Con Artist
the man with the key
- Член од
- 1 мај 2012
- Мислења
- 5.964
- Поени од реакции
- 23.909
Нема идна конкуренција, тие се. Конкуренција само Кина, друг никој што допрва ќе влегува во играта не може да фати чекор, ниту па да е некаква конкуренција. Евентуално ако некој измисли топла вода и нова архитектура.Најверојатно е комбинација од повеќе работи. Дефинитиво има опасност од овие случаите што ги спомна. Можам да замислам какви случаи на AI Hacking има што не се објавени во јавноста.
Ама едно нешто што OpenAI и Anthropic сакаат да постигнат е да ја оновозможат идната конкуренција. Со тоа што има еден куп open source AIs, може многу лесно било кој да почне да развива. Ако успеат да го "успорат" процесот, ќе ја успорат конкуренцијата. Тие веќе секако се изградени компании (и го направија тоа без никакви регулации) ама затоа сеа сакаат да ги заебат тие што идат после нив.
На крај, може и не е толку лошо ова за нас, затоа што ризикот од "секој може да развива AI" е исто голем. Си замислувам како ќе беше ако секој можеше да развива нуклеарна бомба пример (нормално ако ги имаш парите). Светот ќе беше многу поопасен него ли сега.
Антропик само оваа година има склучено договори и закупи за дата центри и процесирачки капацитети во вредност од над 500 милијарди долари. И допрва ќе се вложува турбо. Тоа значи дека не планираат некој посериозен застој, иако им се случуваат некои непредвидени инциденти (прашање и дали навистина се непредвидени). Можеби мало успорување додека се усогласат со некои работи, ама далеку од думерските прогнози кои циркулираат во јавност.
Секако и тие AI safety and transparency регулативи, независни надзорни тела и сл. кои ги бараат, да може секоја компанија транспарентно да го следи развојот на другите компании, им е добредојдена, бидејќи се неколку чекори пред нив.
Комбинација од повеќе работи, да, ама би рекол дека многу повеќе е хајп пред да излезат на берза, отколку нешто друго. Не дека ги потценувам инцидентите со хакирањето, имаат стварно јаки модели кои допрва треба да излезат, и логично е да сакаат да се заштитат од проблеми, тужби и сл., ама сепак мислам дека ова другото повеќе преовладува.
). Ќе остане на државите да го регулираат развојот на AI и да овозможат контролирана конкуренција.
