Овие народи некој доста добро ги има обработено. Што би рекол Бата Стојкович: "Пуно је будала овде, и лаковерних људи које је лако купити и још лакше завести".
Под команда на Младич се убиени илјадници цивили меѓу кои и недолжни жени и деца. Ништо херојско нема во масакар на безпомошни луѓе. Он беше продолжена рака на етно-трибалистичките авантури на Милошевич и поради овие политики, Србија остана без население во Хрватска, го изгуби Косово, стана меѓународно изолирана и изгуби генерација ресурси (луѓе, пари, оружје, политички капитал). Во таа крвава ера, етно-националистичките политики на Милошевич, Туџман и Изетбегович го осакатија цел регион и последиците на нивните постапки дозволија овие мали земји да се колонизирани и експлоатирани од кој стигне, да пропаѓаат пополека. Поради нивната неспособност да донесат здрави политички одлкуки, донесоа огромна трагедија и генерациска траума за цел регион. Младич, како и тројцата погоре, се симбол на една генерација комунисти, која преку ноќ смени петокрака за крст, со цел да си обезбеди власт и пари, убија генерација луѓе кои недолжни страдаа од нивните глупи одлуки.