Ptolomej
Дрвен адвокат
- Член од
- 7 август 2005
- Мислења
- 1.918
- Поени од реакции
- 1.388
Мајкл ми беше еден од омилените пејачи ко бев дете и во раните тинејџерски години . Го имав и албумот Трилер на оригинална касета во издание на Suzy Љубљана кои во бившата ни држава издаваа странски албуми . Според мене Трилер е еден од најдобро продуцираните и снимени албуми воопшто во музичката индустрија ( заедно со The dark side of the moon од Пинк Флојд ), а поготово за тоа време беше врв . И другите албуми на Џексон му се прилично добри , ама Трилер е врв во секој смисол . Плус еден куп познати музичари му имаат свирено гитари на неговите песни ( Еди ван Хејлен на Beat it , Слеш на Black and White итн. ) . Башка шо е ко-автор на We are the world заедно со Квинси Џоунс . Како и да е бидејќи веќе ги постиравте дел од моите омилени песни од Мајкл , нема да одам со Beat it која уште не е постирана ( веројатно ќе ја постира некој друг ) туку со еден дует и песна која беше голем хит во осумдесеттите .