Не се иселив од Македонија и немам никаква намера тоа да го направам, не затоа што мислам дека моментално Македонија е најдоброто место за живвење туку затоа што ме води друго размислување. Моето лично видување е дека секој интелигентен човек треба да создава, твори и работи во својата држава, со цел да ја направиме подобро место за живеење најпрво за нас, а потоа и за нашите деца.
Е сега тука доаѓа една животна ситуација со која се соочив предходниот период па сакам да ја споделам овде, бидејќи ме натера да се поколебам за тоа дали треба чарето да си го побарам по белиот свет...
Јас сум машински инженер по професија. Поради повисока плата напуштив компанија во која бев технички исполнет со целата слобода на машинското конструирање и заминав во ERI COORPORATION. Имено, овој коментар најмногу го пишувам бидејќи чувствувам дека е потребно да се направи реклама на фирмата ERI COORPORATION (Ери Цоорпоратион), со цел некој друг да не западне во такво секташко дувло како што западнав јас.
Е сега од место каде сум ја имал целата слобода на техничкото конструирање доаѓам во оддел инженерство раководено од рогов или нешто така-најголемата алапача која сум ја сретнал во мојот живот. Човек да се зачуди како е возможно не просечен, туку далеку потпросечно интелигентен човек да биде раководител на оддел инженерство. Можам со кило крв да гарантирам дека три равенки со три непознати ќе биде тежок мисловен процес за дотичниот. Како и да е целта на мојот коментар е доколку сте инженер кој сака да размислува со своја глава немојте да се продавате за денар повеќе при тоа жртвувајќи го потенцијалот кој го имате, квалитетот порано или подоцна ќе биде награден. Среќа што после 3-4 месеци видов колку е саатот па го напуштив секташкото дувло.
Не ја препорачувам за вработување оваа компанија ако знаете да решите систем од 3 равенки со 3 непознати. И нема да се иселам поради медиокритетот и потпросечноста која е многу многу широко распространета, како во оваа компанија и ќе се бориме против ова најголемо зло кое ги тера младите да го бараат чарето надвор од државата.