СП 2026 во САД, Мексико и Канада - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Kumanovo88
  • Време на започнување Време на започнување

Која репрезентација ќе биде нов светски првак?

  • Аргентина

    Гласови: 0 0,0%
  • Шпанија

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    0
  • Гласањето е завршено на .
Џуџето некако многу мирен е во нокаут фазава, тешко на англичаните утре ако збесне..
 
До утре да играа не ом даваа гол. Очекував Франција да има проблеми кога ќе наиде на средина што знае да задржи топка и да смири темпо. Реално немаат таков играч во тпј дел од терен и цела игра им беше базирана на брзи напади преку крилата. Денес беа исклучени директно од штекот.

Ми направија ќејф Шпанците. Само еден примен гол до финале, секоја чест.
 
Никој не заслужи повеќе да освои од Шпанија, победија екипи како Уругвај, Португалија, Австрија, Белгија и Франција со еден примен гол!
Уругвај и Австрија ама јаките екипи што да ти кажувам. Со Белгија и Португалија се извадија во 90-тата минута (од нив едната благодарение на голманската грешка)
 
Уругвај и Австрија ама јаките екипи што да ти кажувам. Со Белгија и Португалија се извадија во 90-тата минута (од нив едната благодарение на голманската грешка)

Па кој беа јаките на оваа светско? Не играле Франција со јаки, не играла Аргентина со јаки, не играла Шпанија со јаки....Ова е светско, сите се јаки и секогаш одлучуваат нијанси. Затоа имаше изненадувања од типот на Норвешка, Швајцарија, затоа и Шпанија,Аргентина,Франција се мачеа на одредени натпревари. Умреа времињата каде од почеток се знаеше кој ќе игра финале, сега сите играат фудбал и секој на секого може да го победи.
 
“Кучкин син” од Верица Пандилоска да им била химна на Французите.
 
Право уживање за сите љубители на најубавата игра на светот беше да се гледа оваа Шпанија како држи лекција по фудбал на физички моќната Франција со еден куп тркачи во составот.

Уште една голема победа за спортскиот систем што со години се гради во Шпанија и кој повторно се докажува дека е убедливо најдобар во светот.

Пример за сите како една држава треба да постави здрави темели, да инвестира во младите категории и само трпеливо со работа да го надоградува тој систем.
Господинот Де ла Фуенте и екипата се само јаготка на шлагот.

За мене ова е на некој начин и победа на фудбалот, само уште една потврда дека фудбалската интелигенција, техниката и колективната игра сеуште се пресудни за успех на највисоко ниво.

Браво за Шпанија!
 
Капа доле на сите што ја предвидоа Шпанија. Буквално ги уништија денеска Французите.
Јас сеуште мислам дека Англија ќе земе поради Тухел и неговата тактичка маестралност. Но за нив прво треба со Аргентина да излезат на мегдан. Шпанија вака е фаворит со одличен ростер и супер тактичар.
Кажано беше од мене ехехееее!
 
Back
На врв Bottom