Омраза меѓу двата народа? Од македонска има силно изразена етничка и национална омраза кон Блгарите. Види ги постовите погоре: "Бугарите општо заеднички како нација се наши противници", "Овие татари се само грчки слуги" и така натаму.
Од блгрска страна тешко ќе најдеш омраза и во најтролските форуми.
Дали воопшто размислувате што пишувате? Која македонска власт, конкретно, ви направила нешто лошо? Во периодот за кој зборувате, народот се борел против окупацијата - немало македонска државна власт. А ако зборуваме за окупации, тогаш треба да се признае дека луѓето се бореле против сите окупации, а не само против една.
Од друга страна, ако бугарската власт ја претставува волјата на целиот бугарски народ, тогаш по истата логика и македонскиот народ треба да се поистоветува со секоја одлука на своите власти. Зошто тогаш едните се осудуваат колективно, а другите се оправдуваат?
Како може да биде прифатливо на човек да му кажете: „Ти не знаеш што си. Седи, чичо ќе ти објасни. Додека не ја прифатиш мојата верзија, нема да бидеш примен меѓу големите“? И тоа на три милиони Македонци.
Што сме ние тогаш - мали или неспособни сами да одлучуваме за сопствениот идентитет? Тоа, очигледно, го мислите и вие, и Грците, и дел од европските политички кругови за Македонците. И не станува збор само за луѓето во Македонија, туку и за Македонците ширум светот.
Проблемот е што сопствената идентитетска несигурност ја проектирате врз другите. Не, ние Македонците немаме „резервен идентитет“ и не ни е потребно некој друг да ни кажува кои сме. Ако навистина сме „исти“, тогаш зошто постојано се инсистира на поделба меѓу Македонци и Бугари - но само кога тоа политички ви одговара?
А што се однесува до бугарскиот идентитет, и од секогаш постојат различни толкувања и политички определби: Македонци, Бугари, Татари, Киргизи, Тракијци — зависно од периодот и од политичката потреба. Се барало и приближување кон Советскиот Сојуз (три пати е барано да стане советска република, а Русите ве одбиваат), а денес сè уште се водат расправи дали Бугарија повеќе припаѓа кон Истокот или кон Западот.
За грчкиот идентитет да не зборуваме: Македонци, Хелени, Римјани; катаревуса и димотики; Константинопол и Атина; Европа и Балканот - сè во зависност од историскиот момент и политичкиот контекст.
Исто така, голем дел од албанскиот политички и идентитетски простор сè уште се движи меѓу Тетово, Приштина и Тирана; меѓу различни религиски определби и различни геополитички ориентации.
Аман веќе. Оставете нè сами да одлучуваме кои сме и како ќе се определуваме. Ние не сме заблудени. НИЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ.