Брука во КАМ маркетите

  • Креатор на темата Креатор на темата pozdrav eden topol
  • Време на започнување Време на започнување
ФЕФО е проблемот... не се почитува доследно од старт.
А да бидам искрен, во многу случаи и вработените се криви! (да, ги разбирам, и колку работат, и колку ги плаќаат, и дека работат се од прием на роба, редење, каса, чистење... се ми е тоа јасно)

И на крај нема нив да ги окривам, оти пак рибата смрди од главата!
У Жито секоја недела нова продавачка гледам! (у истиот маркет!) што не е баш случај со останатите!
Значи им бегаат вработени, и за тие плати и услови никој саглам не им се нафаќа!

Мањак луѓе, преоптеретени со работа.. покрај нивните магацини, добиваат роба и од разни надворешни добавувачи, секој ден гледам комбиња и коли!
Сами у маркетот примаат роба, фактури, складирање, редење, продажба..
Епа не може две продавачки и шефица у смена сето тоа..!
 
Значи им бегаат вработени, и за тие плати и услови никој саглам не им се нафаќа!
Секој што знае да работи со пари за мене е саглам. Ти што очекуваш? Дипломиран астрофизичар да трпи фрустрации од пензионер пред умирање? Никогаш не им замерувам за неучтивост на касиери/касиерки и пцуење би им простил на сета мака што ја трпат.
 
И ова твоево држи вода...
Апсолутно ги почитувам и јас! Едни од ретките кои за короната работеа со народ, и немаше за нив ни карантини, ни седи дома зимај плата!
 
Не е толку тешко на каса да си. Седнуваш на смена и се забораваш. Времето лета за час.
А оти ти дудлаш у партија место да си седнеш на каса "да уживаш"?! :cautious:
 
Не е толку тешко на каса да си. Седнуваш на смена и се забораваш. Времето лета за час.
Се гледа дека немаш допир со реалниот живот. Тебе те сместувам во скоро умрените пензионери.
 
А оти ти дудлаш у партија место да си седнеш на каса "да уживаш"?! :cautious:

Не сум у партија. Имам работено како касиер едно време. Лесно е. Полесно него да се замараш како парва роба да редиш. У глобала не ми пријаше атмосферата работна и затоа баталив. Многу искомплексирани шефови има. Немам живци да се бавам со тоа више од пар месеци колку што бев.
 
Последно уредено:
Можеш да го следиш парва и да го корегираш неговиот очобол диалект
Него ем не го разбирам, ем не го знам дијалектот, за да го коригирам.

Другите, се надевам, може да научат нешто што не знаеле. И јас сум учел (и уште учам!) кога ме коригирале и сум многу благодарен за тоа.
 
Овие Spar како да не сакаат да им се продаваат производите што се Spar марка/со Spar лого на амбалажата.

Отвораат маркет во Куманово и на промотивниот леток на кој ете треба да привлечат луѓе нема ниеден од тие производи.
 
Ќе те привлечат со ниски цени на редовни производи што секогаш е случај при отворање нов маркет. Влезе ли, неизбежно е да не купиш нешто со нивна марка.
 
Ќе те привлечат со ниски цени на редовни производи што секогаш е случај при отворање нов маркет. Влезе ли, неизбежно е да не купиш нешто со нивна марка.
Aма барем да ти испрезентираат нешто од тоа што нудат нивна марка па со тоа додатно да те мотивираат да посакаш повеќе да го посетиш прв пат маркетот и купиш нешто.
 
Последно уредено:
Aма барем да ти испрезентираат нешто од тоа што нудат нивна марка па со тоа додатно да те мотивираат да посакаш повеќе да го посетиш прв пат маркетот и купиш нешто.
За тебе да те измотивира треба или нешто апла гага да даат или пиле цело за 99 денари.
 
SPAR ми е омилениот супермаркет, заедно со BILLA Plus.
Добро е снабден со висококвалитетни производи, а цените се разумни – дури и пониски отколку во некои други трговски ланци.Не го купувам нивниот бренд „S-Budget“ – тоа се евтини производи со непостојан квалитет, ги купуваат социјално загрозените лица и гастербаjтерите.
Пазарувам во SPAR Gourmet и INTERSPAR – имаат одлични оддели за месо, сувомеснати производи, салами и гурмански сирења.Не знам како е кај вас , бидејќи немате оригинален SPAR, но овде секоја недела има големи попусти од 25% до 50%, а секоја втора недела делат купони во форма на налепници од 25 %што можеш да ги залепиш на производ по сопствен избор – но не и на производите од линијата S-Budget.
SPAR6.jpg

Секоја недела комбинирам налепници и промоции за да купувам главно гурмански деликатеси – автентични италијански варени шунки, пршута, поркета, мортадела, шпански „хамон серано“,унгарски салами , француски сирења и врвни алкохолни пијалаци – по неверојатно смешно ниски цени.
SPAR.jpg

SPAR1.jpg

spar2.jpg
 
Back
На врв Bottom