- Член од
- 13 април 2021
- Мислења
- 5.573
- Поени од реакции
- 16.886
Немам апсолутно ништо против разведени луѓе, секој си ја бара среќата и животот продолжува. Ама дружбите со некои од нив во периодот непосредно по разводот знаат да бидат крајно напорни, исцрпувачки и фрустрирачки.
И тука не зборам за онаа човечка улога на пријател, да сослушаш, да понудиш рамо за плачење, да дадеш утеха или совет. Тоа е нормално и океј ми е да сум тука за луѓето. Зборам за делот кај што преку ноќ ќе влезат во некоја фаза на втора младост и почнуваат да се однесуваат буквално како тинејџери.
Тоа форсирање излегувања по дискотеки, гужви и галами каде што не може ни збор да се слушне, тоа сликање коктели по пола час само за да се објави совршено стори на Инстаграм и да се докаже на светот и на бившиот дека живеат најубаво на свет. Луѓе, напорно е.
Излегувам за да се опуштам, да направам нормален, зрел муабет и да си поминам убаво, а не да бидам статист во нечиј форсиран проект за социјални мрежи и лечење комплекси. Разбирам дека секој се справува со болката и промените на свој начин, ама немам трпение, а ни нерви да глумам тинејџерка по клубови за да му олеснам на некој што одбива да порасне и да се соочи со реалноста. Капак на се, се појавуваат ултра досадни ликови кои што наместо да ги игнорираш, оваа им прави муабет, ги охрабрува и се понаша ко никогаш да не видела маж во животов. Сори, нот сори, ама по моите принципи тешко дека ќе излезиме уште еднаш.