Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
9. The Invite - Е ова е добро филмче! Не памтам кога последен пат сум го рекол тоа за некоја нова комедија, ама ова е навистина добро филмче! Препорака за сите кои не го гледале.
Додека ти ја читав листава се спремав да ти го препорачам овој ама си го фатил на време! Врв филм. Се согласувам со сите ревјус до сега, Backrooms само го немам гледано уште.
Следен филм што едвај чекам да го глеам е уствари документарецот за онаа од Теранос мрднатата, You can see everything се вика и искача на 15ти октомври така нешо.
п.с. Оак стрит ми беше најголем мајдфак и мене за на крај да сфатам дека уствари беше пресмешен и баш ко тебе не можев да прекинам да го глеам. Препорака исто и за Sheep Detectives од мене, исти тиер како Оак ми е :D
 
Coyote vs Acme многу добар филм. Првично сакав цел филм да е анимиран, а не пола-пола, али добро го осмислиле. Препорака за сите кои растеле со Којотот, Брзата Птица Итрица, Душко Долгоушко, Прасето, Паторот, ‘Мислам дека го видов мацолот’ и останатите Looney Tunes ликови…
 
Додека ти ја читав листава се спремав да ти го препорачам овој ама си го фатил на време! Врв филм. Се согласувам со сите ревјус до сега, Backrooms само го немам гледано уште.
Следен филм што едвај чекам да го глеам е уствари документарецот за онаа од Теранос мрднатата, You can see everything се вика и искача на 15ти октомври така нешо.
п.с. Оак стрит ми беше најголем мајдфак и мене за на крај да сфатам дека уствари беше пресмешен и баш ко тебе не можев да прекинам да го глеам. Препорака исто и за Sheep Detectives од мене, исти тиер како Оак ми е :D
Сега случајно видов дека всушност и еден од најсериозните кандидати за номинација за Оскар е. И би било презаслужено да ја добие, стварно многу добар филм.
 
Залади надвор, нема кај да се оди. Јас се опоравувам уште па периодов имам мноооогу слободно време за филмови. Изгледав се што ми фати око од 2026, во Времеплов - предизвикот веќе немам нешто што би сакал да гледам од 2011, па така почнав да гледам други филмови кои некако сум ги испуштил, плус го репризирав Dune пред третиот дел да излезе.

И сега ми доаѓаат некои идеи за некој нов предизвик на форумов. Затоа сакав да прашам - дали има заинтересирани да почнеме нешто ново? Имам на ум неколку можни предизвици:

1. Пат околу светот - сите држави во светот поделени во 100 региони, и по 1 филм од секоја држава/регион секоја недела
2. Историја на филмот - 50 филмски движења, периоди, жанрови - по еден филм од секој од нив
3. Историја на филмот - 100 филмски движења, периоди, жанрови - по еден филм од секој од нив (исто како 2, само порасцепкано и подетално)
4. 100 највлијателни режисери во историјата на филмот (од Жорж Мелие до Кристофер Нолан) - по 1 филм од секој режисер, секоја недела
5. 100 најпознати и највлијателни режисери на денешницата (21 век) - по 1 филм од секој режисер, секоја недела

Ако има заинтересирани, пишете. Може и ваши идеи, секако. Листите за сите 5 идеи веќе ми се спремни (секако, со помош на AI). Ама секако, секоја сугестија е добредојдена.
 
(y)

За вториот и третиот предизвик би можел да ве дружам. За останатите малку тешко. Претходно имав идеја- да се земат идеи од "30 дневните предизвици" и да станат "30 месечни предизвици". Наместо предизвикот да трае 1 ден, ќе трае цел месец. Дури и може модификација на самиот предизвик, пример, со генератор да се избира наредниот предизвик, да не биде хронолошки.

Убаво е да има уште еден поопшт предизвик, покрај Времепловот. Рулетот е конкретен, сведени сме на еден филм, кој покрај останатите субјективни причини, може ни е гледан и не секој сака да го репризира. Колку поопшт предизвик, толку подобро.
 
Претходно имав идеја- да се земат идеи од "30 дневните предизвици" и да станат "30 месечни предизвици". Наместо предизвикот да трае 1 ден, ќе трае цел месец.
Ова не го разбрав баш.
 
Ова не го разбрав баш.
30 дневниот предизвик беше месечен предизвик каде треба секој ден во месецот да се гледа по еден филм во склоп на дадениот предизвик. Џонтра имаше нешто со датуми, на 01.11 се гледа филм кој има „1“ или „еден“ во насловот, на 02.11 кој има „2“... Сега тој предизвик нема да трае 1 ден, туку цел месец (може и две недели, само го пласирав како идеја). Имаш 30 предизвици, тие ќе траат вкупно 30 месеци. Мислам дека сега е малку појасно.
 
Да, сега е појасно, само што не ми се допаѓаат баш категориите во предизвикот, некако се многу општи и неспецифични. Пр. има - филм што ме натерал да плачам. Како ќе знам дали филмот ќе ме натера да плачам ако го немам гледано? Или: филм што ме потсетува на детството. Ова би функционирало само ако филмовите што ќе ги гледаме ни се репризи.
 
Јасно, но можеш да си направиш какви сакаш предизвици, колаж. Тоа што го пратив е да се има само слика на што алудирам. :)
 
Сега ги прегледував категориите - овие 2 за историјата на филмот, филмските движења, правци, периоди, епохи и жанрови е малце по-не-за-сите. Во поголемиот дел од нив ќе треба да се гледаат авторски, артхаус филмови од специфични временски епохи. Пр. еве, има категорија: Кајџу (Kaiju) - тоа се јапонски филмови за џиновски чудовишта (пр. Годзила). Или: Советски послевоен хуманизам и поетика (Тарковски, Параџанов, Шепитко, Калатозов). За тие кои сакаат да научат многу повеќе за историјата на филмот, ова е супер предизвик. Но не верувам дека би бил широко прифатен и многумина би се вклучиле.

До душа, што и да одбереме не верувам дека многумина би се вклучиле, ама... Нејсе, чекам други мислења. Ако сте за, може да почнеме со нешто.
 
Јас мислам дека најдобро е прво да го избутаме предизвикот што моментално го правиме.
Лично за мене зборам дека немам време и тешко дека би се вклучил во некој нов, но пример ти Злате имаш сега, или неколку месеци унапред, но кога ќе немаш време предизвикот ќе замре оти ќе бидеш сам.
 
Michael - се чини се е на место, ама многу, многу, многу стерилен филм. Никаква емоција не почувствував. Можеше ова да изгледа многу подобро ако му се дадеше малку длабочина. И мораше! Вака изгледа како еден површен спектакл.

А инаку, ми се допадна делот со децата и неговата фасцинација и блискост со нив. Човекот изгубил еден дел од неговиот развој - детството, затоа цел живот бил дете. Сега ми се многу појасни и поразбирливи сите оние работи кои беа изнесени во документарецот Leaving Netherland за него, односно можам да најдам објаснување за нив. И за неговата ексцентричност, исто така.
 
Од креаторот на Bohemian Rhapsody, само што филмот за Фреди имаше кулминација со концертот на крајот, а Michael немаше. Сепак, океј филмче малку да не врати во времето. Инаку глумецот му е внук на Мајкл, син на еден од неговите браќа. Не е актер воопшто, одбран е поради изгледот и фамилијата.
 
Не е само кулминацијата туку цел филм беше некако без да предизвика некаква, било каква емоција. Да, дефинитивно не врати во времето, еве веќе пола саат гледам видеа од песните на Мајкл (иако јас сум растен во едно подоцнежно време на Black or White, Earth Song и They Don't Really Care About Us, кои ги нема во овој филм, завршува нешто пред нив).

А инаку, Michael е првиот биопик во историјата и трета драма воопшто што заработила над една милијарда долари на Box Office.

Џафар знам дека му е внук. Мајкл има инаку уште еден постар брат и еден помал и уште една помала сестра од Латоја - Џенет Џексон (всушност најпознатата, таа која сите ја знаеме), од кои сите тројца, на нивно барање не се вклучени во филмот.
 
А инаку, Michael е првиот биопик во историјата и трета драма воопшто што заработила над една милијарда долари на Box Office.
Тоа покажува колку беше голем, веројатно најголемата планетарна ѕвезда во 80-те и 90-те, во конкуренција на музичари, спортисти и актери. Единствено Мајкл Џордан може да е пред него, и тоа е дискутабилно.
 
Back
На врв Bottom