Да не кажам 90%, али 75% од проектите кои секоја година се најавуваат како GAME CHANGERS во Македонија на секои избори, се проекти од 70тите и 80тите, од Македонските проектни бироа на Железница и градежните фирми, зошто во тие времиња инвестицискиот фокус на Федералниот буџет на Југославија требало да се префрли тука и требале да понудат проекти.
Траси за железница, патишта, хидроцентрали, термоцентрали, гас,итн ... Нашиве само од време на време ќе извадат од фиока некој од тие проектите, а многу често и истите проекти само ги врткаат и готово имаат нов проект со кој ќе ја спасат државата.
Проектот Вардарска долина е доста конзервативен проект, нема никакви утопистички ветувања или некој огромни зафати со кои би требало да се прават огромни релокации како на население така и на инфраструктура. Реално ние имаме сосема доволно финансии да го реализираме самите да не се крадеше толку многу и да сакаше нешто да се работи.
Тоа што мене ме нервира што телиња со нула денови работен стаж како Александар Николовски ќе ми збори за товарни возови од 200 км/ч а имаме 5 едвај функционални локомотиви. Братот бил ли во Нова железничка станица во Скопје да види во какво ругло е тоа претворено? Какви црни брзи пруги. Два камена да му дадеш да чува ќе ги голтне.
Две години е на власт и во тие тие две години беше:
- Против пруга за Бугарија
- Условно против пруга до Бугарија.
- Условно за пруга до Бугарија
- За пруга до Бугарија
- Недефиниран е за пруга до Бугарија.
За две години власт, сериозна влада и сериозна власт, ја завршува пругата од Скопје до Бугарија. А не уште да се врткаат на 5 км надвор од Куманово. И уште помалку министерот да дава изјави, каде го имало тоа според проект да се правело железничка станица на сред град ( се мисли на Крива Паланка). А каде да ја прават на Осоговски Манастир?
И после 2 години единствениот успех да му е да отвори "Градски воз", кој:
- Сообраќаи на пруги од Југославија
- Локомотивите се од времето на Грујо.
Се укинуваат линии кон Куманово, Битола за да има локомотиви да им го покријат Градскиот воз.