Затоа никад не би работела у ДЗР. Кај и да влезеш е хаос, а ќе треба да ќутиш.
Зашо, и јас влегов во фирма која беше хаос, па не ќутев, и еве одиме во нагорна линија. Зошто да ќутам?
Работите по сегменти, во твојот сегмент што ќе си констатираш, каква фактичка состојба и да утврдиш, ќе си евидентираш во извештајот. Дел ги побаруваш како изјави, и ги споредуваш со документацијата која ти е дадена како увид, со цел да ја проследиш работната рутина.
Башка во сите институции каде што влегоа, имаа одредени забелешки по работењето, во однос на апаратурата и механизацијата, исплата на плати и трошење јавни средства.
Имам соработувано со ревизори, и со надворешни и со државни. Надворешните се помрзливи, се потпираат само извештаите од работењето и толку. Државната чешла сѐ, попис, плати, административно следење на документација, фактури, извештаи од работењето, благајна, законски рокови, застареност на побарувања, долгови, камати, позајмици, кредити и други задолжувања, архива, јавни набавки, интерни процедури...извештаите им се далеку подетални, иако знаат ненамерно да испуштат одредени сегменти од работењето.
Сега, фирмите, независно дали се приватни за давање на услуга, производство, трговија на големо и мало, увоз/извоз, или во јавниот и државниот и мешаниот сектор, имаат различна суштина на работење, различни инспекторати се надлежни во одделени сегменти на работењето, и ревизорот, сам по себе, не може да има познавања од таа широка материја. Меѓутоа сметководството е универзално, тоа е душата на субјектот и како економист мора да знае точно каде да копа, со посебен акцент на даночните пријави.
Може да има превез за одредени работи, ама не може да се стави целокупен филтер на работењето. На крајот на денот, дел од информациите се од јавен карактер, посебно кога станува збор за трошење на јавни пари, државни или локални, па извештаите не смеат да бидат конкрадикторни со информацијата која излегува од субјектотот како одговор на информација од јавен. Башка и извештаите од работењето имаат степен на јавност, согласно закон, мора да бидат објавени на веб страните на ЈП и сите други институции кои користат јавни средства. Извештаите можат да се пеглаат, тоа не е спорно, но несомнено може да се политизира врз база на тоа кој го поседува политичкиот наратив.
Мене ме интересира што ќе најдат во Град Скопје, оваа година, на широко, се чешла работењето на Данела.
