Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Јак стап ако не игра, јакиот играч.
Ништо не го врзува за Македонија, а и такви играчи што играат во Америка/Австралија тешко е да ги донесеш да играат. Ни на пријателска можеш да ги пробаш, ни бутур.
Не е ни толку млад за да се трескаме по него, 27 години има. А и МЛС една прејака лига што е...
 
Не е проблем што губиме , никој не ни очекуваше нешто повеќе од пораз. Швајцарците се на секое поле три класи изнад , посебно кондиционо. Убива у поим неможноста да изнесеме топка од наш шеснаесетник и да се приближиме до нивен. За шут кон гол и да направиме некоја 100% шанса нема теорија. Као да сме Лихтенштајн, а и коа ќе видиш со формава на фудбалериве и со тоа дека сите се резерви во своите клубови (со мал исклучок ) бетер сме и од нив. Тапа, ептен тапа.
Тие не летоска на светското од Аргентина беа кондиционо 3 пати подобри а не од дупкиве наши. Да не беа судиите на страна на миџетчето, и црвен картон да не добиеа неоправдано кур ќе свиткаа ако играа 11 на 11 со коњиве.
 
Илјада пати се повторуваме тука со истото, овде сме поделени на една група која очекува пласман без проблем на ЕП/СП и друга група која смета дека сме ужасно лоши. Средина речиси и да не постои. Искрено, кога ќе прочитам „Мрме да се врати", желудник двапати ми се превртува. Човекот едвај лиценца зема, после читавме и како, не го побара ниту еден ебан клуб, ете го сеа продава семки во Куровмистан. Ние имаме 2,5 играчи и останатото е тешка боранија која годишно не игра вкупно 90 минути, а тука жалиме како да сме изгубиле од Сан Марино. Со кого да се спротиставиме на Швајцарија? Тие мамето им го расплакаа на Аргентинците, а што да очекуваме дека ќе направат на селекција како нашава што е село без кучиња.

Столе е добар голман, иако знае тешки киксови да направи, но знае и невозможни топки да одбрани. Другите голмани се катастрофа.

Илиевски до вчера во Струга играше, сега во Тирана. Зајков има повеќе натпревари за репрезентација него за сите клубови во кариера. Вчера со гз се врти при голот. Муслиу еден меч добар, на пет наредни мизерија со задолжителен поклонет гол. Лев бек кого и да ставиш ќе дува промаја. Замени се Младеновски кој не знае нормално да се позиционира, Меличи кој ја покажа и докажа разликата од играње во аматерско првенство против Арсими и пресериозен натпревар со Швајцарија. Останатите на исто ниво со последниве двајца.

Средниот ред е исто катастрофален. Барди и Елмас не играат ништо, вториов од сезона во сезона пропаѓа ко железничката во Север, Гаштаров нешто се обидуваше, другите не вреди ни да се споменат.

Генијален потег на веѓата да почне со Миовски и Растодер во напад, исто како Липи на времето да играше со браќата Инзаги. Коњот од Батинци не вреди ни да се коментира, срам за цела фамилија, Вардар, а и општо за фудбалот. Таков антиталент не постоел во нашиов фудбал, нема работа во која не е ужасен.

Носовскава веѓа коњарска си е одговорен за сето ова, трчаше да седне на клупа, сега нека си го срка бламот, иако коњов заедно со цела негова тајфа е опериран и од срам и од блам. Списокот не му го правев јас за сега да измислува криви дрини, за самиот повик на татиниот син треба да не го дочека наредниот натпревар, секако во нормална држава и општество.

Овие Илоски-Милоски и слични америко - австралиски "таленти" курот ќе го скршат од промени, МЛС лига е на ниво со српскава, австралиска со нашава. Тој со топка не можеше да се состави во данска лига пред некоја сезона. Плус човекот упорно одбива, така да поззз. Него, што се случи со оној другиот - Мусовски?

Каква е иднината и какви генерации доаѓаат, верувајте дека за некоја година овие сегашниве ќе ни изгледаат како Бразил со Пеле, Вава и Гаринча.
 
Седло го зема жарчето у рака…Мрме и Боби имаа среќа да играат во лига нации Д и Ц т.е со репрезентации како Естонија Арменија Лихтентштајн Латвија итн, си билдаа победи со тие репки…Мрме се пласираше на ЕП преку лига нации..Боби исто сите победи му беа со такви репки…Најголем хендикеп е пензијата на Гочето после него немаме лидер…
Што има ти него да го браниш. И Боби играше со Белгија два пати и не беа поразенни (да не збориме Италија и Англија дома не не победија, или Германија на гости со Мрме). Мрме имаше среќа што го имаше Пандев и играчи кои играа за клубовите, толку.
Овој Седло препека да стане селектор и секакви опструкции се правеа за дојде до тоа. Прво се чекаше на утакмицата со Белгија во Скопје, не успеаа, па утакмицата на гости со Белгија, не успеаа, за на крај со Велс да се тријат раце. Епа еве му го на. Прокоцка бараж меч со ниту еден шут на гол, домашен пораз од Швајцарија после подолго време и тоа убедлив. Да биде иронијата поголема, имаме и поголема трева за Швајцарциве да скршат нозе на терен и да имаат до 2-3 шута на цела утакмица - и тоа не помогна. Така да не го зел жарчето. Сега ќе си срка тоа што си дроби. Нека го стави Азер цела утакмица и со Словенија и со Шкотска да изигра. И Масар нека го стави во одбрана таму. Добро се напиша погоре - оперирани од срам!
 
Убаво кажуваа одредени членови дека ке го бараме Милевски (иако и јас бев од тие кои бараа да го тргнат). Овој е тотално изгубен во простор и во време, не знае кај тера. Па вадеа муабети дека бираат меѓу Билиќ и Седло и на крај го избраа Седло ради неговиот борбен дух колку што се сеќавам. Ебате борбениот дух кога не сме шутнале на голот... Играчите се тие кои што се, кој и да се донесе нема да направи некоја разлика кога најдобрите не играат во клубовите, а за жал од оние кои играат, со една нога се подобри. Проблемот е во тоа што немаме никаков план во играта, никаква акција никаква игра, уште се форсира онаа акција од времето на Мрме по левата страна кога играат Елмас, Алиоски и Барди, но тогаш го имавме и Пандев, а сега никој... Не е проблемот да се изгуби од Швајцарија која патем е 14 на ФИФА листата, проблемот е да се изгуби така ноншалантно без борба... Ужас, се враќаме во времето на Величе и компанија, дури и во тоа време игравме подобро одколку сега...
 
Ние аматери одиме да гледаме репрезентација на Македонија, ама тие фудбалери што се кажуваат за професионални, како можат да играат со Омерињо? Срам мене ме фати како аматер. Да влезеше на маалски фудбал, никогаш повеќе фудбал на телевизија немаше да гледа .
 
Ги оставија цените на картите истите. Хррк пуу! :cautious:
 
Па сигурно половина и повеќе стадион беа од штабови носени. Сите дпнеовци и коалициони партнери што ги имам на ФБ имаа ставено сториња од стадион. Еден колега што поим од фудбал нема и е тежок штабоман на дпмне, исто така решил да оди ;)
Намерно е таа цената на картите за да играат пред одбрана публика. И тие "навивачки групи" што се присутни, сите се со партиски карти влезени.
 
Ние аматери одиме да гледаме репрезентација на Македонија, ама тие фудбалери што се кажуваат за професионални, како можат да играат со Омерињо? Срам мене ме фати како аматер. Да влезеше на маалски фудбал, никогаш повеќе фудбал на телевизија немаше да гледа .
Затоа што со настап за репрезентација многу полесно ќе се продадат во странство (читај: врвот им е Унгарија и Романија), ги заболе дали играат со Азерињо или некој налик него, секако потенцијалниот успех со репрезентација им е во втор план. Како беше: она од кое паметниот се срами, будалиот се фали, така и овде со "голгетеров".
Автоматски споено мислење:

Па сигурно половина и повеќе стадион беа од штабови носени. Сите дпнеовци и коалициони партнери што ги имам на ФБ имаа ставено сториња од стадион. Еден колега што поим од фудбал нема и е тежок штабоман на дпмне, исто така решил да оди ;)
Намерно е таа цената на картите за да играат пред одбрана публика. И тие "навивачки групи" што се присутни, сите се со партиски карти влезени.

Плус знамиња и транспаренти од истите групи и фаци кои се константно на репрезентација, а не се појавиле на натпревар на локалните клубови или уште пострашно не се ни замараат што им пропаѓаат клубовите.
 
Back
На врв Bottom