Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 55: Високото образование во модерното општество е преценето и претставува фрлање пари)

Високото образование во модерното општество е преценето и претставува фрлање пари

  • Вкупно гласачи
    46
Се премислив, излечи се од стомачниот, очигледно ти го има нападнато нервниот систем, не можеш да расмислуваш. Се читаме кога ќе оздравиш. Во меѓувреме ќе одиме со @bijons на која ќе и ја препратам темата што сакаше да ја отвори за дипломите. Па ќе ја започне кога ќе дојде онлајн.
 
... еве контроверзен предлог околу образованието!

diploma-3-rotated-e1755680387730.jpeg

,,Високото образование (факултетот) во модерното општество е преценето и претставува фрлање пари.“

Факултетската диплома стана модерен бизнис, а не извор на знаење“ со се дисперзираните факултети кај нас.

ZA-PONEDELNIK-lazna-diploma-bih.jpg

Универзитетите денес се однесуваат како профитни корпорации со цените за школарина и ги привлекуваат студентите со „луксузни“ кампуси, наместо да го подобрат квалитетот на образованието, студентите се третираат како клиенти кои купуваат парче хартија (диплома), а не како млади луѓе кои доаѓаат да научат нешто корисно, особено во општествените науки) треба целосно да се укинат бидејќи создаваат невработен кадар“ државата и студентите трошат милиони на насоки (како филозофија, историја на уметност или одредени културолошки студии) кои немаат реална побарувачка на пазарот на труд, овие факултети треба драстично да се скратат или укинат, а фокусот да се стави исклучиво на STEM (наука, технологија, инженерство, математика) и занаети.

„Оценките и просекот на факултет се целосно неважни за кариерата и треба да се укинат“.
 
За мене, секое вложување во сопственото образование, било да е формално или неформално, никогаш не е фрлање пари, туку најважната инвестиција во сопствената иднина. Проблемот не е во самата диплома или факултетот, туку во пристапот на луѓето. Жално е кога ќе видиш некој што завршил факултет, а нема ни основни познавања и свест за животот, но тоа е грешка на поединецот кој студирал само за парче хартија. Оној што вложува во себе со цел да научи, да размислува и да се развие, секогаш ќе извлече вредност од знаењето.

И не дека по дифолт некој мора да заврши факултет, има толку многу начини на самоедукација, доедукација, неформална едукација, преку која некој може да се надоградува и да просперира. Во денешно време дипломата е само отскочна даска. Но се она што си ти самиот е инвестиција која произлегува од процес на учење.
 
Жално е кога ќе видиш некој што завршил факултет, а нема ни основни познавања и свест за животот, но тоа е грешка на поединецот кој студирал само за парче хартија. .
... на времето тие што немале основно познавање во основно и средно губеле година „понављачи“ ги викале, а тие на факултет без основно познавање не беа вратени од испитот туку така, добивале убава петка оценка во индексот која факултетски не е пролазна, да се знае дека нема основно познавање од испитот, Да, тогаш важеше дека е грешка на поеднинецот што не учел и се стремел за парче хартија.

... денес не е грешка на поединецот, туку на цел образовен систем од основно образованиие што го пуштиле без да знае да смета и пишува, па средно за да на крај факултетот му овозможи да бидне интелектуалец без основно познавање, а на кој начин конкурирал за влезе како ученик, студент само системот е крив!
Во денешно време дипломата е само отскочна даска. Но се она што си ти самиот е инвестиција која произлегува од процес на учење.
... денес факултетот е собирање пари од студентите што за испити што како мито да положи и можност да со политичка партија со дипломата завземе функционерско место.
... за оценките не напиша ништо, само колку ученици, студенти конкретно на Медицински факултет се самоубиле поради добиени пониски оценки од тоа што го заслужиле зашто не подмачкале како другите или не се деца на ВИП, односно нема никаков критериум од просек на оценки од факултет при вработувањето односно доделување директорска, министерска или било каква функционерска функција, тогаш воопшто нема потреба од оценки!
 
Последно уредено:

Да, системот денес е расипан и критериумите се паднати, но тој што сака учи ќе учи. Поединецот сепак има избор дали да има бескорисна диплома, или ќе ги искористи ресурсите за да научи нешто. Системот е крив за просекот, но поединецот е крив за својата површност.

За оценките не знам што да кажам. Можам да тврдам одговорно за моите оценки дека се добиени со труд и учење. Прилично солиден просек имам за на Медицински Факултет, ама не ми е тоа нешто со кое што сакам да мафтам и да се фалам. Повеќе ми значи, барем денес еве на специјализација, кога постари и реномирани професори ќе ми дадат признание за мојот труд.
 
Некој би рекол дека и животов е преценет, само затоа што сме смртници и еден ден секој од нас го чека истото, без разлика колку створил, учел...

Иначе да, високото образование е преценето у денешните модерни општества, па тек сега со ЕјАј итн...
 
Јас не ја знам ситуацијата во општествените науки. Макар што тие и во мое време почнаа да застрануваат.
Во нашава техничка бранша е блага катастрофа.
До диплома се доаѓа полесно од било кога, ама критериумот ммммм, куп магистри и доктори на науки кои не ја знаат основата на професијата :(
За 15 години во фирма поминаа 5 инженери, 2 магистри и највеќе можев да се потпрам на тие со средно образование од постарата генерација.
Најлошо поминав со магистрите. Им помагам и после разделбата, ама мислам дека и Дедо Господ треба да се потруди, јас сам сум малку во такви случаи.
Накратко зависи од човекот, имав луѓе кои случајно влегоа во струката, се прекфалификуваа и растур прават.
На запад дипломата ти е само да те пушти портирот за разговор, само резултати се гледаат.
Некаде застрани нашево образование, каде мислам дека знам, ама малку фајда од мојата експертиза.
 
Од образованието можеш да земеш, а можеш и да го пројдеш онака, пемпелето не значи ништо а патот што те довел до тоа пемпеле. И нормално, човек не треба да прекине да се надоградува.
 
... денес имаме ситуација на иста диплома но различен вложен труд, а богами резултат е незнаење при давање на здравствена заштита на болнички пациенти.

...тие кои завршиле четири години било кое средно образование (економско, туризам, земјоделство) се запишуваат на факултет за медицинска сестра со се медицинска сестра која завршила средно медицинско училиште и за три години сите добиваат иста Диплома за завршен факултет за мединска сестра и со тоа конкурираат низ здравствените јавни институции.

...четирите години поминати во учење анатомија, фармакологија, патологија и дежурства по болници во средното медицинско училиште „исчезнуваат“ како формална предност во моментот кога некој друг ќе заврши само три години факултет, а средно има завршено економско.

...некој што учел 4 години средно медицинско веќе знае да извади крв, да постави канила, да комуницира со тешки пациенти и го поминал почетниот страв од болничка средина додека тие од економско или гимназија доаѓаат на факултет без да знаат како изгледа оддел одблизу и почнуваат од нула, а такви денеска се најмногу ангажирани со договор на дело т.е. веќе некои и вработени неспособни да дадат терапија на пациентите или да направат некоја преврска со што пациентите се во голема опасност од грешки, нестручно аплицирање на терапија, лабораториски резултати или дојден од гимназија со три години факултет за стоматолошка сестра ќе добие иста диплома и работно место како стоматолошки техничар(асистент), затоа недостасуваат медицински сестри зошто овие истите не можат самостојно да работаат посебно да дежураат поради непознавање како да дадат терапија на болнички пациенти, па ги одредуваат само во прва смена за да има кој други да го прават тоа.

... во 2020 година во Македонија постоеше сериозен проблем со т.н. брзи курсеви за медицински сестри каде луѓе со економски или текстилни училишта преку вонредни неколкумесечни испити во средните училишта набрзина добиваа диплома за средно медицинско образование за да заминат во странство, како одговор на големите реакции од Унијата на медицински сестри, Министерството за образование и наука (МОН) целосно ги забрани и стави во мирување овие вонредни уписи за медицински сестри во средните училишта во 2020 година, арно ама се уште доаѓаат на полгање на Стручен испит такви брзински несоодветни вонредни кадри со заверка на документите пред 2020 година, фалсификати колку сакаш, а можат да се докажат со уплатата на испитите да се видат датумите, а крајната Диплома за положена матура гласи дека е дадена на 2020 година, ама мирувале до сега цели шест години, кого лажат ! :facepalm:

...сега овие исти кадри продолжувааат на факултет во дисперзираните факултети во повеќе градови, каде немаат никакви услови, вежбални, лаборатории, а посебно нивните професори кои се со купени дипломи дибидус неписмени и нестручни во медицинска област, па и во другите области истите после конкурираат за исто работно место, а дадениот труд за разлика од скопскиот факултет не е ист!

Хаос во образованието!
 
Последно уредено:
Факултетско образование во овој момент и во децениите што доаѓаат, е потребно ако човек сака да биде доктор, инжинер, архитект, правник... скоро се друго може да се научи и без факултет, или нема потреба да се научи.

За горенаведените професии, и неколку други, вреди да се инвестира. Прашањето е колку вреди да се инвестира, зависно од тоа каде планирате да живеете и да работите. На запад цените отидоа у тиквите. Секојдневно гледам поткасти со млади луѓе заглавени во тешки студентски долгови кои не можат да ги отплатат. Последно гледав и ми падна жал за еден млад дечко кој најверојатно од родителите бил турнат кон медицина. Никако не можел да ги положи завршните испити, едноставно си призна дека тоа било претешко за него, не можел да апсорбира толку информации. На крајот заглавува без диплома и со над $400,000 долгови. Примери вакви има колку сакаш. Познавам и лично луѓе кои се уште отплаќаат студентски долгови а воопшто не работат ништо поврзано со тоа што го завршиле и викаат дека факултетот им бил најголема грешка, изгубено време и пари.

Моето мислење е дека сите оние liberal arts дипломи се безвредни и дека таквите факултети треба да се државни и бесплатни, за да можат луѓе кои немаат високи аспирации да завршат нешто без да заглават во долгови. Само за одредени кариери вреди да се плати, но треба секој да си ги пушти нозете колку што му е долга чергата. Најмногу што треба насекаде е финансиско образование во средно, затоа што децата немаат појма во што се впуштаат финансиски и дека ќе мораат да работат по 3 работи истовремено за да дојдат на нула после 10 или 20 години.

Ова е повеќе глобално размислување, кај нас веројатно не влегуваат во големи долгови, но 4-5 години на некои факултети се чисто губење време.
 
Америка е друга прича, а Европа на пример Германија има убави факултети со нормална партиципација, како кај нас.

А тоа што некој залудно ќе изгуби 4-5 или повеќе години е исто така важно прашање.
 
И баш диплома од Правен. Бре! :D

Кој ќе биде методот на оценување, положил/неположил или? При усното оценување, со ист степен на знаење, три различни студенти можат да добијат три различни оценки. Се гледаат и други фактори, активност на предавања, време на одговор, говор на тело, самодоверба... Секогаш сакав писмено пред усно испрашување, иако усно не знам дали имам паднато.

Сум против приватните факултети, Европски, Фон, Источноафрички, Северноазиски, Мерко/Серко... Така Љочките не стигнаа по степенот на образование, се напикаа во секоја институција, а ретко кој има врска од работењето. Прехрануваме илјадници неписмени рамковни административни службеници кои знаат само да се потпишат на влез и да си одат на чај, а после и до џамија, и на излез, и да си одат дома. Нема потреба да има 30 правни факултети во оваа држава, доволно е еден, евентуално два.
 
Back
На врв Bottom