Сакам да споделам мое едно искуство, кое ми се деси Неделата. Не е Wizz во прашање, но е во врска со аеродромски пропуст! Кажете ми како е можно да имаш два печати во пасош за излез од Германија, притоа фино и културно си дошол на аеродром 3 и пол саати пред лет, поминуваш се фино и културно, скенер, пасошка контрола и потоа те тераат да поминеш уште една при што те доведуваат до тоа да твојот лет ти кидне, буквално(се случи и да ни пуштат мејл на некоја минута пред да стигнеме на гејт дека самиот гејт е сменат)! Сакам да прашам дали некому се има случено вакво нешто и како постапил во таа ситуација? Баравме да ни бидат вратени средства поради грешка од аеродром, но не ни беше прифатено.