Запознаена сум со постоењето на спонзорски договори и обврските кои од нив би можеле да произлегуваат. Само што, Федерер договорот со Uniqlo го склучил 2018, само 4 години пред пензионирањето, а истиот е со важност од 10 години, односно до 2028 година. Што доколку спортистот доживее сериозна повреда која ќе му ја "заврши" кариерата? Некои работи не може да се предвидат. Веројатно vis major не е исклучена од договорите. Инаку, спортист кој наскоро ќе влезе во петтата деценија од животот, не верувам дека не размислува (или "планира") за повлекување од активно бавење со спорт.
Што се однесува до менувањето на патики на Ходар (за што му забележав, ми се чини, единствено јас, па претпоставувам дека јас сум "хејтерот") истото се случи во два наврати на еден ист меч, не сред натпревар (на паузата меѓу game - овите), туку на сред самиот game. Ако не се лажам, не му се случуваше првпат. Можеби не е тежок измамник, но таквото однесување баш и не може да се окарактеризира како fair play. Како некој кој е во "потрага" по нов фаворит и на кого му се чинеше како добар потенцијал за такво нешто, гестот ми засмета. Секој со своите принципи.
Кој е просечен и кој колку има постигнато во животот е негова лична работа. Некој има постигнувања во тенисот, друг во останатите сфери на општественото живеење и делување.
Толку од мене.
Ви посакувам успешна и продуктивна дискусија, но пред се непречена, ненарушена од "натрапници" кои се појавуваат од нигде никаде.