Мони одма со реакција за изборниот резултат, била срушена автократна матрица. Мони, да тераш идеолошка доследност немаше да одиш во Израел, каде со децении, со кратки прекини, еден ист човек ја држи власта, а истиот години наназад го прави најголемото документирано злосторство во модерната историја!
И Венко со својот рејтинг од 5% се јави со коментар. Причинско-последичност на падот на Вучко е еден несреќен настан, идентичен каков што ја закити неговата политичка кариера. Наместо да се скрие, да се повлече од политиката и да ужива во политичката амнестија додека се гоштева со плодовите од својата некогашна политичка моќ, зел да сере! Ова е серење. И нема ништо за Бугарија, каде има претседателски избори. Нема ништо за Албанија, кога со недели се соочува со демонстрации. Само за Србија.
Срамно е Венко, при секоја криза имаше помош од тој режим, и вакцини, кои многу подоцна последен ги набави во Европа, и отворени пунктови за вакцинација. Ова е од твојот ресор Венко. Истиот режим ги отвори и вратите кога требаше помош за Кочани. Здравствен систем кој го остави во руини. Истиот режим ви дотрча со авиони кога ви изгоре пола држава. Истиот режим ви даде пченица. Каков и да е, тоа е нивен режим, ама почитувај ги плодовите од истиот кои донекаде ја амортизираа твојата неспособност. Зар навистина сметаш дека си способен да водиш цела Влада, цела држава, кога покажа крајна неспособност при водење на еден ресор, сегмент од власта?