ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Nakashima : Medvedev

...нема да го догледам крајот, толку несериозно игра Медведев ме нервира, однапред го предаде дуелот дури ми е сомнителен има капацитет, а се тегне како глиста, де поентира, де се заебава, недопусливо е грешка една по друга на сервис, ете изгуби, ајде иди дома кога не ти се игра!
...наместо да легнам касно е веќе се нервирам тука и јас сум за ќутек! :tapp:
 
Nakashima : Medvedev

...нема да го догледам крајот, толку несериозно игра Медведев ме нервира, однапред го предаде дуелот дури ми е сомнителен има капацитет, а се тегне како глиста, де поентира, де се заебава, недопусливо е грешка една по друга на сервис, ете изгуби, ајде иди дома кога не ти се игра!
...наместо да легнам касно е веќе се нервирам тука и јас сум за ќутек! :tapp:
Kolku godini imaat i kolku se visoki Nakashima i Medvedev ?
 
Треба да им се забрани на руски тенисери да играат , знамињата не се доволна забрана.
 
Треба да им се забрани на руски тенисери да играат , знамињата не се доволна забрана.
Баш со сопругата лафевме на оваа тема, нема 10 минути.
Викам Федерер и Надал порано и Ѓоковиќ сега газното црево ќе го превртат, ама ќе играат до умирачка.
Медо вчера после тајбрекот во вториот сет изгледа си рече, абе шо ќе се потресувам јас, има и друг ден :D
 
20260819_181959.jpg

Rafael Jodar (19 год, 191 см, АТП 11) Шпанија,
Flavio Cobolli (24 год, 183см, АТП 9) Италија

images (5).jpeg

...малку повеќе треба да се потруди и да се внесе во игра Cobolli, ако сака да победи, до сега Jodar пувка го прави на терен!

new-rafa-emerges_CincinnatiOpen_20260817_JM024741_LS2.jpg

( каков тениски комплекс, блазе си им)

20260819_190657.jpg

...за време на играта со Cobolli, на Rafael Jadar му се скинаа врвката на едната патика што не му се случувало прв пат, очигледно како последица на неговиот екстремно агресивен стил на лизгање на тврда подлога, при што неговите зглобови и патики се триеле од подлогата со голем притисок.

image173166.jpg

...фирмата Adidas треба да му дизајнира специјални, засилени патики или врвки за неговиот стил на движење, инаку остава дојам за неквалитет, а тука познат бренд, мој омилен.

Tennis-Dark-Arts-Gamesmanship-Shoelaces-Rafael-Jodar.png

... како што читав сега, неговите патики станале главна тема и контроверзија позната во тениските кругови како „Шугејт“ / Shoegate) за време на неговиот меч против Денис Шаповалов, каде двапати му се скинале врвките на неговите Adidas патики во третиот сет, што го принуди да направи паузи и целосно да ги замени патиките на теренот со што овој инцидент предизвикал револт кај Шаповалов и дебати во тенискиот свет околу квалитетот на врвките и неговото екстремно лизгање на тврда подлога.

...поради ваква случка како за следниот меч против Алехандро Табило, Јодар излезегол на теренот со цела торба полна со резервни патики на Adidas за да спречи нови одложувања, што стана вирален хит на социјалните мрежи. :ROFLMAO:

20260819_190750.jpg

...сега на тај брејк со Cobolli за неколку секунди ја сменил патиката земајќи од торбата која беше полна со патики!:)
 
Последно уредено:
Снема гориво Ходар. Прва година му е да игра тенис на повисоко ниво , лани буквално само челинџери играл. Да земе да ги изгуби сите натпревари до крај на година ова ќе му биде пак почеток за паметење. Од Мајами на секој турнир има барем победа , така да има уште што да покаже сезонава. Догодина и со тим ќе почне да работи , сега со татко му е само, има да напредува ептен момакот.
Коболи одлично го искористува очајот моментално меѓу најдобрите и има периодов успеси. Со оглед на тоа што Зверев на америчкава турнеја оди по тенко стакло , може и повеќе италијанот.
Сеа ќе покаже Саша дали ја крева формата или ќе се отвори шанса за Меншик. Долна половина каков таков Фриц треба да догура до финале,а на Алиасиме му верувам исто ко на Де Морон. Не знам Мусети до кај е со формата, тргни застани е кај него поради повредите.
 
Кур да бричи Меншик , а и Зверев што се влече ко полжав на терен.
 
На Саша најпаметно му е да отиде до црква, да остави пакет зејтин, да се помоли едно 49039033 пати и да го благослови сонцето во Париз што го распадна Синер и мораше да изгуби од Серундоло за овој слепец да освои ГС титула во животот. Кај ги нема Карлос и Јаник, овој не може 2 кола да помине на Мастерс, Бог да чува и да брани... Па сеа ти е шансата да направиш салдо плус на освоени титули бе, кога ќе се вратат овие кај ќе идеш?
 
На Саша најпаметно му е да отиде до црква, да остави пакет зејтин, да се помоли едно 49039033 пати и да го благослови сонцето во Париз што го распадна Синер и мораше да изгуби од Серундоло за овој слепец да освои ГС титула во животот. Кај ги нема Карлос и Јаник, овој не може 2 кола да помине на Мастерс, Бог да чува и да брани... Па сеа ти е шансата да направиш салдо плус на освоени титули бе, кога ќе се вратат овие кај ќе идеш?

Нема спас за таа лузерчина исто ко Медо , Рубљо , Циципас , Де Минор и таа сирота генерација. Што побрзо да се изгубат од врвот би било најидеално.
Со овие што останаа осум сега , искрено му посакувам на Мусети да дојде до првата 1000ка. Се намучи човекот ептен, заслужи да се израдува и да заплаче од среќа. Само шо глеам Тиафо овде играл финале скроз заборавив, Фриц прилично расположен и овој Накашима нека го проверат исто за кокаин ко Ник , кое е ова појавување на два мастерса во низа.
Ако дојде време и Томи Пол да земе мастерс , изгледа ќе ги бараме Синер и Алкараз што побрзо.
 
Нема спас за таа лузерчина исто ко Медо , Рубљо , Циципас , Де Минор и таа сирота генерација. Што побрзо да се изгубат од врвот би било најидеално.
Со овие што останаа осум сега , искрено му посакувам на Мусети да дојде до првата 1000ка. Се намучи човекот ептен, заслужи да се израдува и да заплаче од среќа. Само шо глеам Тиафо овде играл финале скроз заборавив, Фриц прилично расположен и овој Накашима нека го проверат исто за кокаин ко Ник , кое е ова појавување на два мастерса во низа.
Ако дојде време и Томи Пол да земе мастерс , изгледа ќе ги бараме Синер и Алкараз што побрзо.


Медведев целосно го заслужи трофејот од УС опен 2021 година кога го разби Ѓоковиќ со 3: 0 во сетови три пати со ист резултат 6: 4 во сите три сетови. И не е Медведев за во исто друштво со Циципас, Рубљев и Де Минор.
Медведев си заслужи титулата, не е ниту како Александар Зверев со сплет на околности.

Освен во Париз кога Ѓоковиќ губеше од Надал со 3: 0 во сетови финалињата, вака од прва рака без да гуглам на интернет искрено не се сеќавам Ѓоковиќ да изгубил финале во грен слем со 3: 0 во сетови а да не биде против Надал на земја на Ролан Гарос.
Изгуби 2 слем финалиња од Вавринка едно во Париз а едно во Њујорк ама мислам дека и двете ги изгуби со 3: 1 во сетови.

Секако во тоа финале против Медведев на УС опен 2021 година Ѓоковиќ имаше голем притисок и нервоза бидејќи во календарската година ги освои претходно сите три слемови и со освојување на УС опен ќе ги имаше сите четири слемови во календарска година, имаше нервоза во тој меч кај Ѓоковиќ се сеќавам уште на тоа финале, мечот почна во 22:00 по наше средноевропско време а заврши мечот околу полноќ, едвај ситно некоја минута над два часови траеше тоа финале.
И кратки беа повеќето поени во тоа финале, малку поени имаше со долга размена на удари, беше Медведев полн со енергија а Ѓоковиќ полн со нервоза.
Можеби и најлошото грен слем финале во кариерата за Ѓоковиќ и најшокирачки пораз. Баш ме интересира кога ќе ја заврши кариерата и кога ќе му слегнат сите впечатоци за неговата пребогата тениска кариера и кој ќе биде негов став за најслабо слем финале.
За најразочарувачко слем финале може да му биде Вимблдон 2023 против Алкараз, освои Ѓоковиќ прв сет, во втор сет имаше предност и можност да го освои сетот во тај брејк и да поведе со 2:0 во сетови, ама го изгуби вториот сет во тај брејк и падна Ѓоковиќ ментално во остатокот од финалето а Алкараз се крена и доминираше во остатокот од финалето, лесно Алкараз го освои третиот сет и поведе со 2:1 а во четвртиот сет Ѓоковиќ спасуваше жива глава и некако го доби четвртиот сет и израмни на 2: 2, ама т.н моментум и позитивна енергија и вибрација беа на страната на Алкараз со освоениот втор сет во тај брејк.
Ѓоковиќ од 2022 година и во таа 2023 година имаше многу голема серија на добиени тај брејкови во сетовите, и тој изгубен тај брејк во втор сет од финалето на Вимблдон 2023 му е можеби и сет со најголема последица во кариерата на слемовите, да поведеше со 2: 0 во сетови веројатно ќе го освоеше Вимблдон 2023 и по втор пат во кариерата ќе имаше ситуација со освоени 3 први слемови да оди на последниот слем во Њујорк, првата таква ситуација му беше во 2021 година.
Ама тоа е што би било кога би било.

Така требало да биде.
Некогаш се добиваат тесни финалиња како она на Вимблдон 2019 против Федерер и она во Мелбурн со Надал а некогаш се губи.
 
Томи е врло расположен, Флавио е многу загрижен, ако не се опушти ќе изгуби, после тато тренер ќе го тепа :tapp:
 
А како да игра со скинати врвки? Да искине зглоб или колено само за да удоволи на инстаграм гледачот? Јако дело 2 пати во ист меч сменил патики, божем патиките му се криви на Шаповалов што е кретен и испушти 2 брејка предност во третиот сет.
Симптоматично ми е што толку често му се случува. Ми се чини дека потполно на исто место му се кинат врвките. И против Коболи повторно менуваше патика. Можеби треба да размисли за промена на производителот или барем на моделот. На ниту еден друг тенисер не му се случуваат толку често пехови со опремата. Инаку не треба да гледа да удоволи никому, ниту да ризикува евентуална повреда.
Што се однесува до мечот со Шаповалов, не мислам дека го доби поради промената на патиките. Секако ќе го добиеше мечот, иако изгледаше прилично изморен, бидејќи го делам мислењето дека Шаповалов е тежок губитник.
 
Кога веќе си го "погазив зборот" и продолжив со коментари, а во WTA темата дадов прогноза околу освојувачката на титулата, да го направам истото и овде. Од преостанатите тенисери преферирам да освои Мусети, иако, искрено, воопшто не ми се допаѓа неговиот крајно дефанзивен стил. Чисто, по мое видување, како најсимпатичен меѓу преостанатите. Иако, генерално, не практикувам да навивам за некого поради физичкиот изглед, а и не му давам преголеми шанси за освојување. Мислам дека најголеми шанси има Фриц.

Зверев е неверојатно колку лоши резултати бележи. Многумина, пред да го освои РГ, велеа дека е штета тенисер како него да нема освоено Grand Slam титула. Од оваа перспектива, можеби е поголема штета што неговото име се наоѓа на листата на Grand Slam шампиони.


Нека се враќаат побргу Синер и Алкараз, бидејќи иако можеби е "повозбудливо" (понепредвидливо) во нивно отсуство, истовремено е и понеквалитетно и, со самото тоа, помалку привлечно за следење.
 
Back
На врв Bottom