Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување
@FilipMKD007 и останати (полу)професионални аматери :D можеби е некогаш дискутирано ова, но кој ќе листа 200 страни: освен трчањето правите ли некакви вежби за листови, зглобови, мускули на нозете и тн. специфични за трчање? Јас дури и не се ни загревам баш како што претпоставувам многумина ги мрзи, првите 3-4 км ми се загревање.

Ја многу повеќе ја осетив трката мускулно истрошен отколку аеробно. Дури се изненадив бидејќи на многу тренинзи кога сум трчал темпо/интервали сум ги имал тие тешки моменти, задишаност при крај кога треба да стегаш заби и да туркаш и тука очекував дека ќе дојде таков момент каде што ќе преговарам сам со себе и ќе жалам за одлуката, меѓутоа не дојде ни блиску до тоа, супер ми беше од почеток до крај иако како што се ближеше крајот посебно последните 5км забрзував сѐ повеќе. Очекував пулсот дека ќе ми се качув многу повисоко (максимумот што достигнав од целата трка и тоа на самиот финиш некаде ми беше ист со пресметаниот LTHR на гарминот, што секако е естимација само, сега го корегира +2, а просекот -6 од тоа), сензорот е 5та генерација и мислам треба да е доста прецизен, но се поклопува и со моето лично чувство. Што од една страна можеби звучи добро, но од друга ми го дава она чувството дека не сум го дал максимумот и требаше многу порано да загризам, премногу резервиран бев посебно во првата половина,ама ми беше прво реално искуство на трка на полу па не сум премногу разочаран.

Но мускулно осетив дека не ми е баш тренинг. За време на трката осеќав дека е напор, но не и пречка во моментот, не истрошеност за да се откажам. Веројатно нормално до некаде ден два да осеќаш последици после напорот, на тренинг не се трча и со тој интензитет и со таа должина. Но сепак претпоставувам можам тука нешто да направам плус што потенцијално ќе ми овозможи да се подобрам. Знам дека има милион видеа со вакви онакви вежби и препораки но ме интересира лична перспектива и искуства на други.
 
Рекреативец само и јас, ништо повеќе, само сум имал среќа почетната точка од која сум почнал да спуштам да е доста брзо време (прв полу 1:31 ми беше) поради генетика, константно спортување, километри и километри секојдневно пешачење од мали нозе (немавме автомобил).

Е сега, одлично што не си се истрошил аеробно, туку само мускулно и браво што си влегол резервирано, бидејќи поголеми дистанци со ум се трчаат. Многу е подобро нозе да се изморени, отколку на сред трка болка во стомак да фати од издишаност и да стега, па секое зимање воздух да е болно и буквално низ голгота да поминуваш, само бидејќи си се чувствувал свежо и на почеток си се залетал, грешка што многу ја прават. Истите тие често и мораат да одат во сред трка или да намалат тотално пејсот дур не ги пушти болката, па дупло ги плаќаат тие секунди/минути добиени со првите километри на стартот. Чим спомна Гармин сигурно имаш лактатен трешхолд пејс што ти покажува кај “predicted times", немој да го пробуваш директно на полу тој пејс, пробај го на 5ка, па на 10ка. Имај контрола цело време на трчањето.

Е сега околу мускулатура, мене ми има и доста помогнато тоа што активно одам по планини, возам велосипед, но и повремено одење во АТГ во Хром. Знам дека и на други им има помогнато за зајакнување мускулатура и вадење подобар перформанс на трки. Таму се работи на зајакнување, флексибилност, експлозивност на сите делови од ногата, некои работи како ножни прстиња, кои шанси нема да се работат во обична теретана, ти се работат таму. Имаат програми ATG Zero (сите вежби можеш и дома сам да ги правиш од оваа програма, јас си ги правам дел после трчање), имаш и Runner програма. Еве ја Zero програмата за што станува збор: https://www.scribd.com/document/869788949/Atg-Zero-Program. Придобивка од АТГ лично најмногу почувствував директно на спуштање на планинските трки, кога сум виткал зглоб со цела тежина и брзина, ништо не ми било освен блага моментална болка, а во АТГ доста се работи на зајакнување на зглобови преку ротации со килажи. Исто така, одвој време од секој тренинг било кога да направиш drills, јас ги правам измеѓу загревањето и брзините, доста помагаат за техника и правилно трчање, подеднакво да оптерети секој ден и да превенира прекумерно оптеретување на одреден дел. Особено основните како high knees, butt kicks прави ги.
 
Често читам, ретко пишувам, ама после добро истрчан полумаратон мора да се пофалиш насекаде.
Почнав со трчање пред околу две години и се до март оваа година трчав без некој план и програма.
Со помош на chat gpt го истрчав Скопје Ран за 45:30, а потоа и Охрид трчат полумаратон за 1:52. Тогаш решив да се спремам посериозно за Скопски полумаратон.
Си купив Garmin и три месеци се спремав со негова програма.
Резултатот е 1:35:18 на 35 години и со тип 1 дијабетес веќе 12 години.
Последниот километар го истрчав за 4:12, така што веројатно имав сила и за уште побрзо време.
 
Back
На врв Bottom