Тука коментираме книги

  • Креатор на темата Креатор на темата LiquidHeII
  • Време на започнување Време на започнување
Си направив јас моја топ листа на најдобрите екс-ју романи (од тоа малку што имам прочитано), ако некому нешто значи:

1. Црна мајка земја - Кристијан Новак
2. Улавите години - Бранко Чопиќ
3. Мостот на Дрина - Иво Андриќ
4. Хотел Вартбург - Зоран Жмириќ
5. Случајот на сопствената погибел - Кристијан Новак
6. Циганин, ама најубавиот - Кристијан Новак
7. Кога цветаа тиквите - Драгослав Михаиловиќ
8. Смоква - Горан Војновиќ
9. Календарот на Маите - Зоран Фериќ
10. Југославија, моја дежела - Горан Војновиќ
11. Волга, Волга - Миљенко Јерговиќ
12. Дервишот и смртта - Меша Селимовиќ

Во моментов читам уште 2 кои многу лесно можат да влезат во овој топ 12.
 
Некој се помачил и направил листа на 100 најдобри писатели на сите времиња - опишано си е се од методологија и така. Прво место како да предосеќав Џојс, Шекспир е трет. Повелете листата - https://the79percent.wordpress.com/...-writers-finding-the-best-writers-in-history/
 
Ова е веројатно најтешкото и најневозможното нешто да се погоди, но ај сепак да пробаме - утре ќе го соопштат добитникот на Нобелова награда за книжевност за 2026. Што мислите, кој би бил новиот лауреат?

Според Guardian, фаворити за годинава се канадската поетеса Ен Карсон и кинеската експериментална писателка Чан Ксју (ако добро го транскрибирав ова). На трето место го ставаат Харуки Мураками. Понатаму следуваат: Џералд Мурнејн, Томас Пинчон, Маргарет Атвуд, Кристина Ривера Гарса, Енрике Вила-Матас, Џамајка Кинкејд, Лидиа Жорге, Људмила Улицкаја и Мишел Уелбек.

Се спомнуваат и имињата на Карл Ове Кнаусгард, Алексис Рајт, Колм Тојбин, Цезар Аира, Дебора Леви, Дон ДеЛило, Емануел Карер, Лејла Абулела, Мајкл Ондатје, Мирчеа Картареску и Салман Ружди, но ова се long shots.

На крај ќе испадне некој кој не ни е на оваа листа, ама ајде, ќе видиме.
 
Ен Карсон со Нобелова награда за книжевност за 2026. Овојпат немаше изненадување!
На македонски нема преведено ништо од нејзините поетски и есеистички книги. Само поединечни песни.
 
Сѐуште немам ништо од Мураками. Сакам 1Q84 да ја купам, па сакам баш предлог дали да ја читам на англиски или македонски. Дали има добар превод на македонски?
 
Сѐуште немам ништо од Мураками. Сакам 1Q84 да ја купам, па сакам баш предлог дали да ја читам на англиски или македонски. Дали има добар превод на македонски?
Одличен е преводот, ама третиот дел ја нема. Читај ја Норвешка шума прво.
 
Или Безбојниот Цукуру. Немаш утка со него.
Може и Цукуру, ама јас сепак би одел со Норвешка шума прво. „Норвешка шума“ е „Касни порасни“, па после „Јужно од границата, западно од сонцето“ е Зоки Поки. „Безбојниот Цукуру Тазаки...“ е некаде „Хајди“...

Ама „1Q84“ е „Процес“. :D
 
А кафка на морето е Замок :D

Што и да фаќа само Спутник Љубов да не фаќа. Тоа ти е крајно промашена книга, едино нешто од Мураками што не вреди да се помисли а камо ли прочита,
 
А кафка на морето е Замок :D

Што и да фаќа само Спутник Љубов да не фаќа. Тоа ти е крајно промашена книга, едино нешто од Мураками што не вреди да се помисли а камо ли прочита,
Мене ми се читани “1Q84“ првиот дел, “Норвешка шума“, “Прво лице еднина“ и не се сеќавам дали ја дочитав “За што зборувам кога зборувам за трчањето“. Знам дека ми беше многу досадна. Ај, да ми помине кризава, читам трилерчиња, па може ќе фатам уште некоја негова книга.

“1Q84“, првата, ми е низ магла, знам дека имаше некоја жена-убиец кој убиваше со игла. Читана ми е пред Х години. Тогаш ги немаше втората и третата книга, па ја подарив. Пред неколку месеци ми рекоа од Три дека очекуваат да ја реиздадат и третата книга, ама ништо. :D
 
Ако го владееш англискиот, не си ја мачи душичката и трк до Академска. Worth every penny.
Башка кога ќе видам кој го преведувал Мураками во ТРИ.... Имаше еден „скандал“ со преведувачката. Се згазив од смеење по коментарите што им реплицираше на критиките.
 
Пред неколку месеци ми рекоа од Три дека очекуваат да ја реиздадат и третата книга, ама ништо. :D
Мене 5 години ми го зборат тоа. Се сеќавам по короната, Саемот што беше на отворено зад Борис Трајковски салата, на штандот на Три продаваше Милош Димковски (Евгениј Хоуп). Уште тогаш прашував, тој ми кажа дека е во план реиздавање. Од тогаш он го сврте 3 пати светот, еве и нов роман издаде, а Три не го реиздадоа третиот дел.
 
Магор требале да ја реиздадат “Лолита“, но преведувачите ги уценувале, наводно им барале значително поголема сума на пари од првичното, првото, издание, што овие се откажале. Не знам што тука ја кочи работата, кога го имаат текстот. Имаат и корица. Технички имаат се', па дури имаaт преведено 15тина книги од авторот.

Едицијата “Безвременски“ им е полн погодок, надвор од ова, издаваат се помалку и помалку книги за моето око. Може е до мене, субјективно, но имам впечаток како да го губат чекорот. Антолог и по потопот, вади нови изданија. Ламина секоја година вади цели едиции. Овие се повеќе посветени на селф-хелп. Аргументот е дека ова вагање помага да се финансираат и други проекти, ко овие модерни класици.
 
Мислиш за ТРИ.
Ги гледам ептен каскаат зад другиве, огласот за „книжар“ им е нон стоп отворен што ми дава мнение дека често им бегаат вработени. Или пак не можат да најдат нови асални.
 
Back
На врв Bottom