Во Жито супа со поминат рок..
Океј, еден месец, ај не е страшно..
Ама не ме прај будала и не ми ја продавај по фулл набиена цена у уста да ви го истурам!
Секој што знае да работи со пари за мене е саглам. Ти што очекуваш? Дипломиран астрофизичар да трпи фрустрации од пензионер пред умирање? Никогаш не им замерувам за неучтивост на касиери/касиерки и пцуење би им простил на сета мака што ја трпат.
Dali e stvarno tolku tesko tie prodavacki da bidat ljubezni?
Vprocem, koga rabotat so luge, toa im e del od rabota.
Vsusnost da se bide ljubezen e domasno vospituvanje sho se uchi od 3 godini, tesko I bilo na prodavackata da ne opcue, za greovi...
Јас откако ќе ги купам, повеќе од недела во фрижидер не држам млеко отворено и јајца. Летно време дури и лебот го држам во фрижидер. Храна ретко чувам дури и од денес за утре.
Многу ми е страв од храната што се продава по маркетите. Пример, пилешки копани исклучуво од perutina ptuj земам. Виршли и сувомеснати работи од сомнително потекло никогаш не би пробала. Месо исклучиво од месара гледам, свежо.
Да не ги разочаруваме луѓето, ама Словенија едвај за себе покрива потреби од сопствено производство на пилешко месо.
А извезуваат некаде 30 илј тони. Истовремено, увезуваат од Полска, Украина, Бразил...
Што мислите, каде го извезуваат ова увозно пилешко?
Па подобро да купам перурина птуј, отколку слога ли коко да, или ватевр. Еднаш купив коко да, цел стан смрдеше ужасно. Еднаш и никогаш повеќе.
Инаку, се согласувам дека високата цена не значи автоматски совршенство, ама кај словенечките брендови барем знам дека важат строгите ЕУ протоколи за безбедност и контрола. Видовме во Македонија какви се протоколите за безбедност на храна и водата и колку институциите знаат да потфрлат. Затоа, кога веќе системот кај нас не ми нуди сигурност, подобро ќе си платам повеќе за производ од систем каде што има строги контроли, отколку да ризикувам со локални импровизации. Барем си плаќам за сопствен мир.
И Бразил.
Имаше пред 10тина години, голема афера за манипулација со пилешко месо од Бразил, поминат рок, менување датуми, така нешто...беа опфатени повеќе ЕУ држави, меѓу нив и Словенија.
Исто, пред 5-6 години, афера со салмонела во пилешко месо, во неколку ЕУ држави (и Словенија) истовремено се појави ..очигледно дека тоа месо има исто потекло.
Инаку, меѓу луѓето во таа бранша, одамна постои заебанцијата дека Словенија повеќе извезуваа "Словенско" пилешко, отколку што произведува
Така да, ако нешто е "Словенско", не значи дека навистина е Словенско.
Се спомна претходно за вино. Еве, и јас од прва рака знам за храна, произведена и пакувана во МК, испорачана во СЛО без етикети. (Понатаму пуштена во продажба со СЛО декларација)

Па добро, не можеш 100% да го следиш потеклото на намирниците. На крајот од денот сите ние се потпираме и на сопственото искуство и правиме компромис со она во што имаме повеќе доверба.
И јас и мојте купуваме од Перутина Птуј тие комбинација копан со наткопан што се пакувани . До сега сме немале никакви сериозни проблеми од типот на труење и да ни е нешто лошо.
Како што пиша и @Aceso не може 100% да следиш потекло, па и би додал квалитет и да знаеш стварно кое како се произведува и така натаму. Некој работи ги правиме со сопствено искуство наше каде гледаме дека имаме повеќе сигурност и доверба.
перутнина зависи каква тура ќе донесат. Некогаш носат дебели копанчиња кои имаат месо, некогаш повеќе мали внатре чкарт. Премиум цена за тие копани не вреди.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.