Направија измени и во Лига на нации и во квалификациите за Европско и Светко и мислам дека не издупија сега за сите пари. Со ваков формат, шансите за пласман ни се не 0, туку -1. Ај вака, накратко:
Лига на нации:
Наместо 4 лиги, ќе има само 3: А, Б и Ц, секоја со по 18 репрезентации. Ние моментално нели сме во Б и со овие измени поголема е веројатноста и да останеме таму, зашто сега третопласираните во групите нема да играат бараж за опстанок, туку ќе си останат и во наредната Лига на нации.
Ќе има 3 групи од по 6 репрезентации, поделени во 3 шешири. Пример:
ЛИГА Б
ГРУПА А
Репрезентација А1
Репрезентација А2
________________________
Репрезентација А3
Репрезентација А4 (да претпоставиме дека ние сме ова, Македонија)
________________________
Репрезентација А5
Репрезентација А6
Да претпоставиме дека ние сме А4. Ќе играме 6 натпревари во групата, по еден дома и гости со по една репрезентација од секој шешир:
Репрезентација А1 - дома
Репрезентација А2 - гости
________________________
Репрезентација А3 - и дома и гости
Репрезентација А4
________________________
Репрезентација А5 - дома
Репрезентација А6 - гости
На крајот најдобрите од лигата Б влегуваат директно во А, вторите играат баражи за пласман во А, последните испаѓаат во Ц, претпоследните играат бараж за опстанок во Б.
Откако ќе се формира конечниот ранкинг, во квалификации за светско / европско, се пласираат во 2 лиги според пласманот во Лига на нации:
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СВЕТСКО/ЕВРОПСКО:
Ќе има Лига 1 со 36 репрезентации (сите пласирани во Лига А и Лига Б во претходната Лига на нации)
и Лига 2 со 18 репрезентации (сите пласирани во Лига Ц во претходната Лига на нации)
Од Лига 2 никој нема да оди на Светско или Европско, најмногу што може да направат е да дадат бараж за победниците по групи таму.
Во Лига 1 ќе има 3 групи по 12 репрезентации, исто поделени во 3 шешири, и исто, ќе се играат само 6 натпревари, по што ќе се одреди пласманот во групата. Пример:
ЛИГА 1
ГРУПА 1
Репрезентација 1-1 - дома
Репрезентација 1-2
Репрезентација 1-3 - гости
Репрезентација 1-4
_________________________________________
Репрезентација 1-5 - гости
Репрезентација 1-6
Репрезентација 1-7
Репрезентација 1-8 - дома
_________________________________________
Репрезентација 1-9 (да претпоставиме ова е Македонија)
Репрезентација 1-10 - дома
Репрезентација 1-11 - гости
Репрезентација 1-12
Значи по примерот на клупските натпреварувања, нема да играме со сите репрезентации во групата, туку само со 6: две јаки, две средни и 2 со ист ранк ко нас. Од тука, најдобрите во сите 3 групи од Лига 1 ќе играат на Светско / Европско, зависно од тоа колку се бараат таму.
Значи ако во некое време, испаднеме повторно во Лига Ц од Лина на нации, нема шанси да се бориме за учество на Европско / Светско. Тоа е привилегија само на ТОП 36 репрезентациите од Европа.