Ако сакаш да си во Македонија а работата да не ти виси на конец ради АИ, вработи се во домашна монопол/дуопол фирма типот на Макпетрол, Алкалоид, Телеком…нула инвестирања во било што, вклучително и АИ. Пре би да вработат уште 10 души за таск што може да се автоматизира. Кур ги заболе и за АИ и за МЛ, секако машината врти пари стигаат и без тоа. Влези дочепи се до некоја позиција, и ако толку сакаш фриленсај у слободно време нешто за да имаш допир со странски пазар. Ова глуматање денес со стартапи и аутсорс фирми станува огромен ризик за некој што бара стабилност. А ако си џензер и немаш фамилија и не планираш свој имот, и сеедно ти е дали денес си некаков Продукт Оунер/Дивелопер а утре веќе конобар у Макарска тогаш терај другачие.
На хартија е сосема точно напишаното, но во пракса не е лесно изводливо за вработување во компаниите кои ги напишавте.
Посебно не е лесно вработување во тие елитни компании на работни позиции кои се и одлично платени и да е лесна работната позиција, и за таквите работни позиции се потребни врски и луѓе за такво вработување.
И во тие елитни компании без луѓе и врски е можно вработување на најниски работни позиции каде е и мала платата а работата физички тешка и захтевна.
Тоа е реалноста.
Знам за човек кој на возраст од точно 60 години се вработи во една исто успешна домашна компанија ( фирмата е локациски многу блиску до најуспешната од оние три компании кои ги имате посочено во коментарот).
И човекот е со средно образование, ама е главен шеф на еден од магацините, ништо физички не крева и не работи, има работници кои тоа физичките работи ги вршат ама и тие не креваат потешко од 8 - 10 килограми. Имаат лифт и виљушкари за потешки пакети.
Човекот зема 58.000 плата, плус на секои 6 месеци добива бонус од 10.000 за успешно спроведен попис.
Да, одговорна му е работата точно е дека има тежина, но со таква плата натпросечна за МК услови и мене ми делува стимулирачки.
Човекот кога ќе отиде во пензија се надевам ќе дојдам јас на неговото место, зборувавме на таа тема.
А за обични работници во таа фирма и во тој магацин имаат ептен мала плата од 33- 34.000 денари, тоа е премалку.
И после ќе доаѓале од Непал, Индија, Пакистан и Бангладеш овде да работат е ќе доаѓаат кога се ниски платите.