000 неделно е лимит за кеш ? Инаку да потсетам дека порано во уса плати се зема неделно, а и кирија се плаќаше неделно...Инаку НИЕДНА банка а не па МАЛА банка може да издржи СИТЕ ако т4гнат да ги вадат депозитите во КЕШ...Урсулчето веќе поодамно припрема Дигитален новчаник
 
Имаме фамилијарни пријатели од Србија, и кога паднаа на муабет со мајка ми инаку пензионерка, дека Стопанска ја превзеде Алта Српска, уште тогаш ни рече човекот, подалеку од таа банка, тие се на Вучиќ пари, перална на пари, шо се испостави точно.
 
најважната вест е дека народната банка го превзеде управувањето со алта,значи постои/постоел проблем,ништо не е наивно со случајов
 
Види абе до негде луѓето испаничија и веќе почнаа да вадат кеш со редици се чекаше вчера пред банкомати па можи да е мерка на претпазливост ама не се за верување овие апаши, пред два дена рекоа се е под контрола за денес да излези Славко и да речи дека имаат лимит за вадење на пари, 10.000 денари ало, да ти рикни некој апарат дома го јаде ежот.
 
Им дале налог да ја продадат. Веројатно во спротивно ќе одземат дозвола за работење. Да беше само за bank run ќе пројдеше со 10к месечно, ама очигледно е дека некој ги шамарал Мицко и Трајко.
 
За ова оставка се бара од гувернерот ама вие си знаете.
Не можи рандом човек да знаел за овие срања а Трајко да не знаел.
 
пред некој да ги обвини оние кои имаат с-ка во алта банка (или било кој друга) треба да знае дека иако по закон секој може да си ја прима платата во која банка сака во пракса не е баш так особено по приватни фирми каде газдата одлучува каде ќе ти ја пушта платата (на вработениот само му се кажува каде да извади сметка),
друго за кредит те уценуваат со префрлање на платата за да ти дадат пола процент пониска камата на кредитот...
генерално лошо за оние што имаат пари таму а мечката лесно може да заигра на било која врата и на многумина да ни дојде на глава маката.

Искрено прв пат слушам дека фирма условува вработен каде да има сметка, ама ништо веќе не ме чуди. Што ако банката од икс причини нејќе да оствари деловен однос со вработениот, го бркаат од работа?
 
Види абе до негде луѓето испаничија и веќе почнаа да вадат кеш со редици се чекаше вчера пред банкомати па можи да е мерка на претпазливост ама не се за верување овие апаши, пред два дена рекоа се е под контрола за денес да излези Славко и да речи дека имаат лимит за вадење на пари, 10.000 денари ало, да ти рикни некој апарат дома го јаде ежот.
јас мислев дека само вадење кеш е лимитирано, сега испаѓа дека и плаќање фактури од сметка е лимитирано ??
ако е така за народот е подобро стечај на банката...

туку и УНИ банка има некој превирања, 2ца блгари, големи акционери бегаат?
 
Последно уредено:
Back
На врв Bottom