Што ве натера да се иселите од Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Xibalba
  • Време на започнување Време на започнување

Што ве натера да се иселите од Македонија?

  • Вкупно гласачи
    208
Не се иселив од Македонија и немам никаква намера тоа да го направам, не затоа што мислам дека моментално Македонија е најдоброто место за живвење туку затоа што ме води друго размислување. Моето лично видување е дека секој интелигентен човек треба да создава, твори и работи во својата држава, со цел да ја направиме подобро место за живеење најпрво за нас, а потоа и за нашите деца.
Е сега тука доаѓа една животна ситуација со која се соочив предходниот период па сакам да ја споделам овде, бидејќи ме натера да се поколебам за тоа дали треба чарето да си го побарам по белиот свет...
Јас сум машински инженер по професија. Поради повисока плата напуштив компанија во која бев технички исполнет со целата слобода на машинското конструирање и заминав во ERI COORPORATION. Имено, овој коментар најмногу го пишувам бидејќи чувствувам дека е потребно да се направи реклама на фирмата ERI COORPORATION (Ери Цоорпоратион), со цел некој друг да не западне во такво секташко дувло како што западнав јас.
Е сега од место каде сум ја имал целата слобода на техничкото конструирање доаѓам во оддел инженерство раководено од рогов или нешто така-најголемата алапача која сум ја сретнал во мојот живот. Човек да се зачуди како е возможно не просечен, туку далеку потпросечно интелигентен човек да биде раководител на оддел инженерство. Можам со кило крв да гарантирам дека три равенки со три непознати ќе биде тежок мисловен процес за дотичниот. Како и да е целта на мојот коментар е доколку сте инженер кој сака да размислува со своја глава немојте да се продавате за денар повеќе при тоа жртвувајќи го потенцијалот кој го имате, квалитетот порано или подоцна ќе биде награден. Среќа што после 3-4 месеци видов колку е саатот па го напуштив секташкото дувло.

Не ја препорачувам за вработување оваа компанија ако знаете да решите систем од 3 равенки со 3 непознати. И нема да се иселам поради медиокритетот и потпросечноста која е многу многу широко распространета, како во оваа компанија и ќе се бориме против ова најголемо зло кое ги тера младите да го бараат чарето надвор од државата.
 
Дека не ја бива државава, не ја бива, тоа е факт непобитен.

Едни мочани автобуси нејќат да купат за град Скопје, пола странски инвестиции си одат или ќе си отидат во блиска иднина, а власта ја заболе оти испоскрадоа пари за себе, башка се задужија до гуша.
 
Само последниов викенд:
  • Госпоѓа заебала џип на сред бензинска, си наполнила гориво, и си пазари внатре, без да го помести возилото. Свири цела колона, ја нема 7-8 минути, излегува со полни раце намирници
  • Лик што најкултурно го прашавме за колку луѓе е чамчето на Свети Наум бидејки бевме со мали деца, и поголема група, ни одговори - E да бе, ја вас ли ке ве молам, има туристи колку сакаш.
  • Кај вториот кај што се качивме сите, целиот пат се жалеше како нема работа, како му даваат лоши локации.
  • На враќање од Свети Наум, стандард гужва пред влезот на градот, иде лик од позади со поглем скутер, и сака да вози меѓу двете ленти помеѓу коли што стојат. Се случува и јас, и дечкото до мене да сме поблиску до искпрекинатата линија, па мора да забави ликот и да не може да помине со 50km/h, и се слуша - Тргни се бе копук ниеден.
Не знам што е со народов,
 
А за културата, т.е. навиките на однесување нејќам ни да почнам да зборам.

Ете Охрид го спомна, којшто нема инфраструктура за толку туристи колку што идат и колку што и самите Охриѓани бараат.
Годинава рекоа ќе им го реновираат аеродромот, а башка веќе заборавениот историски автопат Охрид Кичево, што се гради подолго од Кеопсовата .:)
 
„Први во свет, втори во Европа“ еден бивш министер тропна на времето.
Na ovaa drzava i treba prava, vistinska, revolucija, ne sarena, tuku crno bela :)
Inace vaka ne ja biva rabotava. A i prethodnata "revolucija" imase zrtvi i toa od strana na togasnata vlast.
Ama ovde nikoj veke nisto ne spomnuva ili ne smee da spomne i samo teraat napred u kradenje i plackanje.

Se falat so asfaltirani patista, klupi, fontani i slicni raboti koisto na niv treba da im se sekojdnevna rutinska rabota.
 
Јас не се иселив пошто од мал сум наоѓал начин да заработувам пари. Прво беше преку игри, второ freelance, трето доаѓање во реалниот свет сакав нешто од себе да направам. Дур студирав имав 3 работи, онлајн на fiverr, една во магацин со скратено време и една исто преку интернет за компанија од Лондон. Така и првиот имот го купив. Од финансиски аспект дали овде ке работам или во странство математиката иста ми била.

Али со услуги здраство, документи, па и мајстори за да поправиш нешто. Хаос. Сваќам зошто луѓе се иселуваат а парите да не се мотив.
 
Мајсторите и лекарите и во странство се странци, така да...
 
Под директива на Лазар Колишевски е донесен закон за уништување на козарство во Македонија. Зошто? Никој не знае.

Така се развиваше СР Македонија, со никаква замисла од луѓе со 4то одделение
Какво четврто, учел во Битола во домот за сираци го викале Лазо Гулабаро.
Под директива на Лазар Колишевски се формирани и земјоделски задруги т.н. комбинати кои што придонеле за развој на земјоделството во Македонија и отвориле работни места за селското население во селата. Се ова веќе не постои, ама ти си запнал за козите, па козите. Оди нека ви даде Гујо субвенции за кози и купи кози, ама стварно не ко оној кодошот од ФК Вардар.
Автоматски споено мислење:

Што е толку смешно стварно не знам?
Да знаеше земјоделство ќе знаеше и дека приносот на млеко од коза е неспоредиво со млеко од крава или овца. Ниру пак е месото е јадливо како од теле или јагне.

Значи неисплатливо било козарство, оти поисплатливо е говедарство и овчарство.

Иначе Лазар Колишевски им киднал на фашистичките Бугари пред да го убијат и бил прв претседател на федеративнатс наша.
Тие комбинати се направено така што се национализирани сите ниви на поимотните луѓе (некој имале од 8 до 10 илјади хектари) и нивното производство го носеле низ Кралството Југославија во тоа време. Денес тоа се враќа на старите сопственици ама дел никогаш нема да биде вратено.

Козата е не фаќа рак, месото, млекото, сирењето се многу скапи, а тоа дека ги уништувале шумите е чиста лага. Една фамилија со 10 кози можела да заработи многу пари, а замисли имале по 100 и кусур.
 
Back
На врв Bottom