Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Александар Исак е идеален играч за овој тим и за системот на Флик. Штета што нема шанси Ливерпул да го пуштат.
 
Александар Исак е идеален играч за овој тим и за системот на Флик. Штета што нема шанси Ливерпул да го пуштат.
Џабе фрлени пари ќе се 100м+, стаклен играч, цело време е повреден.
 
Џабе фрлени пари ќе се 100м+, стаклен играч, цело време е повреден.
Се менува тоа. И за Дембеле важеше истото додека беше кај нас, па еве го во ПСЖ златна топка освои пред некој месец.
 
Нашиве не биле заинтересирани за Лапорт, а и воопшто за дефанзивец, освен да се официализира Кансело. КАТАСТРОФА.

Исто, шпекулациите се дека наводно нема да се оди по секоја цена на напаѓач ако Атлетико не го пушти Алварез.
Гордон, Олмо и Рафиња би биле замена за Феран кој би бил прв напаѓач.

И на крај, после повредата на Де Јонг, добро ќе биде да се обидат да го донесат Горетцка на фри, плус секако си оди Касадо.

Добро би било да се донесат Алварез, Лапорт и Горецка, а да си заминат Араухо, Касадо и Руни, секако и Тер.
 
Ни за Горецка не биле заинтересирани, ни за стопер, ни за напаѓач ко шо тргнало, нека јадат гомна сите на чело со Деко. Колку глуп лик е овај, дури и тие од претходната управа беа мастермајнди во споредба со него.
 
Наводно поради бизарна причина, сеуште нема конечен договор за позајмицата на тер Штеген во Ајакс, иако уште од пред неколку недели имаше муабети дека е готова работа.
Имено, капитенот треба да ја зема истата плата што ја зема и во Барселона, со тоа што поголем дел од платата ќе му ја покрива Барселона, а помал дел Ајакс.
Проблемот настанува со тоа што Холандија имала за 4,5% поголем данок од Шпанија, па наводно тер Штеген побарал од Барселона да му ја доплатат таа разлика, како не би земал помалку плата.
Станува збор за околу 750,000евра разлика на 17 милиони бруто плата што ги зема годишно.

Не сум сигурен дека е ова точно, ама ако е, типичен Германец! :pos:
 
Back
На врв Bottom