Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување
Не гледам потреба Дарио да се правда на некој и не ми е јасен овој МС со постојаната потреба да го брани и да бара изговори. Индивидуален спорт е, ниту сме му дале пари, ниту ќе му дадеме пари, можеме само да се радуваме на неговите успеси, а нашата критика може слободно да се множи со 0. Мое мислење е дека сево ова е резултат на неискуство на Дарио, а посебно на тренерот, секоја чест за постигнатото, но ова веќе е за наредно ниво. Два пати се префорсира, воспалува, повредува пред најбитните настапи во последните 2 години. Максимумот од оваа соработка е достигнат пред две години со обезбедувањето на ОИ норма и треба да се оди на следно ниво. Верувам дека со посериозна екипа позади Дарио, ќе може да се стабилизира барем околу 2:10, што би било доволно да биде во топ 20-25 во Европа.
 
Игор му е тренер но и на некаков начин менаџер на Дарио, не се правда на мене или тебе туку на спонзорите кои го подржаа Дарио во изминатите неколку години да може целосно да биде фокусиран на спортот и живее од него. Јас ништо не им замерувам ниту него ниту пак на Дарио, реално вадат максимум за оваа држава и само тоа што се во најдобрите во Европа е успех. Само ние и Грција имавме преставник на ЕП, во ситуација кога многу други Балкански држави многу повеќе инвестираат во спортистите во секој поглед

Сигурен сум и дека ќе остварат многу подобри резултати во наредниот период ;)
 
Мислам дека повеќе му е менаџер од што му е тренер, сам имаше кажано во една прилика дека Дарио повеќе самиот се тренира, едноставно е на ниво каде што МЦ веќе не може освен психолошка поддршка можеби нешто да му понуди за дополнително да напредува, а и тешко дека на овие простори има за да работи со маратонец од таков калибар. И на други места и овде има пишано му треба друг тим/екипа, а истовремено дека е индивидуален спорт, не сме му дале пари и дека поддршката финансиски што ја добива е скромна, така што реално ние можеме да си идеализираме како му треба подобар тренер, екипа, ама тие работи реално чинат многу. Дали има некој патерн, не знам, се надевам ако ги имаат, учат од грешките за да не ги повторуваат, ама, се случува, спорт е.
 
Дарио е веќе втора или трета година дел од Asics тимот и оди на подготовки во Асикс кампот во Франција. Тоа е доказ дека вреди како спортист. Е сега зошто прави вакви грешки од време на време... Не знам...
 
Back
На врв Bottom