ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
1000028297.jpg

Овој во целост сака да се испита за да ја најде причината за колапсот што му се случува после играње малце подолг меч, а и играње на доста жешка температура. Не знам колкави му се шансите без минута изигран компетитивен меч за Вимблдон, мада ќе има некоја егзибиција недела пред слемот. Ако и Вимблдон не успее да го освои ,сезонава за Јаник иде во една друга насока, а пред само 3 недели мислевме тенисот ќе го комплетира.
 
Саша пак откажа физички и го изеде во 3 сета. Фриц печен играч за на трева. Треба да се припази на него на Вимблдон,исто и на Шелтон.
 
Конечно Фокина освои титула после 5.000 порази во финалињата. Квалитетен играч е, штета ќе беше да го снајде кариерата на Бенето.
 
Шаповалов - Карено Буста
Руд - Хуркач
Чилич - Медведев
Баутиста - Фонсека
Вавринка - Беретини
Фриц - Дрејпер
Кокинакис - Бублик

Се паднале доста мечеви со звучни имиња уште на почеток. Баш ме интересира како ќе се одвива мечот Фриц - Дрејпер. Колку брзо може британецот да се врати во форма после долго мачење.
 
Се паднале доста мечеви со звучни имиња уште на почеток. Баш ме интересира како ќе се одвива мечот Фриц - Дрејпер. Колку брзо може британецот да се врати во форма после долго мачење.
Тешко на 3 добиени Дрејпер, не е се уште спремен, едино некоја брза 3-0 победа што не ми се верува дека е способен да оствари против Фриц во моментов.

Руд ќе летне како партал, Фонсека би морал да добие, Агут иде во пензија, Кокинакис повеќе од 2 сета не може да издржи, е Царот против Медо треба да е интересен меч.
 
Не очекував дека Кецманович може до 5 сета , иако знаев дека Синер нема да доминира против било кој во првото коло.
Ќе биде боље и боље како иде турнирот , потенцијално 4 коло со Жодар дури тогаш може фрки пак. Само што Жодар е енигма на трева , па прашање и дали ќе стигне до таму.
Дрејпер откажал , нема за него спас како иде време. Премногу отсуствува, а и Мусети не е многу поарен.
 
Не очекував дека Кецманович може до 5 сета , иако знаев дека Синер нема да доминира против било кој во првото коло.
Ќе биде боље и боље како иде турнирот , потенцијално 4 коло со Жодар дури тогаш може фрки пак. Само што Жодар е енигма на трева , па прашање и дали ќе стигне до таму.
Дрејпер откажал , нема за него спас како иде време. Премногу отсуствува, а и Мусети не е многу поарен.


Би требало да биде за неколку денови пониска температурата во Лондон и тоа ќе биде плус за Синер бидејќи тој не поднесува најдобро горештини и жешко време.
 
Каква партија играат Бератини и Вавринка , браво
 
... бугарскиот тенисер Димитров почнал да се забавува со Марија Шарапова 2012 година, а јавно се пофалиле по отвореното првенство на Мадрид во 2013 година, каде што ја остварил својата прва победа против светскиот број 1 - Новак Ѓоковиќ.

... Шарапова и Димитров се разделиле во 2015 година и започнал дејт со американската пејачка Никол Шерцингер вокал на „Пусикет Долс“, која завршила во 2019 година, па продолжил во врска со бизнисменката Лолита Османова, претседателка на списанието „Лукси Интернешнл“, па потоа и со романската актерка Мадалина Генеа, а од 2025 година, Димитров е во врска со мексиканската актерка Еиза Гонзалез. :facepalm:

IMG_20260702_211913.jpg

...моментално игра со чешкиот тенисер Јакуб Менсик на Виблдон.

images (26).jpeg

...главни тренери на аргентинскиот тенисер Давид Налбандијан и англискиот стручњак Џејми Делгадо, не е тоа туку така бугарскиот тенисер сам да игра како демек природен талент, изгледа вложен труд и пари,

images (25).jpeg

... инаку денес живеел во Монако, хасциенда и Ламборџини и глумица покрај него, го боли патлак за друго, тенисот му го промени животот!
 
Последно уредено:
Back
На врв Bottom