Овој систем е преглуп и очигледно не фер. Некој ќе заврши прв и ќе добие третопласирана екипа, некој ќе добие второпласирана екипа. Во некој случаеви подобро да завршиш втор него ли прв.
Така сега Холандија кој е прв го добива второпласираниот Мароко. Додека некој што е втор пак ќе добие второпласирана екипа.
А зошто Холандија го добива Мароко? Нели Мароко игра исто против Холандија?
Не разбирам, и за третопласираните тогаш не е фер, за второпласираните не е фер. За првопласираните не е фер. За црнците не е фер, за сиромашните не е фер, за латиносите не е фер, за оние без виза не е фер...
Дајте бе малку гледајте и уживајте. Холандија ако се толку јаки, без проблем ќе го истресат Мароко, дали им се паднале Мароко или Австрија треба да им е исто.
Доста е со наративов дека само за фаворитите нешто не е фер. Ако по некоја случајност Бразил завршеа втори во група, ќе беше - леле леле лелеее на Холандија, Бразил им се паднаа... Еве Ј. Кореја се повлекоа од турнирот, рекоа штом не е фер вкрстувањето, подобро Ј. Африка нека игра...
Еве гледам, кој ќе пројде од Холандија-Мароко, налетува на Ј. Африка / Канада... и сега тоа фер ли е? Да има послаб противник во 1/8 - финале отколку во 1/16 финале?
Некои уште во групната фаза имаа среќа во ждрепката, па потоа некој друг ќе има среќа понатака и тоа е тоа.
Да немаше шешири во групите, ќе имаше шанси да се паднат во една група Холандија, Тунис, Курасао и Турција... и тогаш фер ќе беше нели за Холанѓаните?