- Член од
- 16 јули 2021
- Мислења
- 1.386
- Поени од реакции
- 2.659
Точно, тоа го пишувало на влезот на Аушвиц.Работата ослободува.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Точно, тоа го пишувало на влезот на Аушвиц.Работата ослободува.

Цитат му е тоа, не му е изјава.Да те земам у фирма да те ослободам.
Чим не знае, треба да работи.Цитат му е тоа, не му е изјава.
Чим не знае, треба да работи.
За ова не можам да се сложам. Со оглед на тоа дека моите професионални квалификации и знаења не се универзални, туку се врзани за ова парче земја, предоминантно за нашето законодавство, ја имав работата од соништата. Од една страна работиш во струка, од друга страна се обидуваш да направиш општо добро. Така, стимулот не е насочен само кон континуирана капитализација, туку кон добра плата, плус дополнителен мотив со кој може да има поширок позитивен импакт.Дали имате работа од соништата и ако не, како би изгледала таа?
- Работата од соништата се вика Хоби. А за хобиња, од летање на дронови до гејминг.
И ова е од наш аспект, оние кои професионално се бават со спорт, можеби не го гледаат како хоби.Колата ја оставив во Центар, си велам, ќе трчам и вечер покрај Кеј, но треба да се видиме со Милена, одамна се договараме да пиеме кафе, Милена се врати од Шведска и само викендов е тука. Паркирам, излегувам,слушам познат звук, A Tribe Called Quest грми од кафиќот, мојата омилена, се доближувам до оградата да видам, Милена ми ги затвора очите позади со двете раце, вели, погоди кој е, будалче,знам дека си ти, ја осетив грубата кожа и нежниот допир од твоите раце, ме потсети на младоста кога се држевме за рака и поминувавме покрај типот што сакаше да го откачиш, да види дека сме се фатиле, детски игри, тој не виде и побегна со брзи чекори во спротивен правец, се убивме од смеење, а после наздравувавме со Бамбус, ех моја пријателке со бенефиции, одамна не сме се виделе, се брзам, ми вели, оди земи нешто од кафиќот, земи едно кафе, сок и кисела вода, морам побргу да одам. Идам кон познатиот звук, гледам, двајца типови, wait the minute, истите оние што играа баскет синоќа,не е можно, умот си игра трикови со тебе,а што ќе помислат ако ме видат, дека си играм со базни станици, сум ги лоцирал, ми текна, на крај ќе поминам покрај нив и ќе им направам ментален Drive by со колата, како црнец од Харлем со отворени прозорци ќе поминам бавно и ќе го пуштам Notorious B.I.G за да се помочаат од страв, да ги ставам во дилема дали ќе извадам едно Узи и ќе ги изрешетам на лице место.Се вратив кај Милена, велам, како ти беше животот во Шведска, работата, вели, работев во маркет на каса, на смени, животот ми беше “кучи посао”, но работата е со луѓе, тотално ми го промени животот, си ја сакав работата, иако не беше платена толку, но едвам чекав да отидам зашто секој нов ден ми носеше нови предизвици,нови искушенија,па како, и велам, на работа одат само колку да заработат,немаш живот додека си на работа, едвам чекаш да помине времето и да дојдеш дома, да платиш сметки, да купиш доволно за да преживееш до наредниот месец. Во заблуда си пријателе, ми вели, на работа идев за да се запознавам со човечките души, да им пристапам со насмевка и позитивна енергија, да ја отворам мојата душа и моето срце и невербално да ги растопам нивните маски, нивниот егоцентризам и предрасуди за да ја отворам портата на нивните души и да запливаме во водите на потсвеста, да постигнеме интерфереција помеѓу двете души, конструктивна интерференција, кога бран со бран се спојува и амплитудата се зголемува, а во светлината создава шари од светли и темни линии или гласни и тивки места за звукот. Не тропај глупости Милена, ти си била една обична касиерка, донесоа машина и веднаш те заменија со вештачка интелигенција, луѓето сами ќе си пазарат, нема да имаат потреба од твојата насмевка, нема да имаат потреба од твоите патетични очекувања, зашто луѓето немаат време ни да те погледнат на касата, те помножуваат со нула, ти си им некоја што ги задржува непотребно, им одзема од нивното драгоцено време, зашто луѓето брзаат да одат, брзаат некаде да стигнат, и самите не знаат каде, па дури и тогаш кога ќе се сопнат, да ги запрашаш, нема да ти кажат каде е правецот понатаму. Милена ми вели, беше убаво додека траеше, остварував најголем промет, бев тотален workaholic и шефот беше презадоволен, колешките секогаш сакаа да работат во моја близина,сите се занесувавме во играта на досетки и хумор, stand up во живо, rap battle со времето кое престанува да постои, застанува во место и сите сме занесени во океанот од позитивна енергија, во секој миг и очекување на нова авантура со наредниот клиент што ќе дојде на касата, што ќе постигне интерференција со нас и ќе си ја отвори душата, и во занес ќе сака за миг да ни ја раскаже целата своја животна приказна, пример, еден човек со работничка униформа, ќе ни каже дека жена му е горе на Клиника и за да добие кревет и здравствена услуга, морал да ги потплатува докторите и сестрите со мито, па секогаш кога ќе оди да ја посети морал да нарачува пици на целиот персонал од ноќната смена, само затоа што е Албанец, научиле тие таму дека човекот дошол од некое гостиварско село и престојува неколку дена под кирија само да биде блиску до својата љубов, зашто таа му е најважна од се на светот, поважна од сите стада овци што ги оставил на милост на волците. Милена, тоа не е интерференција, имаш ли други примери, имам, вели, премногу, за човекот што отиде да види дали операцијата на неговиот син е успешна, скокнал од карпа додека биле на море и го повредил кичмениот столб, со нозете заринкал во песокот под водата, и не се знае дали ќе преживее, човекот си заплака на касата, јас му понудив марамче, а позади него нестрплив и намуртен медиокритет, облечен во елегантен костим со сјајни чевли, заслепен од сопствениот егоцентризам и брутален презир кон луѓето со работничка униформа, извика, ајде бе пријателе, немам време јас за твоите патетики, гледаш дека се брзам, не сум пуштил порака на паркингот, може ќе дојдат тоа барабите и ќе ми стават канџа, море отров да ти стават, му одговори човекот, си ги избриша солзите и ми рече, ти благодарам што ме сослуша девојко, имајте убав ден. Дали е тоа морбидно, Милена, зошто некој би си ја отворил душата и би ти го кажал сето тоа на каса, ти си работела на каса во маркет и твојата работа е едноставна.Немам време повеќе, морам да одам, порано работев во Агенција за недвижности, имам приказни и за таму, сега сум во канцеларија, убаво ми е, Шведска е неверојатна, мораш да дојдеш да ја посетиш, нели другарот твој е таму со близначките, сите избегаа од оваа посрана вукојебина, само ти остана, а ти како си, што правиш, гледам си се облекол како да спортуваш некаде. Мотивиран сум некако, и велам, морам да го симнам овој пивски стомак и да си најдам девојка, идам покрај Кеј, трчам, да не те задржувам, ми вели, имам многу да ти раскажувам, ќе се најдеме значи вака после многу години и времето како да застана за нас, ама еве го, за жал, поминува, а ние старееме полека, сепак ќе го задржиме детето во нас за да се обидеме барем за миг да го сопреме времето да остане онаму кајшто беше нашата шанса за интерференција. Милена, ништо не те разбрав, нема врска, баш ми е мило што се видовме, пријателке со бенефиции, се гледаме во друга прилика, одам да го вратам послужавникот со празните чаши во кафиќот.

Za toa ne znam, ali nuklearni centrali i te kako kje se izgradatНЕ е точно. Во 2030 ќе се изградат фитнес сали за "хамстери" кои ќе вртат на тоа точаците и ќе бидат платени за тоа за да прават струја, за да може вештачката интелигенција да работи.
Нема леба без мотике!
Тоа во ред, али што ќе правиш со едно 5 милијарди незапослена и неквалифицирана раја?Za toa ne znam, ali nuklearni centrali i te kako kje se izgradat
Тоа никој не знае. АИ компанииве имаат буквално одврзани раце и ветар во грб од државата поради фактот што и Кина го прави истото, тоа им е алиби. Државата да сакаше да превземе нешто ќе им воведеше регулативи уште од сега. Напротив ова што го гледаме во моментов се вика АИ трка и обичниот народ што им се потсмева на програмерите дека ќе си ја изгубат работата, ќе почне да ги осеќа бенефитите од ова за едно 5 до 7 години. Луѓето нема да бидат потребни и ќе бидат заменети, освен ако не земат да се побунат.Тоа во ред, али што ќе правиш со едно 5 милијарди незапослена и неквалифицирана раја?
