ДК,
Како зимско дете навистина не го сакам летото, комарците настрана, не можам да спијам, се будам на секој час, било со пуштена клима или со отворен прозорец. Тоа ми се манифестира и на продуктивноста, ме прави доста понервозен. Но летото ми буди носталгични спомени од детството, од распустот, минат во игри, дружење и забава, првично по дома, а потоа и на улица.
Убаво е, покрај сите тие обврски кои го преокупираат најголемиот дел од времето, да се остави мал простор во кој детето ќе си биде дете. Се што треба е друштво и малку детска имагинација. Нашата формула за успех беше четири камења, една топка и неколку шишиња вода. Ако немавме шишиња со вода, трчаш до најблискиот двор кој има чешма, и секако, првата голтка беше најслатка.
Инаку, повторно се наоѓам на раскрсница, досега сум импресиониран, ќе продолжам да возам право. Луѓето во кои имам полна доверба е доста тесен, сепак, во животот, ненадејно ти се појавува странец кој ти го зема пенкалото од рака и започнува самиот да испишува страници во твојата животна книга.
До следно читање!