Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Аууу каков распад на државата.:facepalm::facepalm:

Таман мислиш пеколот е тука, упорно наоѓаат начин како подолу да загребат. Резултат на криминалци курви партиски глувци и цела неспособна паразитска банда на власт.
 
Ужац во Гостивар. Со кој памет? Има ли некој нормален па и самите ја користат таа вода за пиење.
 
чудни луѓево, се бламираат непотребно. Нивната влада украде милиони од вториот столб без прашање, без потпис, согласност, било што согласно приватноста на средствата ама сега ќе ни објаснува што значи втор столб. Гачки
Уште полошо, никој од нив ден нема лежено затвор за овие кривични дела, конкретно за фондовите.

Sto se desava vo Gostivar i zasto, poveke od 1000 lugje otrueni, brojkite rastat, ima li nekoj od gradot da dolovi situacija, nekako mnogu malce se zbori za ova. Ili otkako ni go zemaa vozduhot, sea na red dojde i vodata u drzavava.
 
Им недостигало доволно количина на вода на локалното претпријатие за водовод, па некои паметни нашле да го решаваат проблемот со приклучување на цевка од Вардар ама така ја загадиле водата.
Сега ќе се зголеми продажбата на флаширана куповна вода по маркетите и дисконтите. Бизнис ќар за производителите на флаширана вода.
 
Им забраниле да ја користат водата и за перење алишта и садови.

Ама кој ги тркала. Ако не им чини имаат пар опции на располагање. Да протестираат, да емигрираат или да ја пеат заветна.

17245.jpg
 
Дај бе распуштете не. :facepalm::facepalm::facepalm: Па уште и зел снима холивудско видео. :facepalm:
 
Им забраниле да ја користат водата и за перење алишта и садови.

Ама кој ги тркала. Ако не им чини имаат пар опции на располагање. Да протестираат, да емигрираат или да ја пеат заветна.

Прегледај го приврзокот 482968

За жал ова е резултат на нивното протестирање. Пред две недели имало протести пред општина дека притисокот на водата е премногу слаб, и трустот на мозоци во општина Гостивар им го "појачале". Затоа и сега пробуваат да се вадат дека не се затруле луѓето од водата. Зошто градоначалникот, директорот на ЈП Водовод и надлежните инжинери треба сега да лежат едно 10-20 години затвор за ова.
Автоматски споено мислење:

Дај бе распуштете не. :facepalm::facepalm::facepalm: Па уште и зел снима холивудско видео. :facepalm:

Следен пат само нека не дава на некој партиски малоумник да му го прави банерот со АИ. Таа црквата на банерот е Св Сава од Белград. А Александар Македонски му има пет нозе. Али ќе му признаам, ако нешто Орце има. Тоа е неверојатен ПР. Груевски, Заев, Мицковски нема политичар во Македонија кој имал или има ПР како него. Ако земеш подетално да разгледаш на рака се бројат работите кои ги завршил а и тие се толку килаво завршени да не ни треба да се коментира.

Отворете го линкот од кај него, секоја објава во старт има минимум 100 позитивни коментари и илјада лајкови. И не е дека се ДПНЕ ботови зошто кај Мицко пола коментари му колнат фамилија до трето колено. Бети сегашната на Кисела Вода 90%, Карпош, Аеродром, Ѓорче Петров сегде е е исто. Не знам која агенција ја има најмено да му тера ПР, и не разбирам како тоа само он има негова индивидуална ПР агенција, али дечките си ја работат работата максимално.

Абе кај Теферич патот што го правеше пред избори го правел без целосна документација ене го на пола е распукан. Да му се десеше тоа на некој друг градоначалник ќе го распнеа на крст. Овдека сите се прават како да не гледаат. Навистина не разбирам на која основа типот има таков ПР и толкав грб. Не разбирам кој го бутка. За Тимчо е јасно, странците. Ама која е таа група што е толку моќна и толку има интерес ете баш Орце да го бутка на напред не знам.
 
Последно уредено:
Следен пат само нека не дава на некој партиски малоумник да му го прави банерот со АИ. Таа црквата на банерот е Св Сава од Белград. А Александар Македонски му има пет нозе. Али ќе му признаам, ако нешто Орце има. Тоа е неверојатен ПР. Груевски, Заев, Мицковски нема политичар во Македонија кој имал или има ПР како него.
Имаш линк за изледот од банерот? Благодарам...
 
Имаш линк за изледот од банерот? Благодарам...
Само од на Левица имам објавата, ме мрзи да барам на друго место. Иницијално го ставив али го тргнав после дека не сакам тука објави да шерувам.

1784386521641.png
 
Отворете го линкот од кај него, секоја објава во старт има минимум 100 позитивни коментари и илјада лајкови. И не е дека се ДПНЕ ботови зошто кај Мицко пола коментари му колнат фамилија до трето колено. Бети сегашната на Кисела Вода 90%, Карпош, Аеродром, Ѓорче Петров сегде е е исто. Не знам која агенција ја има најмено да му тера ПР, и не разбирам како тоа само он има негова индивидуална ПР агенција, али дечките си ја работат работата максимално.
Пиарот му пали кон бумери и пензионери!
И да, партиски ботови...
Плус друго е крадоначалник, друго е премер..
 
Пиарот му пали кон бумери и пензионери!
И да, партиски ботови...
Плус друго е крадоначалник, друго е премер..

Што не им пали на другите функционери ако е толку лесно. Еве отвори ги градоначалниците на Кисела Вода, Аеродром, Карпош, Прилеп, Битола, итн ... . Да ги има ботовите си штанцаат "шефе најголем ти е". Али пола коментари се директни навреди.

Сегашната градоначалничка на Кисела Вода, Бети работи исто како што работеше Орце. Ниту помалку ниту повеќе, чист континуитет. Земале со Александар Николовски да снимаат видео како успешно асфалтирале уличе пред куќи. Отвараш коментари, таму масакр. Нема позитивен коментар, ги ругаат од сите страни и за изглед и за тоа што се фалат што направиле, за апсолутно се. Бети е наследник на Орце, би требало и она да има пристап до истиот ПР зошто се од иста организација, ама ете нема. Ниту пак има некој друг во ДПНЕ од што имам видено.

Еве отвори ја објавава од Орце и види ги коментариве, не само што сите се позитивни туку и не изгледаат ботовски до одредена мера. Единствените кометнари со содржина која не е про-Орце се зошто не било на албански.

Еве чист пример, на Авалон газдата му вика браво во коментари дека претходно му било срамота кога се влагало во Скопје зошто имало само едно мало и гнсно знакче :pos:. На Мицко не му пишуваат вакви пораки. Јас разбирам и ботовство и умилкување, го имало секогаш ама зачудувачки ми е како само ете он некако има волку добар ПР во ДПНЕ и никој друг.

1784387691298.png

Да го направеше ова Коце, сега ќе имаше 300 објави како Коце "сељакот" ставил "сељачки банер".
Да го направеше ова Шилегов, сега ќе имаше 300 објави како се налокал ракија па си играл со AI ( што најверојатно ќе беше вистина)
Да го направеше ова Данела, сега ќе имаше 300 објави како наместо ѓубрето да го исчисти она банери си прави.

Сега Орце, молк освен од една страна.
 
Последно уредено:
Им недостигало доволно количина на вода на локалното претпријатие за водовод, па некои паметни нашле да го решаваат проблемот со приклучување на цевка од Вардар ама така ја загадиле водата.
Сега ќе се зголеми продажбата на флаширана куповна вода по маркетите и дисконтите. Бизнис ќар за производителите на флаширана вода.
Дел и Родни пред 20 години се збогатија (ама сепак се тие познати бизнисмени) продавајќи флаширана вода која ја полнеа од чешма, така да се е веќе испробано.

Ако не си ја гледал таа епизода мпжеш да ја погледнеш и се че бидне јасно.
 
Пиарот му пали кон бумери и пензионери!
И да, партиски ботови...
Плус друго е крадоначалник, друго е премер..

Да се биде градоначалник на Шкупими е аналогон на премиер на држава.

Шкупими е, според Законот за локална, третиран како „специјален„ случај во управувањето и затоа да се биде негов градоначалник не е исто како да се биде градоначаник на Облешево или Бач.

Градоначалничката функција на Шкупими е отскочна даска за некоја наредна и повисока политичка функција...како премиер, на пример.

Се зема примерот со Жак Ширак, кој повеќе мандати бил градоначалник на Париз а после и премиер на Франција.

Сличен случај е и Путин, кој од општински фунцкионер во Ст. Петербург, дотурка до премиер и престедател на РФ.
 
Back
На врв Bottom