Работата го гнаси човекот, а мрзата го краси

  • Креатор на темата Креатор на темата wot
  • Време на започнување Време на започнување

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
20.537
Поени од реакции
36.246
Многу често ме фасцинираат луѓе кои се идентификуваат со својата работа и кои веруваат дека грајндот во работењето да создадеш генерациско богатство е начинот, или еден од начините, на кои можеш да му дадеш на животот смисла.

И не само тоа, пречесто сум слушал како луѓето велат дека би полуделе ако не работат неколку денови или месеци, и како не се само парите и сметките притисокот, туку не можат да го поднесат чувството дека не се продуктивни и не би знаеле што со себе тогаш. Тоа е и најчестиот одговор ако некој прашаш дали ако ги има средствата не би работел до крајот на животот. Сум го слушал тоа од блиски и хронично уморени. Мора да работиш, ќе кажат со некоја адмирација кон чинот.

Гледам луѓе кои расположението им е диктирано од работа која не спасува животи, а сепак си доаѓаат дома нервозни бидејќи нешто сосема нормално се случило на работа, и таа енергија им се провлекува низ остатокот на денот, како и низ животот. По светот, особено корпоративниот, деновиве постојат и нови болести како burnout, каде луѓето наводно толку се преоптеретиле од љубов кон работата што не можат да функционират и може да не се појават на работа со месеци, посетуваат психијатри, но најинтересното е кога се враќаат ги гледаш со истото темпо, со истата пасија, со идење екстрата милја, итн.

Знам дека сум насекаде со муабетите, но сакам темата да биде интроспективна помеѓу другото, како на пример надоврзување и потпрашување.

Како вие гледате на вашата работа?
Дали си ја сакате и зошто?
Дали имате работа од соништата и ако не, како би изгледала таа?
Дали работата ве дефинира и е нешто по кое ве препознаваат, наоѓате ли идентитет во тоа?
Гледате ли на тоа како кариера или станало кариера бидејќи сте заглавиле во нешто кое морало да го работите?
Сте морале ли да продолжите семеен бизнис и како го прифативтте тој предодреден живот?
Што би компромизирале ако треба да се прекфалификувате?
Само издушете се на темава ако сакате и тоа ви помага да утре станете повторно и го повторите истото и истото и истото.
Ја носите ли работата дома?

Некои работи се благородни како лекар или учител, и можеби е само мојата среќа, ама во моите потреби од тие услуги, не изгледаа и не ме третираа како да тоа е нешто што навистина сакат да го прават, туку е уствари тоа што е на крајот на денот, само уште една задолжителна услуга. И најчесто гледам фрустрации кај луѓе кои работат услужни дејности, тие луѓе се толку згнасени од човештвото што секогаш се прашувам дали нивната работа вреди толку за да си дозволат така да се чувствуваат. Знам дека не секогаш се има избор, но некогаш цената е прескапа.
 
Спомна корпоративен свет и тоа ти е одговорот на целата тема.

Целта на тој свет е максимален профит по што пониска цена, што се гледа од огромната фасцинација на секој CEO и газда од зборот вештачка интелигенција која ќе ја замени 50% од работната сила.

Е сега кажи како ќе нема burn out продавачката во супермаркет која постојано ја следат на камера и мора да оди од каса, да трчи до магацин, да реди роба, да чисти и дури да и се бројат секундите кои ги поминува во WC?

Да работи прекувремено, кое во реалност од 8 часа на папир таа поминува 9 и пол општо со тоа што ќе отиде и се врати од работа, па потоа почнуваат нејзините обврски да иде да пазари, термин до забар и ред други работи, па да си крати од сонот и да се очекува од истата утредента да е насмеана?

Не е проблемот врзан за самата работа или професија, туку условите каде се бара тој максимум.

Еден лифт кој може да носи 1500 kg, а го товараш да носи 1499,5 kg секој ден по 8 часа, колку време ќе му биде векот?
 
просто е ко грав така е затоа што ништо друго освен работата и позицијата не ги дефинира како личности,
еве како потврда за ова мое кажување можеш да провериш како се преставуваат ликовите од погоре опишаните од тебе ситуации, пр: жане од кадрово, павле од евн, трајче од телеком, јанко од општина, петко од полиција, болница...
тоа е за нив врвно достигнување и со не одењето на работа се губат сите можности да му завршат на некого "некоја работа" за која се платени а ќе ја престават како нешто вау со која те задолжуваат за век и веков а не дека они не можеле без ден да одат на работа - просто дома не ги ебе никој за живи а на работа се понашаат како тирани и се изживуваат врз сите кои можат (чест за ретки исклучоци).

п.с види дека никој не ебе за жив пензиониран или сменет: судија, инспектор, професор... и работите ќе бидат многу појасни.
 
просто е ко грав така е затоа што ништо друго освен работата и позицијата не ги дефинира како личности,
еве како потврда за ова мое кажување можеш да провериш како се преставуваат ликовите од погоре опишаните од тебе ситуации, пр: жане од кадрово, павле од евн, трајче од телеком, јанко од општина, петко од полиција, болница...
тоа е за нив врвно достигнување и со не одењето на работа се губат сите можности да му завршат на некого "некоја работа" за која се платени а ќе ја престават како нешто вау со која те задолжуваат за век и веков а не дека они не можеле без ден да одат на работа - просто дома не ги ебе никој за живи а на работа се понашаат како тирани и се изживуваат врз сите кои можат (чест за ретки исклучоци).

п.с види дека никој не ебе за жив пензиониран или сменет: судија, инспектор, професор... и работите ќе бидат многу појасни.
Тие со толку често повторување на таа рутина створиле навика на тој идентитет без да го сакаат.

Иначе пензионеран судија, испектор или професор е веќе: човек со стабилини примања и "господар свог времена" и го заболе к** дали ќе завршел работа, која по дифолт му следува на Трајко, Петко или Станко.
 
Во меѓународни корпорации сум на 10 години и сум забележал дека луѓето претежно сами си го прават. Што од мозок, што од некадарност, што од фактори сетингс од родители.
 
...работата и вложениот труд во неа е здравје за човекот, но лошо е чувството и незадоволството од неизвршена работа не по своја вина, затоа што секој кој го цени сопствениот труд сака и реализација и резултат од тој труд што на жалост неуспехот зависи од мрзливите колеги, од корупирана администрација, од партиски наредби...итн.

...јас сум зависник од работа, кога не работам значи сум нешто болна, имунитетот го надградувам и со работата која го држи телото активно и функционално.

,,Работата ќе го спаси човекот, а мрзата ќе го гаси"!
 
Како вие гледате на вашата работа?
Добар извор на пари. Можност да си ги подобрам вештините и со тоа подобро да котирам на пазарот.
Дали си ја сакате и зошто?
Не ја сакам. Напорно, стресно, грешките скапо се казнуваат а наградите тешко доаѓаат бидејќи имаме високи очекувања.
Дали имате работа од соништата и ако не, како би изгледала таа?
Работа од соништата е да работам на нешто мое, со мое темпо. Да работам кога ќе бидам инспириран, да одмарам кога ќе бидам уморен. За стварно да го постигнам тоа (да не треба да трчам по профит) ќе ми требаат уште едно 6-7 години во корпоративниот свет.
Дали работата ве дефинира и е нешто по кое ве препознаваат, наоѓате ли идентитет во тоа?
Лично не, ама гледам дека други така гледаат/препознаваат. Особено ако некој има повисока титула.
Гледате ли на тоа како кариера или станало кариера бидејќи сте заглавиле во нешто кое морало да го работите?
Кариера. Само со текот на времето ми се изгуби љубовта кон работата. Може ќе ми се врати кога ќе се тргнам од корпоративниот свет.
Сте морале ли да продолжите семеен бизнис и како го прифативтте тој предодреден живот?
Не прифатив и сум доста среќен заради тоа. Бизнисот е во изумирање, гранка која е се помалце потребна на фирмите кај нас (а и на Балканот).
Што би компромизирале ако треба да се прекфалификувате?
Помалце пари, помалце стрес. Би прифатил нешто што би ми овозможило да работам помалце, да поминувам повеќе време со семејството.
Ја носите ли работата дома?
Секако, дежурни 24/7.
 
Професионална деформација. Повеќегодишна работна рутина едноставно ти ја менува хемијата во мозокот. Тоа се пресликува во спојување на карактерот на личноста со работните обврски и чувство дека безделничи ако е без работни обврски кои бараат одговорност повеке од месец дена.

Можеби не е најдобриот пример имајќи во предвид дека кубуриме со ваков стручен кадар, ама кај нас лекарите работат и по годините за пензионирање, преку 70 години животен век. Нели еднаш лекар, до смрт лекар.

Ќе градиме болници а кој ќе работи во нив? Може само сисата Шпреса во шамија да ми лечи еректилна дисфункција на 68 години. За се друго ќе си умрам млад на 60ка.
 
Do 2030 ta i kje nema shto da se raboti, taka shto enjoy until you can
НЕ е точно. Во 2030 ќе се изградат фитнес сали за "хамстери" кои ќе вртат на тоа точаците и ќе бидат платени за тоа за да прават струја, за да може вештачката интелигенција да работи.

Нема леба без мотике!
 
Koga mi ispadna eden reel pred godina dena deka del od naseto Bruto i danoci sto gi plakame odat za Epstein Gejts Von der Layen i deka do 2030 AI robotite ke raborat i ke umrime od glad i gragjanska vojna , direktno sakam da si odam vo Berovo na vilata, me zabolelo za ovoj glup matrix, kapitalizam i slicni sranja, zaroben si i rabotis bidejki imas familija ali rabotis za kolku te plakat ni gram angaziranje pri rabotata. Najglupo nesto na svetot e da rabotis i da se poistovetivas so tvojata glupa funkcija ili profesija, koga mozes da patuvas istrazuvas, i pravis nesto sto ti sakas, ali mora da se raboti takiv e sistemot, i tie sto ziveat vo kombe se delumno izbegani od matrixot pak imaat dokumenti i se del od nego.
 
Колата ја оставив во Центар, си велам, ќе трчам и вечер покрај Кеј, но треба да се видиме со Милена, одамна се договараме да пиеме кафе, Милена се врати од Шведска и само викендов е тука. Паркирам, излегувам,слушам познат звук, A Tribe Called Quest грми од кафиќот, мојата омилена, се доближувам до оградата да видам, Милена ми ги затвора очите позади со двете раце, вели, погоди кој е, будалче,знам дека си ти, ја осетив грубата кожа и нежниот допир од твоите раце, ме потсети на младоста кога се држевме за рака и поминувавме покрај типот што сакаше да го откачиш, да види дека сме се фатиле, детски игри, тој не виде и побегна со брзи чекори во спротивен правец, се убивме од смеење, а после наздравувавме со Бамбус, ех моја пријателке со бенефиции, одамна не сме се виделе, се брзам, ми вели, оди земи нешто од кафиќот, земи едно кафе, сок и кисела вода, морам побргу да одам. Идам кон познатиот звук, гледам, двајца типови, wait the minute, истите оние што играа баскет синоќа,не е можно, умот си игра трикови со тебе,а што ќе помислат ако ме видат, дека си играм со базни станици, сум ги лоцирал, ми текна, на крај ќе поминам покрај нив и ќе им направам ментален Drive by со колата, како црнец од Харлем со отворени прозорци ќе поминам бавно и ќе го пуштам Notorious B.I.G за да се помочаат од страв, да ги ставам во дилема дали ќе извадам едно Узи и ќе ги изрешетам на лице место.Се вратив кај Милена, велам, како ти беше животот во Шведска, работата, вели, работев во маркет на каса, на смени, животот ми беше “кучи посао”, но работата е со луѓе, тотално ми го промени животот, си ја сакав работата, иако не беше платена толку, но едвам чекав да отидам зашто секој нов ден ми носеше нови предизвици,нови искушенија,па како, и велам, на работа одат само колку да заработат,немаш живот додека си на работа, едвам чекаш да помине времето и да дојдеш дома, да платиш сметки, да купиш доволно за да преживееш до наредниот месец. Во заблуда си пријателе, ми вели, на работа идев за да се запознавам со човечките души, да им пристапам со насмевка и позитивна енергија, да ја отворам мојата душа и моето срце и невербално да ги растопам нивните маски, нивниот егоцентризам и предрасуди за да ја отворам портата на нивните души и да запливаме во водите на потсвеста, да постигнеме интерфереција помеѓу двете души, конструктивна интерференција, кога бран со бран се спојува и амплитудата се зголемува, а во светлината создава шари од светли и темни линии или гласни и тивки места за звукот. Не тропај глупости Милена, ти си била една обична касиерка, донесоа машина и веднаш те заменија со вештачка интелигенција, луѓето сами ќе си пазарат, нема да имаат потреба од твојата насмевка, нема да имаат потреба од твоите патетични очекувања, зашто луѓето немаат време ни да те погледнат на касата, те помножуваат со нула, ти си им некоја што ги задржува непотребно, им одзема од нивното драгоцено време, зашто луѓето брзаат да одат, брзаат некаде да стигнат, и самите не знаат каде, па дури и тогаш кога ќе се сопнат, да ги запрашаш, нема да ти кажат каде е правецот понатаму. Милена ми вели, беше убаво додека траеше, остварував најголем промет, бев тотален workaholic и шефот беше презадоволен, колешките секогаш сакаа да работат во моја близина,сите се занесувавме во играта на досетки и хумор, stand up во живо, rap battle со времето кое престанува да постои, застанува во место и сите сме занесени во океанот од позитивна енергија, во секој миг и очекување на нова авантура со наредниот клиент што ќе дојде на касата, што ќе постигне интерференција со нас и ќе си ја отвори душата, и во занес ќе сака за миг да ни ја раскаже целата своја животна приказна, пример, еден човек со работничка униформа, ќе ни каже дека жена му е горе на Клиника и за да добие кревет и здравствена услуга, морал да ги потплатува докторите и сестрите со мито, па секогаш кога ќе оди да ја посети морал да нарачува пици на целиот персонал од ноќната смена, само затоа што е Албанец, научиле тие таму дека човекот дошол од некое гостиварско село и престојува неколку дена под кирија само да биде блиску до својата љубов, зашто таа му е најважна од се на светот, поважна од сите стада овци што ги оставил на милост на волците. Милена, тоа не е интерференција, имаш ли други примери, имам, вели, премногу, за човекот што отиде да види дали операцијата на неговиот син е успешна, скокнал од карпа додека биле на море и го повредил кичмениот столб, со нозете заринкал во песокот под водата, и не се знае дали ќе преживее, човекот си заплака на касата, јас му понудив марамче, а позади него нестрплив и намуртен медиокритет, облечен во елегантен костим со сјајни чевли, заслепен од сопствениот егоцентризам и брутален презир кон луѓето со работничка униформа, извика, ајде бе пријателе, немам време јас за твоите патетики, гледаш дека се брзам, не сум пуштил порака на паркингот, може ќе дојдат тоа барабите и ќе ми стават канџа, море отров да ти стават, му одговори човекот, си ги избриша солзите и ми рече, ти благодарам што ме сослуша девојко, имајте убав ден. Дали е тоа морбидно, Милена, зошто некој би си ја отворил душата и би ти го кажал сето тоа на каса, ти си работела на каса во маркет и твојата работа е едноставна.Немам време повеќе, морам да одам, порано работев во Агенција за недвижности, имам приказни и за таму, сега сум во канцеларија, убаво ми е, Шведска е неверојатна, мораш да дојдеш да ја посетиш, нели другарот твој е таму со близначките, сите избегаа од оваа посрана вукојебина, само ти остана, а ти како си, што правиш, гледам си се облекол како да спортуваш некаде. Мотивиран сум некако, и велам, морам да го симнам овој пивски стомак и да си најдам девојка, идам покрај Кеј, трчам, да не те задржувам, ми вели, имам многу да ти раскажувам, ќе се најдеме значи вака после многу години и времето како да застана за нас, ама еве го, за жал, поминува, а ние старееме полека, сепак ќе го задржиме детето во нас за да се обидеме барем за миг да го сопреме времето да остане онаму кајшто беше нашата шанса за интерференција. Милена, ништо не те разбрав, нема врска, баш ми е мило што се видовме, пријателке со бенефиции, се гледаме во друга прилика, одам да го вратам послужавникот со празните чаши во кафиќот.
 
Back
На врв Bottom