ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
IMG_20260706_222239.jpg

...германски тенсер Александер Зверев 29 годишен, висок 198см, роден во Хамбург од родители екс руски тенисери по потекло од СССР кои имале уште еден син Миша, исто тенисер кој го вежбал таткото, а мајката како тренер го вежбала Саша т.е.Александар.

images (27).jpegimages (31).jpeg

...имал ќерка со првата жена, па се развел и сега бил со германска глумица 7 год постара од него, инаку Зверев со дијабет тип1за време на натпревар на Опен Франција сакал да аплицира инсулин и не му дозволиле, па имало незгодни ситуации тениската федерација, да на крај му било дозволено.

IMG_20260706_224926.jpg

...па сега како го гледам све мислам дека ќе му се слоши со ваква форца на играње, можеби негова висина му дава предност на терен за силни сервиси и удари, ама како пие вода од шише толку многу, не знам, може има мака!
 
Прегледај го приврзокот 481856

...германски тенсер Александер Зверев 29 годишен, висок 198см, роден во Хамбург од родители екс руски тенисери по потекло од СССР кои имале уште еден син Миша, исто тенисер кој го вежбал таткото, а мајката како тренер го вежбала Саша т.е.Александар.

Прегледај го приврзокот 481857Прегледај го приврзокот 481858

...имал ќерка со првата жена, па се развел и сега бил со германска глумица 7 год постара од него, инаку Зверев со дијабет тип1за време на натпревар на Опен Франција сакал да аплицира инсулин и не му дозволиле, па имало незгодни ситуации тениската федерација, да на крај му било дозволено.

Прегледај го приврзокот 481859

...па сега како го гледам све мислам дека ќе му се слоши со ваква форца на играње, можеби негова висина му дава предност на терен за силни сервиси и удари, ама како пие вода од шише толку многу, не знам, може има мака!
Бјонси, не му се секирај на Зверев, 10 години е вака, си тера он.
 
Grisho po ne znam koj pat u kariera ne potsekja zaso nikad ne stana golem igrac, ili barem nekoj sto seriozno moze da se stavi u muabetot za slem shampion
 
Каква надреална атлета е ова, на 39 години, најдолгиот меч во историјата на четврт финалињата на вимблдон, и пак Новак успева да добие тенисер кој е скоро 15 години помлад од него, и моментално 4ти на АТП листата. АО финале, тука полуфинале, надфакингреално.
Не смееше Новак да дозволи ова да оди во 5ти сет, крај на трети, и почеток на четврти тотална доминација имаше на терен како во неговите прајм денови, 2-0 во 4ти и сервираше каде не зема ниту еден поен, од осмех на фаца после пар пацерски грешки до 5ти сет и одење на многу тенок мраз ама тоа е.

Двајца победници има денес, он и Синер, да беше ова 2019 после ваква победа тоа ќе беше тоа, после вакви мечеви прајм Новак освајаше слемови како стока, сега ваквите мечеви оставаат белег кај него и освен некој брејнфарт кај Синер налик на РГ, не гледам како другачие би можел Новак таму да парира.

Али сеедно, најискрено, на 39 години без разлика дали ќе освои или не слем, пак ни ги дава најдобрите мечеви во една сезона, овој, полуфиналето со Синер на АО, финалето со Карлос, па и со Фонсека исто изигра добар меч, уште ни го доставува најквалитетното што овој спорт го нуди.

Не знам што друго да додадам, тотален спортски goat.
 
unc-still-got-it.gif
 
Фери, каква тениска приказна, од вајлд карта до полуфинале со Саша, надреално, на турнир кој е оддалечен 15 минути од неговото место на живеење.

Ѕверев после РГ се знаеше дека ќе игра со 1 тон самодоверба, доволно е да се спомне дека до сега во кариерата најдобар резултат тука на Саша беше 4та рунда, сега игра полуфинале и е огромен фаворит за финале против Фери. Фриц денес за жал си го сјеба коленото во прв сет и толку беше од него, истера до крај ама имаше проблеми со движењето, исто и Коболи нешто сјеба ама тоа не успеав да видам, знам плачеше во еден дел од вториот сет ако не се лажам.

Има шанса за бек ту бек слемови Саша ако продолжи со истото темпо, Синер има проблеми со рамото од тоа што можам да видам и од тоа што се пишува моментално, Новак веќе изигра еден маратонски меч, не знам колку се сјеба во прв сет ваљда не е сериозно тоа со левата нога и зглобот кога зема мто на 4-3 за него у прв сет, ама секако и да стигне до евентуално финале, ќе дојде многу поизморен од Саша.

Така да има шанси дефинитивно германецот нарочито што конечно ја сруши таа ментална блокада која и те како му беше товар низ кариерата и поради која сите превреме го отпишуваа, сега све му делува полесно и ете го, сезонава го има најдобриот резултат во неговата кариера тука што не е никаква случајност што истово се дешава баш откако освои конечно слем титула.
 
Фери прв пат го гледав лани на Вимблдон во мечот кога го елиминираше Попирин, тогаш носител и истиот тој Попирин кој пред само некој месец го имаше освоено Монтреал (2024). Фантастично играше тогаш, знаев дека треба да се следи детето. Ама заради пласманот на АТП не можеме многу да го гледаме, освен на Вимблдон каде играше со вајлд карта.

Но како и да играл лани, ова годинава е next level и вистинска бајка! Браво момче, секогаш стискам палци за тенисери како него!
 
Фери го гледав на тие 1-2 турнири пред Вимблдон, и беше многу исфорисран (спрема квоти) а некако не делуваше убедливо. Се мачеше со Буручага, и победи чисто на среќа, па после тоа нурна од послабиот Керундуло (кој е тапа на трева).

Стварно се чудам како дотурка на Вимболдон до 1/2 финале, што толку се има променето во неговата игра? Го гледаше некој?
 
Фери го гледав на тие 1-2 турнири пред Вимблдон, и беше многу исфорисран (спрема квоти) а некако не делуваше убедливо. Се мачеше со Буручага, и победи чисто на среќа, па после тоа нурна од послабиот Керундуло (кој е тапа на трева).

Стварно се чудам како дотурка на Вимболдон до 1/2 финале, што толку се има променето во неговата игра? Го гледаше некој?
Денес го гледав, ритернираше за нијанса подобро од Новак во финалето со Федерер кога ги спаси тие фамозни 2 меч топки. Не знам дали ќе успее нивото да го преслика и во следен меч, ама јак стап и 60 60 60 да изгуби кога Британците веќе имаат нов миленик после Мареј. Надреално се урла кога игра за Вимблдон стандарди.
 
Tрева, класика, тука најлесно се дешаваат изненадувања од слемовиве и вакви некои нетипични ситуации, ги исклучувам мастерсите кај што се игра у 3 добиени. Ко оној Баутиста Агут, јесда поредовен е на големата сцена овој ама па на трева догура до полуфинале ничим изазван, а имал свадба договрено со сите адети, мислел ќе испадне прва или втора рунда ко секад што биднуело, на крај откажа све играше полуфинале со Новак, а све е само не играч за оваа подлога.

Му се поклопија коцки со ждребот, прво коло испадна Шелтон од тој финецот, па му се отвори ждребот, па налета на Гришо у неговиот прајм каде го достави она што изглеа најдобро го знае, да чоукне кога најмалце се очекува, Коболи имаше големи проблеми, не знам што точно али реков дека плачеше така да нешто сериозно беше у прашање, не е ни битно, и еве го у полуфинале си изгура поштено, ама тука би требало и да застане и тоа да е тоа, Саша треба да има сериозни проблеми па да изгуби ко Синер што пропадна на РГ од тенисер кој до проблемите, го ништеше како сака на терен.

Једино нешто лошо за Саша е што до сега не наиде на тенисер што може да го тестира на оваа подлога ко што доликува, тоа знае да е голем проблем баш у финале да има таков, а ќе има без разлика дали Синер ќе е тука или Новак. Таков беше Гришо на таа страна, испадна, Фриц ради сервисот, ама ко што реков го еба коленото, полуфиналето исто, колку сака Фери нека праи чуда ама некој баг у универзумот треба да има за да помине и преку Ѕверев и неговата моментална форма.
 
тогаш носител и истиот тој Попирин кој пред само некој месец го имаше освоено Монтреал (2024)
Ова е невозможно затоа што Монтреал е после Вимблдон. :D
 
Ова е невозможно затоа што Монтреал е после Вимблдон. :D
Не знам дали беше Монтреал или Торонто - Canadian Open. Тој го освои 2024. Фери го победи на Вимблдон 2025. Не знаев дека 2024 е после 2025. :toe:

Ете, убаво си пишав, Монтреал било. 2025 не ни имаше Монтреал, во Торонто беше турнирот. Како бил после Вимблдон?
 
Back
На врв Bottom