GreenRoot
^Зелен^
Не само високото образование, туку целото образование треба да претепи измени и апдејт.
Се губат премногу години а се учат премалку корисни работи.
Се губат премногу години а се учат премалку корисни работи.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
...знаеш дека има побајаги вработени правници во администрација во болниците со само три години завршени, а со Дипломи од Правен дисперзиран факултет?И баш диплома од Правен. Бре!
Кој ќе биде методот на оценување, положил/неположил или? При усното оценување, со ист степен на знаење, три различни студенти можат да добијат три различни оценки. Се гледаат и други фактори, активност на предавања, време на одговор, говор на тело, самодоверба... Секогаш сакав писмено пред усно испрашување, иако усно не знам дали имам паднато.
Сум против приватните факултети, Европски, Фон, Источноафрички, Северноазиски, Мерко/Серко... Така Љочките не стигнаа по степенот на образование, се напикаа во секоја институција, а ретко кој има врска од работењето. Прехрануваме илјадници неписмени рамковни административни службеници кои знаат само да се потпишат на влез и да си одат на чај, а после и до џамија, и на излез, и да си одат дома. Нема потреба да има 30 правни факултети во оваа држава, доволно е еден, евентуално два.

Не само со дисперзираните, од УКИМ ништо поарни не се. Јас од тие селските интелектуалци не сум сретнувал. Од државен се бисерите што само набубале и не знаат што завршиле.Високото образование го уништи Грујо со дисперзираните факултети. Крај на муабетот!
Да де, па и тоа е дел од проблемот со дисперзираните студии. Да не се отвореше факултет во Свирипичино, немаше на УКИМ да има изнапримено и шуто и рогато, ќе имаше поголема селекција. Кога јас се запишував, имаше приемни испити на УКИМ. Требаше јако да го загрееш столчето и да освоиш колку може повеќе бодови на приемните за да те примат на факултет, зашто секој се бореше со својот максимум. Денес се запишуваат без проблем и студенти кои едвај завршувале средно, со двојка. А причина: зашто има слободни места, се отворија дисперзирани студии насекаде низ државата и секој шутрак може да заврши факултет.Не само со дисперзираните, од УКИМ ништо поарни не се. Јас од тие селските интелектуалци не сум сретнувал. Од државен се бисерите што само набубале и не знаат што завршиле.
Во мое време син и на Слободанка(ГФ) баталил студии ради неа. Полесно ќе поминеш со сандак муниција покрај патола на гестапо, него кај неа да положиш математикаДа де, па и тоа е дел од проблемот со дисперзираните студии. Да не се отвореше факултет во Свирипичино, немаше на УКИМ да има изнапримено и шуто и рогато, ќе имаше поголема селекција. Кога јас се запишував, имаше приемни испити на УКИМ. Требаше јако да го загрееш столчето и да освоиш колку може повеќе бодови на приемните за да те примат на факултет, зашто секој се бореше со својот максимум. Денес се запишуваат без проблем и студенти кои едвај завршувале средно, со двојка. А причина: зашто има слободни места, се отворија дисперзирани студии насекаде низ државата и секој шутрак може да заврши факултет.
Да, ќе заборавев - мој став е и дека ЕКТС системот е уште поголем проблем. Денес им даваат тестови со заокружување на испит. Јас богами требаше убаво да набубам се, зашто којзнае кои 3 прашања ќе ми ги постави додека умирам од трема и се заборавам, усно, пред професорот. 1 прашање = цела тема која треба да ја раскажеш усно.
. Или знаеш или не знаеш, нема трето. Јас и сам не знам како положив, тој пред мене имаше задачи што јас ги знаев, а он не и таа мене успат ме прашуваше со него, кјути
Не гледам. Не можам да знам 10 страни унапред дали е отворена нова тема.@Ska Maniac нели гледаш дека си офтопик?
Па кога не пишуваш домашно на времеНе гледам. Не можам да знам 10 страни унапред дали е отворена нова тема.

Јас сите испити ги полагав ем писмено, ем усно. Во сите 4 години само еден испит имав кој се полагаше само усно, без писмен дел. Крајната оценка беше просек од двете оценки. Не знаеш колку се радувавме кога некој професор ќе ни го заменеше писмениот дел со пишување семинарска. Усниот дел никој никогаш не ни го замени, немавме таква среќа.Во мое време син и на Слободанка(ГФ) баталил студии ради неа. Полесно ќе поминеш со сандак муниција покрај патола на гестапо, него кај неа да положиш математика. Или знаеш или не знаеш, нема трето. Јас и сам не знам како положив, тој пред мене имаше задачи што јас ги знаев, а он не и таа мене успат ме прашуваше со него, кјути
Во право си за број на запишани, три години по ред една катедра на ГФ има по 1-2 запишани во прв рок. Изгледа потегнуваат партиски врски да соберат 8-9 деца во втор рок. Какви критериуми какви бакрачи, викнати од дома да се запишат, што очекуваш? Во мое време или имаш 9-10 или паѓаш, нема средина. Ние на рака,таблици и со дигитрон решававме задачи. Сега и лаптоп им дозволуваат.
Макар што и тогаш имаше некои професори кои ни дозволуваа користење на литература при полагање. Велеа мене не ми треба некој кој знае на памет, ми треба некој кој знае како да го реши проблемот. Ако ти знаеш сега на која страна ти е задачата, ќе знаеш и кога ќе бидеш инженер.
...Владата тогаш често се повикувала на Болоњскиот процес и европските практики за масовизација на високото образование (зголемување на процентот на академски граѓани), но самиот модел на „дисперзија“ беше автохтона, домашна политичко-економска мерка на тогашната Влада со гавниот аргумент на Владата беше олеснување на финансискиот товар на семејствата од внатрешноста за децата да не мора да патуваат во Скопје или Битола, со цел да се постигне стапка од преку 90% запишани средношколци на факултет.Високото образование го уништи Грујо со дисперзираните факултети. Крај на муабетот!
Сѐ што е со приватна диплома треба да се разбрка. Не може да бидат изедначени државните и приватните универзитети. Тоа се брзи курсеви, си поднаучил нешто право, економија, бизнис, ко виша школа, степен над средно и под високо образование. За мене исто ко да нема факс, фрлил планина пари за да купи диплома....знаеш дека има побајаги вработени правници во администрација во болниците со само три години завршени, а со Дипломи од Правен дисперзиран факултет?
![]()
ДКСК: Синот на Талат Џафери положил правосуден пред да дипломира, но немаме како да докажеме, Правда не ја чува документацијата - 360 степени
Од Министерството за правда информираат дека Барлет Џафери положил правосуден испит на 5.2.2015 година, а потписот за...360stepeni.mk
... тогашниот Министер за правда изјавил дека во тоа време постоело „дискреционо право“ на министерот да одобри предвремено полагање со обична молба, а самиот Талат Џафери изјавил дека неговиот син не е одговорен за евентуални „институционални пропусти“.
... Барлет Џафери ја завршил Академијата за судии и јавни обвинители во генерацијата која дипломирал во 2023 година и подоцна бил избран за Јавен обвинител.![]()
Бијонс, dear, со сета должна почит, ама навистина би ценел твое мислење повеќе од се на светот. А не на ChatGPT....Владата тогаш често се повикувала на Болоњскиот процес и европските практики за масовизација на високото образование (зголемување на процентот на академски граѓани), но самиот модел на „дисперзија“ беше автохтона, домашна политичко-економска мерка на тогашната Влада со гавниот аргумент на Владата беше олеснување на финансискиот товар на семејствата од внатрешноста за децата да не мора да патуваат во Скопје или Битола, со цел да се постигне стапка од преку 90% запишани средношколци на факултет.
... арно ама Болоњскиот систем бара постојан менторско следење, опремени лаборатории и интеракција во голем академски амбиент, што беше невозможно да се изведе кога професорите само „патувале“ од град во град за да одржат по еден час, а самите факултети недоволно опремени за практични вежби, поради овие причини и пад на квалитетот и миграција, најголемиот дел од дисперзираните студии биле укинати или редуцирани по 2017 година,