Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.634
- Поени од реакции
- 35.977
- Возраст
- 41
- Локација
- Скопје
- Веб-сајт
- www.kajgana.com
Конечно, дочекавме да добиеме е-паричник!
Лично, како миленијалец со над 25-години дигитално искуство, мора да кажам дека со голема возбуда и нетрпение го дочекав пуштањето на апликацијата m.Uslugi. Првенствено, затоа што ич не сум фан на дебелите паричници и затоа што до сега ги имам дигитализирано (достапно на телефон) сите картички, од платежни - loyalty (за поени). Си викам, еј, топ, конечно нешто корисно. И затоа, веројатно сум еден од првите корисници кои ја инсталираа уште пред официјалната презентација.
Вака на прв поглед, си викам супер - лесно иде додавањево, за 2 минути додадов и лична и карта и возачка.
И после ми улета едно видео од промоцијата, во кое министерот одговара на новинар:
Прашање: "Ако утре ме сопре полиција, дали со прикажување на дигиталната возачка дозвола и лична карта ќе ме казнат?"
Одговор од министерот: "Со дигиталната, ако ја носите и пластичната, нема да ве казнат". (Ах, шегобиец еден!)
И тоа е сѐ што треба да знаете за апликацијата m.Uslugi и зошто ја одинсталирав по брза постапка, Да бевме 1995-та, па можеби ќе успееја да договорат барем во видеотеки да беа признати како валиден документ. Вака, додека не видиме некаква реална корист - чао, адиос.
Како што сфаќам јас, еве за кои работи може, а за кои не може да се користи дигиталната лична карта/возачка дозвола преку m.Uslugi.
✅ Може да се користи:
- За изнајмување на VHS ленти во видеотека;
- За купување на цигари / алкохол (само ако апла личиш на полнолетен);
- Да ја користиш како тема за разговор кога ќе снема други теми.
- Да ја покажеш на шалтер, за службеникот да ти каже: „Ама треба оригинал.“
- Да ја покажеш на другар што нема дигитална лична карта, за да му падне самодовербата;
- Како доказ дека си ја инсталирал апликацијата;
- Да ја покажеш на баба ти, за да ѝ објасниш дека личната карта веќе не мора да ја носиш, освен кога мора да ја носиш.
- Како дигитален доказ дека и државата има апликација.
⛔ Не може да се користи:
- Како валиден документ при контрола на полициски службеници;
- Во државни институции: МВР, општини, судови, УЈП, Централен регистар и др.
- При купување и регистрација на телекомуникациски услуги;
- Како валиден документ во банка;
- За гласање на избори;
- За регистрација на возило;
- Во здравствени институции;
- За поминување граница;
- За склучување договори;
- При вработување;
- На нотар;
Дали ја инсталиравте апликацијата и кои се вашите впечатоци?

. Да не се разбериме погрешно , не сум против развој на технологијата , туку конкретно зборувам за дигитално плаќање сметки и дигитални документи , затоа што мислам дека со тоа се нарушува приватноста .