Драга,
Да позбориме малку за тоа колку сме секси ние мажите, и како жените не не сакаат. Како може да не ме сака кога јас изгледам толку секси у адидас патичињата, адидас тренериците и дресот од Јуве или Италија (ги мењам, нема да идам у еден дрес нормално) со фалц рејбанот, дур седам пред кладилница, умно листам билтен, пушам винстон у кутија од Марлборо црвен и џвакам пластично лажиче от кафенцето што го нарачав пред 2-3 саата. Плус, коа ќе дојдат некои анонимуси, коа спориме нешто, јас покажувам психофизичка алфа мејл доминација со тоа што сум најгласен и највеќе пцујам. И над тоа можам да понудам удобен кревет во мојата детска соба за секс, само ќе мора малку да ќути дури се рокаме цуцата, ама барем не е у кола у парк или на водно. Зиам силна плата у администрација, но глупаците ме плаќаат за ништо да не праам, winning. Добро, повремено треба да слушам инструкции од штаб, да идам да веам знамиња и да викам ура или уа зависно како ми кажат, и чат пат да полепам плакати, ама само тоа. Стварно не ми е јасно зашто не сум посакуван, сигурно се лезбејки и спонзоруши (барем така вика мама).