Политички случувања во Србија: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата PloTwist
  • Време на започнување Време на започнување
@Византиецот не ќе беше подобро да се уништеа муџите а не во немоќ да се удри на цивилно население глава за глава? Не го прави Аркан некаков си јунак кој е обичен ратен профитер и лопов. За војната и распадот на Југославија пишувано е одамна, ама да правиш јунак од Аркан е смешно. Сараево гаѓаа србите со снајпери на цивилно население а лани искочи афера и дека странци плаќале грдни пари за сафари, тие пари секако идеа за бензин за Марко Милошевиќ кога дрифташе ферари пред Сава центар а дечиња со канти бензин/вода стоеа на раскрсниците низ Београд за да продаваат да имаат за леб.
 
Тогаш не е ништо поинаков од тие против кој се бори. Муџите идат од цивилното население, се во голема мера поддржани од населението, ова важи посебно јако кај мохамедините. Мене не ми смета реториката дека Аркан бил ваков или таков. Мене ОЧАЈНО ми смета реториката која се води за босанчерата. Да можеа ќе ви го направеа она што ни го правеа турците. И тие убиваа цивили. Ил Злата Мегленска воин арканов да не беше? Не обична селанка. Сега оди прочитај да видиш што и направиле, дека му рекла НЕ на турчин. Парчиња од кожата и сечеле и ја оставале да крвари со денови, сред цело село, за да знаат селаните што ги чека ако се охрабрат ко нејзе. Ама на вас, за своите не ви е гајле. Насер ќе го браниме. Аркан геноцид. Ужас.
Исламот не е Религија. Туку идеологија. Види ја Шведска. Види ја Франција. Ова е еден од најлошите моменти кога би сакал да ви речам, ви кажав дека ќе е вака, а да знам дека сум во право. Камо јас да бев овде во криво. Камо.
 
Да бе такви се, дали треба да се одмаздиш на цивилно население или да тргнеш према муџите? Немој само да ми кажеш дека муџите можеле да се држат на тогашната ЈНА заедно со сите паравојски. Сите три (пара) војски во конфликтот направија масакри на цивилно население, испокрадоа од куќите кај што влагаа (добро ова сите војски го прават како заслужен плен). Аркан го диригираа службите на кои им одговараше ваква долга крвава војна без никаков крај. Денеска имаш непостоечка држава Босна во која пола држава и се вика Република Српска преку која српски власти перат пари и местар избори. Имаш Славонија во Хрватска кои дома се томсонци ама гз даваат за провод во Београд и да изиграат едно колце. Имаш шминка од држава како што е Србија која иако е сепак многу пред нас инфраструктурно, пак ги имаат истите проблеми како корупција, криминал, насилство, партизирана држава.
 
Деца умираја и во Србија. Тоа што биле српски деца не ги прави помалку вредни од босанчерата.
А едното го исклучува другото?
Најголемиот пораз е да им признаеш Геноцид. Турција ја уништи Македонија. Не Грција. Не Бугарија. Турција, вековно. Уште не признале геноцид врз никого. Ама Србија требало да му признае на Насер било што. Одвратна пропаганда на некои медиуми, за која се плашам дека повеќе не врви. Европа и светот се будат, и тоа гласно.
Што заобиколуваш? Кај виде дека некого бранам? Цитирај ме. Ако не можеш, а не можеш, не ми продавај муда за бубрези.

Се запнал: „Насер ќе го браниме“. Кој кого брани, не сфаќам. За Ратко Младиќ зборувавме, никој не негира дека Босанците не вршеле злосторства. Ама тоа не го оправдува Младиќ. Каква реторика! Ако зборуваш против А, тогаш мора да си за Б, зашто трето не постои. Вакво нешто треба да имаш посебен ментален склоп и неверојатни капацитети за расудување за да може да го срочиш.
 
Дали сте свесни што следно ќе се случеше ако генералот Младиќ и неговите успеаја во нивните планови во Босна и Хрватска? Сега ќе живеевте во Вардарска Јужна Бановина.
 
Дали сте свесни што следно ќе се случеше ако генералот Младиќ и неговите успеаја во нивните планови во Босна и Хрватска? Сега ќе живеевте во Вардарска Јужна Бановина.
Сам прашал-сам одговорил?...
 
Дали сте свесни што следно ќе се случеше ако генералот Младиќ и неговите успеаја во нивните планови во Босна и Хрватска? Сега ќе живеевте во Вардарска Јужна Бановина.

Ако сме ние стари Срби, во тоа сценарио тие се нешто многу многу полошо - хрватизирани Македонци. Ги гледам дека на големо се повикуваат на словенските топоними кој ги имала Грција во Душаново време, кога лепотанот влашки владеел од Скопје.
Пошто реално јазикот за литературен сами си го избраа за Хрватски во Југославија. Исто ко кај нас Блаже Конески што намерно ги одбра Прилеп, Велес, централните говори за најмакедонски. Тогаш се одделија од нас и од нивниот Нишки и косовски дијалект, кој се виртуелно исти ко Македонскиот јазик, до степен Зона Замфирова да не го разбираат повеќе се дојдени.
 
Поради тој „херој“убиени се двајца гардисти кои го чувалр објектот во којго видее него дека се крие. Штета што само српските генерали се осудени на робија, да постоеше правда требаше од сите три ентитети да одговараат за злосторствата.

Не си интересен друже. Ако имаш аргументи зошто Генералот Младиќ е херој, дај ги.
„Најточните„ одговори се даваат на претпоставени ситуации во стилот „Што би било кога би било„, па така и ти сам на себе си го даде „точниот„ одговор, иако Србија ја изгуби војната на хрватска земја, со тешки последици по српското население во Хрватска, во војната во БиХ доби втора држава (каква-таква...) а во „нашата земјата„ Србија не војуваше.

И така, по некое чудо, не станавме „јужна банојна„ која со ген. Младиќ нема „благе везе„.

Младиќ може да биде херој за неговите сонародници, не и за мене.
Автоматски споено мислење:

Поради тој „херој“убиени се двајца гардисти кои го чувалр објектот во којго видее него дека се крие. Штета што само српските генерали се осудени на робија, да постоеше правда требаше од сите три ентитети да одговараат за злосторствата.

Бројот од српки офицери и политичари на кои им беше судено од страна на разно-разни белосветски судови и досудените казни за нив, ни оддаелку не се споредува со ликовите кои беа дел од муслиманските или хрватските единици.

Оттука, јасна е тенденцијата од „судиите„ за тоа кој априорно треба да биде суден како кривец, а кој пуштен.
 
Последно уредено:
„Најточните„ одговори се даваат на претпоставени ситуации во стилот „Што би било кога би било„, па така и ти сам на себе си го даде „точниот„ одговор, иако Србија ја изгуби војната на хрватска земја, со тешки последици по српското население во Хрватска, во војната во БиХ доби втора држава (каква-таква...) а во „нашата земјата„ Србија не војуваше.

И така, по некое чудо, не станавме „јужна банојна„ која со ген. Младиќ нема „благе везе„.

Младиќ може да биде херој за неговите сонародници, не и за мене.
Автоматски споено мислење:

Бројот од српки офицери и политичари на кои им беше судено од страна на разно-разни белосветкси судови и досудените казни за нив, ни оддаелку не се споредува со ликовите кои беа дел од муслиманските или хрватските единици.

Оттука, јасна е тенденцијата на „судиите„ за тоа кој априорно треба да биде суден како кривец, а кој пуштен.
Добија Србите 49% од БиХ, а во 1993 војската на Република Српска контролираше дури 70% од територијата на БиХ, во Хрватска кукавички се повлекоа со трактори, Милошевиќ ги остави на цедило. Да, не станавме Јужна Бановина пошто големосрпските планови пропаднаа. Не треба да филозофираме "што би било кад би било" само погледни ги мапите на Голема Србија и ќе видиш дека цела Вардарска е таму.
 
TI ja nemas videno mapata na Golema Makedonija izgleda ? :cautious:
Posle imas i mapa na golema Albanija, golema Bugarija, mapata na golema Grcija e manje vise vo ramkite na denesnite granici gledano prema nas taka da ne se pritresvajte mnogu mnogu.
 
Добија Србите 49% од БиХ, а во 1993 војската на Република Српска контролираше дури 70% од територијата на БиХ, во Хрватска кукавички се повлекоа со трактори, Милошевиќ ги остави на цедило. Да, не станавме Јужна Бановина пошто големосрпските планови пропаднаа. Не треба да филозофираме "што би било кад би било" само погледни ги мапите на Голема Србија и ќе видиш дека цела Вардарска е таму.
Како не ми текна порано...

Ете, „нашата земјата„ е дел од мапите од „Гранде Шќиперија„ и што мислиш, дали денес сме дел од Албанија или не?...
 
Back
На врв Bottom