Тоа како ти го сметаш е небитно.
Дали сингл или дубп е небитно.
Факт е дека Китинов има играно (и победено) на Вимблдон главниот турнир.
Дали мажи сингл, дали жени сингл, дали дубл или мешано дубл - е небитно.
Kaааако бе небитно дали е сингл или дубл.




Ова ко Ацо Стојков да рече абе и ја имам играно за Интер, не само Пандев, е така звучиш у моментов, тоа е паралелата која ја влечете, зашто разликата е баш таква.
Не го негирам Китинов, само двеве работи се неспоредливи и тоа секој тениски писмен човек ќе ти го каже, разликата е црно со бело, ден и ноќ, а и тоа што си на иста бранова дужина со дотичнава на темава, треба да ти наложи нешто. Ова не значи дека фрлам кал врз Китинов, само посочувам како функционира спортов низ цела своја историја, ко во фудбал што не се замараш со втора и трета лига и случувањата таму, чисто да ти доловам на јазик што го разбираш.
Ова е УБЕДЛИВО најголем историски тениски успех на било кој професионален спортист од земјава што се занимавал со овој спорт на професионално ниво, ова е факт, а не мој став зашто сметам, ко и 99% од тениските фанови, дека дубл, и микс дубл е треторазредно небитно тениско натпреварување, статусот на сингл е Монт Еверест во овој спорт, статусот на дубл е зајчев рид, тоа е тениската реалност, а не мој личен став.
И на ова би додал, со оглед на нашата скромна спортска историја, ова е еден и од најголемите спортски успеси за земјава генерално гледано зашто Лина е првиот професионален тениски играч, небитно дали женска или машка конкуренција, што успева да биде дел од еден слем, цела историја на тенис у земјава, до сега 0 претставници во сингл конкуренција.
Скорот на Китинов иначе во сингл знаеш кој е? 0-2. 2 пати играл, и изгубил, толку, класичен дубл играч, не дека тоа е лошо, го правел она што он знаел најдобро да го прави, а сингл конкуренцијата дефакто е нешто каде он едноставно не припаѓал, капацитетот му бил тој и тоа е тоа.
И посебна тежина на овој нејзин неверојатен успех дава фактот што све ова го прави на 31 година , деликатен дел од кариерата на било кој тенисер, нарочито тенисерка што го има нејзиниот ранкинг и што доаѓа од земја која тотално курот ја боли за овој спорт, и месец дена после смртта на нејзиниот татко кој е главен фактор зашто она е професионален спортист.
Земјава за жал е тениски доста неписмена, не се замара државава со овој спорт и малкумина се свесни што всушност значи овој нејзин пласман на најеминентното тениско натпреварување. Турнир за кој најголемите тенисери и тенисерки во историјата на овој спорт ќе кажат дека е најпосебен, едноставно посебен статус има Вимблдон во овој спорт, и Лина, со свои 31 години, успеа да го скрши слем мразот токму тука!
Лина ќе игра со тенисерка која лани имаше 2 грен слем финалиња во 2025 година, тука и во Америка, и моментално е 6та у свет, не знам зашто повеќето се разочарани што немала среќа, ја па сакав ол ин да иде, на Сабаленка, и централен терен, искуство надреално за било кој тенисер од овие простори, да стапнеш на таков легендарен тревник и терен, ни во најлуди фантазии Лина не верувала во такво нешто, сега ќе мора на потешкиот начин до централниот терен.
Шансите и се генерално многу мали, ама после РГ сезонава каде исто квалификантка стигна до самото финале, имаме право да веруваме у чудо, нарочито што ова сега го сведочиме и богзнае кога пак.