Општи дискусии за ТВ серии

  • Креатор на темата Креатор на темата zlxlclvlbln
  • Време на започнување Време на започнување
Letter нека си оправат таму и се во една апликација да си внесуваме ќе биде идеално. Ќе ми фали TvTime. Многу добар интерфејс, селектираш што гледаш, што си прекинал, те известува при нова епизода, коментари, омилени карактери..
 
Уште ги внесувате?
Ама да го направеа можно пред да згасне TVTime, ќе беше супер.

Инаку на Serializd има многу багови. Дали е само до моментот со трансферот на многу нови членови или си имаат проблеми, не знам. И TVTime знаеше често да е багнат, ама сепак.
TVTime во конзолата покажуваше преоптовареност на серверите, еве дел од логот failed to load....status of 502 ( )
Понатаму dart ви кигит укажува на грешка исто.
Па ме интересира дали директно (не сум имал Serializd сметка за да пробам) од тв тиме ги префрлате на Serializd или прво ги симнуваш (zip, csv, json, бил што)?
И дали само платформата ви служи за исклучиво серии или и за филмови?

Ви се мешам, пробувам у живот да бидам некогаш корисен, иако вие како помлади мозоци, ви работат триста на саат па да не испаднам и дежурно сметало.
 
Последно уредено:

Пишав погоре - дел ги внесов како листа: тие што ми се во watchlist и тие што сум ги изгледал цели. Останатите - тие што сега ги гледам, што не ми се довршени или сум ги прекинал - рачно.
 
Ај вака guys: на Trakt функционира совршено import-от од TVTime. Само експортирајте ја вашата историја од TV Time, зачувајте го .rar фајлот, одете на Trakt, прикачете го и за помалку од 15 секунди ја имате цела историја, се што сте гледале.

Е сеа заебано е што интерфејсот на Trakt е малку чуден и ќе ни треба време да се навикнеме, ама и тоа ќе биде. Друго заебано е што на Trakt не можеш да им направиш rewatch на епизодите, ама и тоа се занемарува.

Ако сакате, на Serializd има опција па да се импортира од Trakt - можете многу лесно тоа да го направите и нема да имате никаков проблем.

Фала @Донев за советите! :love:
Автоматски споено мислење:

на Trakt не можеш да им направиш rewatch на епизодите
И тоа може, најдов како.
 
Последно уредено:
Злате колку се замараш за серииве, секоја ти чест за живците. :D

Ја не брзам, ќе си почекам Летербоксд да средат. Обично околу Нова Година пуштаат некоја новост, па очекувам и сега околу декември да средат и после само во еден цуг кликаш watched на сѐ што си гледал.
 
Се замарам и брзам за да средам додека ги има податоците од TVTime на тацна. Откако ќе го избришат, после ќе ми биде многу потешко.

Викаат: кој еднаш се изгорел со врело млеко, после ќе дува и на јогурт. Јас имав исто искуство некаде почетокот на 2010-тите кога умре Flixster и кога ми се избриша се што имав логирано таму. Затоа овојпат морам на време да преземам нешто. ;)
 
Јас иам тракт поврзано на Стремио, па коа глеам некоја епизода автоматски ми ја внесува. Веројатно најпаметно е таму да мигрирам со датата од TV Time.

Иако ова Serializd изгледа интересно.
 
Ја експортирав датата за секој случај, ама ме мрзи некако да мигрирам и ги пробувам сите други.
Кажете после некое време кај ќе остане форумот, мада ќе се надевам на летер или целосно ќе баталам.

И мене ми се допаѓаше твтајм, немаме уште таква култура да се преплаќаме на апликациите што ни се корисни и ни се допаѓаат во форма на поддршка, и затоа ќе ги губиме како што е примерот, но сепак, понекогаш и промените се добредојдени (особено ако Летер преземе). Ионака сме аутисти со броење епизоди, да не се потресуваме сега оти нешто ни нарушило и рутината на броење. :D
 
Сега за сега привремено решение е Trakt зашто кон него и од него најлесно се мигрира. Реков, малку е поинаков интерфејсот, чуден по малку, ама бргу се навикнува. Ако не бидне тоа со LB, Serializd мислам дека треба да ни биде последна опција.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Дали има некој предлог за серија од типот на Succession или Billions?
 
За мене the wire е убедливо најдобра политичка серија, иако главната тема не и е тоа. А и вајда ти е гледана. Таа и мед мен би ги препорачал.
 
@Lokvan , друга што ми текна во моментов а е многу слична на Succession и многу потценета серија (на форумов не се ни сеќавам некој да ја спомнал) е The Morning Show со Џенифер Анистон и Рис Видерспун. Да, во голема мера случувањата се околу утринската програма на еден фиктивен телевизиски канал, ама 99% серијата е корпоративна драма: борба за надмоќ, борба за главното седиште во утринската емисија, борба за уредник на емисијата, уредник на вестите, директор на телевизијата до на крај директор на целата корпорација. Директори, бордови, купување акции, merge-ање на телевизии... Има многу сплеткарење, подеми, падови, менувања на ликови и сл. Иако има woke моменти, особено во првата сезона каде приказната во позадина е центрирана врз поранешниот водител (Стив Карел) кој во екот на #MeToo движењето е обвинет за сексуално вознемирување на негови соработнички и заради тоа избркан од работа и на негова позиција е поставена жена, сепак тоа што се случува во преден план е далеку над сите вокерски глупости.

Јас уживам во таа серија. Со секое излегување на нова сезона едвај чекам да излезе нова епизода и ги гледам веднаш. Мислам дека е перфектна за тоа што го бараш.
 
Back
На врв Bottom