Работата го гнаси човекот, а мрзата го краси

  • Креатор на темата Креатор на темата wot
  • Време на започнување Време на започнување
Доста интересна тема. Ако работата навистина го гнасеше човекот, а мрзата го красеше, цивилизацијата немаше да мрдне подалеку од пештерите, ќе си резбавме камени плочи уште ден денеска. За среќа, некои биле доволно паметни и вредни за да создадат свет во кој денес комуницираме во реално време од различни краеви на планетата, седејќи во удобни и климатизирани простории.

Како вие гледате на вашата работа?
-
Како работа.
Дали си ја сакате и зошто?
-
Како и секоја работа, има добри и лоши денови. Не ја работам затоа што ми е страст, туку затоа што добро се совпаѓа со мојот скилсет и моите способности. Не би рекол дека ја сакам, ама дефинитвно не ја мразам.
Дали имате работа од соништата и ако не, како би изгледала таа?
-
Работата од соништата се вика Хоби. А за хобиња, од летање на дронови до гејминг.
Дали работата ве дефинира и е нешто по кое ве препознаваат, наоѓате ли идентитет во тоа?
-
После долго време градење кариера, би рекол да за двете прашања.
Гледате ли на тоа како кариера или станало кариера бидејќи сте заглавиле во нешто кое морало да го работите?
-
Кариерата ми одговара на мојот скилсет, така да природно ми дојде.
Сте морале ли да продолжите семеен бизнис и како го прифативтте тој предодреден живот?
-
Не
Што би компромизирале ако треба да се прекфалификувате?
-
Поголема заработка во споредба со другата струка. Во моментот, електроинженерите се подобро платени од ИТ професионалците.
Само издушете се на темава ако сакате и тоа ви помага да утре станете повторно и го повторите истото и истото и истото.
Ја носите ли работата дома?
-
24/7 365 :)


Една од најдобрите пораки кога станува збор за работа: Don't follow your passions, follow your opportunities.

 
Штелунг,
Тоа си тркалал цел живот и на стари години не чини да правиш финти.
Јас си работам свој бизнис, не отидов на пензија, оти на моја возраст е штетно да мењаш ритам. Има и стрес, ама кај без тоа?
Ако процесот ти прави ќејф, а не трчање по профит, многу е полесно.
 
Гледано наназад од почетокот на човештвото, токму мрзата ( или желбата помалку да се работи) е заслужно за цел развој на цивилизацијата.
 
Дали имате работа од соништата и ако не, како би изгледала таа?
-
Работата од соништата се вика Хоби. А за хобиња, од летање на дронови до гејминг.
За ова не можам да се сложам. Со оглед на тоа дека моите професионални квалификации и знаења не се универзални, туку се врзани за ова парче земја, предоминантно за нашето законодавство, ја имав работата од соништата. Од една страна работиш во струка, од друга страна се обидуваш да направиш општо добро. Така, стимулот не е насочен само кон континуирана капитализација, туку кон добра плата, плус дополнителен мотив со кој може да има поширок позитивен импакт.

Дефинитивно не секогаш е хоби, има многу обврски, многу рокови, многу административни процеси и процедури. Си тоа доаѓаат и нервозите и стресот и последиците од истите. Некогаш е одлично за адреналинска инекција, ама на долг рок те уморува. Пред се психички.

Немам чисто административна работа, парцијално ми е и теренска, ама предоминантно работните задачи ми се чисто административни. Работата ја сакав додека имаше одлична работна клима. Работна атмосфера или позитивната амбиенталност е клучна за меѓусебен макроменаџмент. Отворена комуникација и затворање и решавање на деловниот проблем во деловните простории. Шефот на тацна го добива готовиот производ само да удри потпис, заборава дека тој сектор и воошто постои.

При ист обем на работа, при променета внатрешна природа на работа, имав различен степен на психички умор. Дури размислувам и за деловен развод затоа што не се пронаоѓам во новата средина. Знаменитост на истата стана викање, карање и дерење, ставање сопки и неизвршување на работни задачи во знак на личен протест и револт поради неуспех на професионален план во форма на нереализирани унапредувања. И тимот се растури.

Со тек на време работните рутини стануваа досадни, неинтересни, потребен е нов предизвик, на исто поле во друга средина. Криво ми е тоа што службата ја средив, ја направив ефективна и ажурна. Пред да дојдам, сите работни процеси беа предоминантно интерни, речиси и да немаше надворешна комуникација, немаше навремено проследување на одговори, немаше тековно средување на поштата (завршувала во вреќи за смет, кои биле складирани во архивата), што е ужасно чување на архивски и документиран материјал. Ми требаа месеци да средам се, да воведам ред, да го имплементирам она кое сакав уште во моментот кога ја прифатив работата. Тука се работи за упорност, не за способност. Ова секој можел да го направи, само не сакал, немал интерес. Ниту волја и желба. Најлесно е со кафето во рака да се помине денот.

Од тоа дојдено е до метод на еден чекор, прием, заверка во архива, достава и одма, истиот ден, одговор. Така не можеш да промашиш рок(ови). Тоа е кога имаш тим, а кога имаш поединци гладни за моќ и полни со его, кои во пракса не се многу способни работници, не можеш да ја движиш локомотивата кога сите вагони ти кочат. Не можеш да ги натераш да работат. И работиш сам. :)

Дури и да ја сведеме работата на хоби, чисто како хипотеза, не знам, читање книги, гледање филмови и серии, спорт, решавање крстозбори, одржување на градина и растенија, гејмање, редење сложувалки...е мал круг во кој успеваат само малку луѓе. За дел треба да имаш алатка за себепромоција, социјални мрежи, публика на која ќе и бидеш интересен односно ќе пробудиш интерес на некој тим/екипа. Многу компоненти и аспекти на хоби(то) се и крајно непрофитабилни. Најчесто се покрива слободното време, не ти е план А за правење пари. Па и ретко кога ти е воопшто и план за правење нешто пари. :D И ова е од наш аспект, оние кои професионално се бават со спорт, можеби не го гледаат како хоби.
 
Си ја сакам максимално професијата. Уште од мали нозе знаев што сакав да бидам и немаше простор за ништо друго. Детски сон во буквална смисла на зборот. Е тоа што условите во државава ме натераа едно пет-шестнаесет пати да се покајам за тоа што сум одлучила да се занимавам со оваа професија е друга ствар. Сум се прашувала дали вреди целата таа жртва?

On the other hand, кога ќе слушнам позитивни коментари и благодарност од луѓето многу ми значи и ми го разубавува денот. И во тие моменти сфаќам дека најверојатно не постои ништо друго што би го работела подобро од тоа што го работам сега. Личната сатисфакција највеќе ми расте од зборовите благодарам, во право сте, ви верувам.

Сум имала денови кога повеќе сум била на работа отколку дома. Мислам дека ако не си психички подготвен да се носиш со тоа, тешко дека ќе бидеш успешен. Добар дел од животов го имам поминато над книга додека моите врсници лумпуваа, јас си одев порано од свадби и родендени зошто имав испити. Сум била party breaker многу пати, ама на крајот на краиштата, воопшто не сум човек што се откажува. Секогаш ги завршувам започнатите работи, no matter what. Ако имам зацртано во глава дека нешто треба да биде така, тогаш не постои ништо што може да ме спречи.

До пред некое време ја носев работата дома. Сега сум во период каде што уште учам, па можеби помалку ја носам од порано, ама таков тип на човек сум, и секогаш ги мислам сите 24/7. Туѓите грижи се дел од моето битие.
 
Колата ја оставив во Центар, си велам, ќе трчам и вечер покрај Кеј, но треба да се видиме со Милена, одамна се договараме да пиеме кафе, Милена се врати од Шведска и само викендов е тука. Паркирам, излегувам,слушам познат звук, A Tribe Called Quest грми од кафиќот, мојата омилена, се доближувам до оградата да видам, Милена ми ги затвора очите позади со двете раце, вели, погоди кој е, будалче,знам дека си ти, ја осетив грубата кожа и нежниот допир од твоите раце, ме потсети на младоста кога се држевме за рака и поминувавме покрај типот што сакаше да го откачиш, да види дека сме се фатиле, детски игри, тој не виде и побегна со брзи чекори во спротивен правец, се убивме од смеење, а после наздравувавме со Бамбус, ех моја пријателке со бенефиции, одамна не сме се виделе, се брзам, ми вели, оди земи нешто од кафиќот, земи едно кафе, сок и кисела вода, морам побргу да одам. Идам кон познатиот звук, гледам, двајца типови, wait the minute, истите оние што играа баскет синоќа,не е можно, умот си игра трикови со тебе,а што ќе помислат ако ме видат, дека си играм со базни станици, сум ги лоцирал, ми текна, на крај ќе поминам покрај нив и ќе им направам ментален Drive by со колата, како црнец од Харлем со отворени прозорци ќе поминам бавно и ќе го пуштам Notorious B.I.G за да се помочаат од страв, да ги ставам во дилема дали ќе извадам едно Узи и ќе ги изрешетам на лице место.Се вратив кај Милена, велам, како ти беше животот во Шведска, работата, вели, работев во маркет на каса, на смени, животот ми беше “кучи посао”, но работата е со луѓе, тотално ми го промени животот, си ја сакав работата, иако не беше платена толку, но едвам чекав да отидам зашто секој нов ден ми носеше нови предизвици,нови искушенија,па како, и велам, на работа одат само колку да заработат,немаш живот додека си на работа, едвам чекаш да помине времето и да дојдеш дома, да платиш сметки, да купиш доволно за да преживееш до наредниот месец. Во заблуда си пријателе, ми вели, на работа идев за да се запознавам со човечките души, да им пристапам со насмевка и позитивна енергија, да ја отворам мојата душа и моето срце и невербално да ги растопам нивните маски, нивниот егоцентризам и предрасуди за да ја отворам портата на нивните души и да запливаме во водите на потсвеста, да постигнеме интерфереција помеѓу двете души, конструктивна интерференција, кога бран со бран се спојува и амплитудата се зголемува, а во светлината создава шари од светли и темни линии или гласни и тивки места за звукот. Не тропај глупости Милена, ти си била една обична касиерка, донесоа машина и веднаш те заменија со вештачка интелигенција, луѓето сами ќе си пазарат, нема да имаат потреба од твојата насмевка, нема да имаат потреба од твоите патетични очекувања, зашто луѓето немаат време ни да те погледнат на касата, те помножуваат со нула, ти си им некоја што ги задржува непотребно, им одзема од нивното драгоцено време, зашто луѓето брзаат да одат, брзаат некаде да стигнат, и самите не знаат каде, па дури и тогаш кога ќе се сопнат, да ги запрашаш, нема да ти кажат каде е правецот понатаму. Милена ми вели, беше убаво додека траеше, остварував најголем промет, бев тотален workaholic и шефот беше презадоволен, колешките секогаш сакаа да работат во моја близина,сите се занесувавме во играта на досетки и хумор, stand up во живо, rap battle со времето кое престанува да постои, застанува во место и сите сме занесени во океанот од позитивна енергија, во секој миг и очекување на нова авантура со наредниот клиент што ќе дојде на касата, што ќе постигне интерференција со нас и ќе си ја отвори душата, и во занес ќе сака за миг да ни ја раскаже целата своја животна приказна, пример, еден човек со работничка униформа, ќе ни каже дека жена му е горе на Клиника и за да добие кревет и здравствена услуга, морал да ги потплатува докторите и сестрите со мито, па секогаш кога ќе оди да ја посети морал да нарачува пици на целиот персонал од ноќната смена, само затоа што е Албанец, научиле тие таму дека човекот дошол од некое гостиварско село и престојува неколку дена под кирија само да биде блиску до својата љубов, зашто таа му е најважна од се на светот, поважна од сите стада овци што ги оставил на милост на волците. Милена, тоа не е интерференција, имаш ли други примери, имам, вели, премногу, за човекот што отиде да види дали операцијата на неговиот син е успешна, скокнал од карпа додека биле на море и го повредил кичмениот столб, со нозете заринкал во песокот под водата, и не се знае дали ќе преживее, човекот си заплака на касата, јас му понудив марамче, а позади него нестрплив и намуртен медиокритет, облечен во елегантен костим со сјајни чевли, заслепен од сопствениот егоцентризам и брутален презир кон луѓето со работничка униформа, извика, ајде бе пријателе, немам време јас за твоите патетики, гледаш дека се брзам, не сум пуштил порака на паркингот, може ќе дојдат тоа барабите и ќе ми стават канџа, море отров да ти стават, му одговори човекот, си ги избриша солзите и ми рече, ти благодарам што ме сослуша девојко, имајте убав ден. Дали е тоа морбидно, Милена, зошто некој би си ја отворил душата и би ти го кажал сето тоа на каса, ти си работела на каса во маркет и твојата работа е едноставна.Немам време повеќе, морам да одам, порано работев во Агенција за недвижности, имам приказни и за таму, сега сум во канцеларија, убаво ми е, Шведска е неверојатна, мораш да дојдеш да ја посетиш, нели другарот твој е таму со близначките, сите избегаа од оваа посрана вукојебина, само ти остана, а ти како си, што правиш, гледам си се облекол како да спортуваш некаде. Мотивиран сум некако, и велам, морам да го симнам овој пивски стомак и да си најдам девојка, идам покрај Кеј, трчам, да не те задржувам, ми вели, имам многу да ти раскажувам, ќе се најдеме значи вака после многу години и времето како да застана за нас, ама еве го, за жал, поминува, а ние старееме полека, сепак ќе го задржиме детето во нас за да се обидеме барем за миг да го сопреме времето да остане онаму кајшто беше нашата шанса за интерференција. Милена, ништо не те разбрав, нема врска, баш ми е мило што се видовме, пријателке со бенефиции, се гледаме во друга прилика, одам да го вратам послужавникот со празните чаши во кафиќот.

IMG_9148.gif
 
Одамна имаше истражување во САД на илјадници испитаници од секакви можни професии и испадна дека околу 3% го работаат она што го сакаат а 97% се обидуваат да го засакаат тоа што мораат да го работат.
А тука е и пазарот на труд. Кои тоа професии и работни места се погодни за самореализирање како професионалец? Рудар? Зејоделец? Мотач на каблови во турбо економски зони? Конобарица? Текстилна работничка? Комунално? Државен стаорец?

Проблемите се во наметнатата перцепција дека мора човек да гаи високи амбиции, да се школува, усовршува, квалификува за да може да работи високо платена работа за која ќе добива некаква плата која ќе ја потроши на ултимативна глупост како луксузно возило или саат од 2000 евра. Зошто на тоа? Затоа што дома е странец, децата му се непознати и страшни, со жената се откажале од секс одавна, родбина, френдови за кои никогаш се нема време, све е посветено на кариерата, патува час и пол од и час и пол до канцеларијата.
Никој на тој човек не застанува да му објасни дека животот е еден и прилично ограничен во времетраење. Што на крај, дали некој пред умирање жали што не работел малку повеќе, што не се искачил малку повисоко во корпорацијата?

Премудриот, единствениот, неспоредливиот Едгар Алан По во својот поглед кон Арнхем даде четири услови за потполна среќа на човечкото битие, една од тие беше презирањето на амбициите.

Иначе Фајт Клаб се бави со оваа тематика, филмиште.
 
НЕ е точно. Во 2030 ќе се изградат фитнес сали за "хамстери" кои ќе вртат на тоа точаците и ќе бидат платени за тоа за да прават струја, за да може вештачката интелигенција да работи.

Нема леба без мотике!
Za toa ne znam, ali nuklearni centrali i te kako kje se izgradat

 
Тоа во ред, али што ќе правиш со едно 5 милијарди незапослена и неквалифицирана раја?
Тоа никој не знае. АИ компанииве имаат буквално одврзани раце и ветар во грб од државата поради фактот што и Кина го прави истото, тоа им е алиби. Државата да сакаше да превземе нешто ќе им воведеше регулативи уште од сега. Напротив ова што го гледаме во моментов се вика АИ трка и обичниот народ што им се потсмева на програмерите дека ќе си ја изгубат работата, ќе почне да ги осеќа бенефитите од ова за едно 5 до 7 години. Луѓето нема да бидат потребни и ќе бидат заменети, освен ако не земат да се побунат.


Несомнено е дека животот на луѓето во иднина ќе стане многу поквалитетен и полесен, ама за тие што ќе останат. Ќе стане многу позаебано пред да стане подобро.
 
prvo odgovori a sto za tebe pretstavuva rabotata??
za da vazi tvojata pogovorka ili treba da si aristokratija teshka ili propalitet tezok. nema sredina vo sprotivno ko nas obicnite smrtnice ke si se macime dodeka ne otideme vo penzija.
rabotata kako rabota e potrebna prvicno za egzistencija pa posle i za pridones i razvoj kako licen taka i vo opstestvoto preku prenesuvanje na zanenje i vestini ii pomosh na megjusebno na lugjeto.
na temava moze mnogu da se zbori Ama me mrzi :)
 
Back
На врв Bottom