Враќање во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Harald
  • Време на започнување Време на започнување
Не сфаќам зошто не заминале одма на запад туку тука застанале.
А и искрено со тие мизерни плати во Непал Македонија за нив е ветена земја.
Е сега добро на запад можеби ќе се шлепаат повеќе на социјала а кај нас треба газето да го спотнат.
Затегнати се политиките за ваква миграција во ЕУ. Мислат дека ќе живеат и овие на социјала и само ќе си направат проблем. Реалноста е дека се доста продуктивни за тие 8 часа, не се како нашите за некои работи ама јас секогаш би преферирал наш работик отколку увезените, иако истите после завршување на договорите или проектите се враќаат дома или со парите заштедени тука би продолжиле кон ЕУ колку тоа и да е тешко за нив.
Автоматски споено мислење:

Најчесто градежни компании ги ангажираат и работат физичка работа за солидни плати за нивни услови. Ама ако му се пружи шанса за социјално во ЕУ, не е будала да црнчи на автопативе кај нас, по цел ден на сонце.
Не си видел какви договори потпишуваат. Нашите тешко дека сега ќе најдиш некој физикалец дури за европска плата, оператива ќе најдиш сигурно ама физикалец скоро и да нема(под физикалец се подразбира помошник багерист, не заварувач, бравар, монтер).
 
Сигурно? Си видел нивна платна листа?
За други незнам ама Голден Арт ги плаќа 500 евра со смештај, јадење и превоз до градилиште и назад. Буквално во логор ги држат и не ги пуштаат.
 
Не сфаќам зошто не заминале одма на запад туку тука застанале.
А и искрено со тие мизерни плати во Непал Македонија за нив е ветена земја.
Е сега добро на запад можеби ќе се шлепаат повеќе на социјала а кај нас треба газето да го спотнат.
На времето така Виетнамци во Норвешка. Од кај дошле не знам, ама научиле дека во затвор им даваат да коваат гајби и плаќаат по 10 000 круни. Тоа тогаш беше околу 1100 евра. За нив пуна капа, храна сместување и 1100 еври.
 
Имам слушнато дека тие од Непал, Бангладеш биле платени исто како да работат во западна Европа (1500+ евра) и затоа за нив било исто.

Инаку како би останале овде со македонски примања, кирија, сметки и храна овде?

Далеку им се платите од 1500 евра, 600-700 евра во просек секако зависи од позицијата и квалификациите. Инаку остануваат оти се нафаќаат да живеат по 3-4 во еден стан во прескромни услови како студенти ученици, кога ќе дојде денот да треба да основаат фамилија и сами да плаќаат кирии сметки друга ќе има биде математиката и ќе видат колку уствари тие пари не им вредат (скоро) ништо.
 
Па тие живеат така зашто праќаат дома пари, ни они од кеиф не го прават, ама ние сме помалото зло од двете за нив. А тоа што работодавачи посегнуваат по азијати при достапни кадри кај нас кои што се релативно евтини, но не им ги исполнуваат нивните услови, демек не им се клањаат и не работат за кикирики ко во 2000-те, покажува колку патриотски газди и бизниси имаме. Треба да земе секој бизнис што земал азијати да се бојкотира па да му засркне у грклан на секој газда што така остроумно решил да штеди.
 
Тоа е тоа, не е толку финансиски ама бараат некој што ќе им рмба 10-12 часа и ќе ќути. Бангладеш просечна плата е 200 евра, овие тука дали 100 евра ќе потрошат затоа што не плаќаат храна, сметки и смештај. Најчесто несмеат ни да излезат. На добар дел сме попатна станица, често им бегаат. Како и да е 500-600 евра нето со се смештај, храна и на ова додај неколку 2-3 илјади евра за да му средат документи и да го донесат слободно може некој наш да му дадат 800-900 нето минимум.
 
Да не се ослободени од некакви давачки работодавците, некаде така имав нешто прочитано со законот за странски работници.
 
Да не се ослободени од некакви давачки работодавците, некаде така имав нешто прочитано со законот за странски работници.
Тоа не го мења фактот дека треба да ги бојкотираме. А ако го направиле тоа, тогаш и државата значи е крвник на наши луѓе. Освен ако не станува збор за специфични струки каде што докажал дека нема локални кадри, па мора да земе странски. А ако е ко што викаш, ќе испадне секоја држава си ги штити своите, само нашата ќе не направи граѓани не од втор, а од трет ред.
 
Кој не плаќа кирија во МК и заработува 700-800 евра се живее ОК по мое.
Гледам доста овде со солидни примања.
Наназад го спомнаа и ова што фактот што се повеќе гледам странски работници од Непал, Бангладеш и Турција покажува дека драстичната разлика меѓу ЕУ и Мк пред 15 години е многу помала сега.
Секој ден одам во маркет и секој втор купува цигари 190 ден кутија, кафулиња и ресторани секогаш полни.
Салони за убавина како печурки никнуваат.
Некој месец поминав во Deutschland и можеш само да сонуваш вклучено платено јадење и превоз како што нудат одредени фирми овде.
Инаку зависи местоположба, јас сум од Прилеп и моментално пристојна работа тешко се наоѓа, фабрика во смени, келнер-шанкер, возач, платите се ниски, но како тргнала работавава економски и за оператор на линија ќе нема. Не само што платите стојат во место ами и некаде се намалени. Во 2023 просек плата во фабрика ми беше од 32 до 35к, сега да се вратам пак би земал исто можно е 31-32к, иако инфлација 200%.
Не дека нема надеж, конктретно за Прилеп ми е муабетот, во град кој да не претерувам имаат 85% свој имот/земја/викендица така да се крпи некако.

и ако те бива да буцнаш приватно. тоа е накратко

Прилеп е најдефинитивно последен град во Македонија, факт. Нема никакви занимливости, улиците се катастрофа, болницата е хорор филм, партиското вработување е на макс, препотентни џандари испопикани со 55IQ те запираат и кур ти пушат, не знаат една казна да напиши , бидеќи Фатмир платиле неговите 6к евричи да влези на работа оти е неспособен за нешто друго освен тутун и пиперки, сали за спорт потполно една функционална нема како што треба, едно игралиште за фудбал нема функционално.

Платите се морбидни за било каква работа те матат 28000-32000 макс, едно доброутро 50 евра ми снемува мене незнам ни како, ќе влезеш во маркет неколку работи летнале 3-4000.

Башка тоа живо пиле младо не остана и тие што се останати чекаат да завршат училиште/факс и да фатат куферите за нагоре бидеќи во Прилеп немаш многу опции:

1. Да станиш партиски бот и лешинар, да им лижеш гзот на локалните партијаши таму за едно помочано место на државно за 500/550е, си го продаваш и образот и гзот за цел живот измеќар да му бидиш на некој.
2. Во фабрика да работиш (Гентерм/ВИК) кои наличуваат на логор (ептен атрактивно за млад човек овде да остани во државава)
3. Угостителство/општа работа колку да сврзиш крај со крај.

Башка тоа што нема АПСОЛУТНО ништо што да правиш Петок/Сабота/Недела бидеќи е апсолутно умрен град, полош е Прилеп моментално отколку пред 15-25 години.
 
Тоа не го мења фактот дека треба да ги бојкотираме. А ако го направиле тоа, тогаш и државата значи е крвник на наши луѓе. Освен ако не станува збор за специфични струки каде што докажал дека нема локални кадри, па мора да земе странски. А ако е ко што викаш, ќе испадне секоја држава си ги штити своите, само нашата ќе не направи граѓани не од втор, а од трет ред.

Бизнис патриотите само ги тераат младите да си одат оттука. Си ја сакаат Македонија ама од дно на душа ги мразат македонците и македонките, којзнае што е причината.
Како да им се каже луѓето, може за неколку генерации македонскиот етнос практично да исчезне, ќе го нема. Ако продолжат вака сите политички опции се само крвници, какви грци бугари шкиптари тоа е гола вода, заради нив имаме 300К раселени лица и тоа без војна.
 
Да не се ослободени од некакви давачки работодавците, некаде така имав нешто прочитано со законот за странски работници.
Нема никакви ослободувања ама мора да се увезуваат работници бидејќи има работи кои наши не би ги работеле и за 2000 евра.
 
Нема никакви ослободувања ама мора да се увезуваат работници бидејќи има работи кои наши не би ги работеле и за 2000 евра.
Кои се тие работи ? Градежништво, чистачи, копачи на канали ? Полно наши познавам кои ја работат таа работа
 
Кои се тие работи ? Градежништво, чистачи, копачи на канали ? Полно наши познавам кои ја работат таа работа
Да физикалци се најчесто ама не копачи на канали. Еве за еден еко проект од Битола (нека ти текне имаме дискутирано) треба да се постави специјална гума со бренер и тоа го прават 2 смени по 12 часа, македонче такви ролни по стрмнини и уште едно македонче до него со бренер нема да ти седат колкава плата сакаш давај му, а овие од Бангладеш или Индија не знаат за подобро и мораат, голем дел праќаат таму и реално тука не трошат ништо. Филипинците од друга страна се христијани и многу добри луѓе (ти ја препорачувам да ја посетиш државата), секогаш се насмеани и имаат многу убави жени. Најчесто кај нас филипинци има по угостителството.
 
Абе не се платени, дај му плата да видиш дали нема да седи.
Како седат Германија за истата работна позиција ?
Инаку за Филипинците знам, чичко ми покоен од Австралија имаше жена од Филипини :)
 
Back
На врв Bottom